Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Лука и малото топче Автор: Ивана Пепчек Новеска | 29.7.2020
Секоја мајка сака да го види своето дете како се храни со нејзиното млеко. Така се создава една нераскинлива и волшебна врска меѓу мајката и бебето.
Породена сум со царски рез. Син ми го видов после цели 7 часа. Исчекувањето ми изгледаше како вечност. Со самото наше запознавање, Лука се запозна и со цицањето. Како и многу деца веднаш реагираше и имаше чувство за цицање. Но, се растаживме кога забележавме дека мама нема млеко. Со секакви напори се трудев да имам млеко. Се хранев поинаку, користев разни стимуланси за поттикнување на млечните жлезди. Сите ме убедуваа дека млекото ќе дојде подоцна бидејќи имало хируршки зафат. Не губев надеж. После четвртиот ден напразно цицање на Лука, млекото малку надојде. Меѓутоа, Лука беше гладен. Се најдов на граница на очајот. Зошто не можам како секоја мајка да си го надојам бебето?Самото доаѓање дома беше и предизвик за нас. Се соочивме со пронаоѓање на компатибилна формула на вештачко млеко. Лука продолжив да го дојам, но и го дохранувам. Денес направивме 35 дена откако постоиме како мајка и син. Бидејќи подолго време е сит отколку гладен, минативе денови забележавме како доејќи го Лука си игра со брадавицата како да му е мало топче на работ од устата. Се гали, цицнува, си поигрува. Но, сепак мајчиното млеко не го дава. Откако се привикнавме на дохраната сега почесто се смееме. Дури и се шегуваме на тоа дека Лука ја има таа привилегија да има млеко на мама и млеко на тато, бидејќи тато е тој кој најчесто му го подготвува оброкот. Убаво е чувството да го гледате вашето најмило како е сито и напредува. Но, мене ми е убаво и кога го гледам како си игра со неговото мало топче знаејќи дека и така создава една врска меѓу нас. Без разлика дали го доите вашето бебе или не, не очајувајте, туку обидете се и тоа да биде еден ваш заеднички волшебен момент. Бидејќи тие ќе пораснат, а вие ќе бидете таа која треба тие моменти да им ги пренесе. Ти се допаѓа приказната? Кликни "Like" и додај свој коментар |
забава Бремените
Автор: bobik
Подлабоки разговори меѓу родителите
Во секојдневната бркотница меѓу работа, домашни обврски и грижа за дец...
Зошто да зборувате со други родители?
Родителството е патување полно со радости, но и со предизвици, кои чес...
Најдоброто млеко за време на бременоста
Бременоста е период кога секој оброк и пијалок стануваат дел од внимат...
Дали конфликтот значи дека семејството не функционира?
Многу родители и партнери се плашат од конфликтот. Често мислат дека с...
Во време кога деновите минуваат брзо, а обврските се редат една по дру...