Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Едноставни состојки комбинирани во прекрасен вкус
Изматете ги целите јајца со шеќер, додека шеќерот не се стопи, потоа додадете брашно, ставете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и испечете ја во рерна. Извадете го печениот ролат, внимателно одлепете ја хартијата и благо завиткајте го во ролат. Темен ролат: Изматете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и матете додека не се стопи, потоа полека додавајте една по една жолчка. Во дрвена лажица внимателно промешајте ги оревите измешани со брашно и прашок за печиво. Ставете ја смесата до подмачкан и со хартија обложен плех. Изпечете го ролатот, отстранете ја хартијата и внимателно завиткајте го во ролат. Додека се печат тестата, подгответе фил. Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и ставете ги на пареа. Кога филот ќе почне да се згуснува ставете го чоколадото искршено на коцки, маргарин и млеко, мешајте за се` да се соедини и тргнете го садот од оган. На крајот ставете две три капки рум и мелени ореви. Ролатите филовајте ги додека се млаки. Најпрво жолтото тесто обилно премачкајте го со џем од кајсии и завиткајте. Темното тесто премачкајте го со фил потоа на неговиот почеток ставете го завитканиот жолт ролат, кој ќе го завиткате во темниот ролат. Премачкајте го со танок слој џем од сливи и одозгора ставете чоколадна глазура.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 4
Kомплицираност: 4
За жолт ролат:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
џем од кајсии
За темен ролат:
7 белки
7 лажици шеќер
3 жолчки
10 лажици мелени ореви
3 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Фил:
4 жолчки
две кесички ванила
100 гр. чоколадо
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За чоколадна глазура:
50 гр. маргарин
1 дл. млеко
малку рум и 1 лажица мелени ореви
За глазура:
100 гр. чоколадо две лажици масло и 1 коцка маргарин
забава Бремените
Автор: bobik
Како да создадете семејни традиции?
Семејните традиции се мали, но значајни ритуали кои го поврзуваат семе...
Како децата да го засакаат зеленчукот?
Многу родители се соочуваат со истиот предизвик како да го натераат де...
Доењето е една од најубавите работи за поврзување, природен и прекрасе...
Пролетни алергии кај деца. Како да се справите?
Со доаѓањето на пролетта природата се буди, но за многу деца ова е и п...
Неколку интересни факти за спермата
Спермата е тема што често се поврзува исклучиво со плодноста, но зад н...