Пилешко во тесто
Автор:
Редакција Рингераја
Супер рецепт со пилешко месо
Подготовка
Пилешките коцки зачинете ги со сол и бибер и маринирајте ги со сенф. Во тава загреана на средна температура ставете го маслото да се загрее. На загреаното масло пржете го кромидот. кога ќе омекне, ставете ги шампињоните. Зачинете со сол, црвен пипер и бибер. Намалете го огнот на најмала температура и ставете ги коцките пилешко. Промешајте и кога пилепшкото ќе побели, ставете го виното и оставете да испари. Гответе околу 1 час, додека да омекне месото. По потреба, во текот на динстањето, додавајте малку вода. Кога пилешкото ќе биде готово, извадете го на чинија настрана. Првата кора лиснато тесто расукајте ја и од неа одвоете 4 кругови. На некој од круговите распоредете го филот. На краевите намачкајте со изматена белка или изматено јајце. Второто лиснато тесто расукајте го и од него исто така одвојте 4 идентични кругови. Секој наполнет круг со пилешко преклопете го со друг, празен круг. Двете теста убаво притиснете ги од страните за да не истече филот при печење. Од преостанатиот дел од тестото, направете форми и облици по ваша желба, со помош на нож. На крај, секое парче премачкајте го со жолчка. Готовите теста наредете ги во тавче за печење, намачкано со маргарин. Печете во рерна загреана на 220 целзиусови степени, околу 30 минути. Кога ќе бидат готови, направете мал отвор горе на секое тесто и во него полијте малку разматена кисела павлака.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 90
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав
300 гр пилешко филе, исечкано на коцки
1 главица кромид, ситноо исечкана
2 лажици масло
1 чаша бело вино
200 гр маринирани шампињони
сол, бибер, црвен пипер
ситно сечкан магдонос
2 пакување лиснато тесто
1 јајце и 1 жолчка
-
забава Бремените
Автор: bobik Опоравување по царски рез - чекор по чекор
Царскиот рез е хируршка интервенција, но и почеток на ново животно пог...
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Анкета
Jasy
Кое име да го избереме за нашето синче :)
Влатко (9%)
Даријан (23%)
Максим (16%)
Андреј (20%)
Давид (13%)
Лука (19%)
Број на сите гласови: 231
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

