Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Maca25
Еве како јас правам лазањи
Го рендам кромидот и морковот и заедно ги пржам. Откако ќе омекнат го додавам месото, го пржам ама не го оставам да потемни многу затоа што после треба и да се пече. Додавам доматен сос, сол и бибер и оставам да изврие. За тоа време го правам бешамелот. Се топи путер, се додава брашното, се меша додека не добие златна боја, па потоа со мешање се додава млекото. Тука треба да се пази да не се појават грутки, затоа мешајте со мешалка за јајца На крај се додава кашкавалот и се соли. Во едно подлабоко тавче на најдолниот ред се става бешамел. Потоа се редат лазањите, па врз нив сосот, па повторно бешамел. Така се додека не ви се потрошат состојките. Ако забележите дека ви е малце суво, изрендајте меѓу сосот и бешамелот свежа краставица (прекрасен вкус дава). На крај се завршува со сос и бешамел. Внимавајте сосот секогаш да ви е потечен за да омекнат лазањите. Одозгора се ренда кашкавал и се пече во претходно загреана рерна на 250 C половина час, па на 200 C уште 10-15 мин. И потоа се крка
Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 50
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
за сосот:
500 гр. мелено месо
1 главица кромид
1 морков
0,5 л доматен сос ( јас најчесто купувам томатело од 1 литар)
сол и бибер
бешамел:
неколку коцки путер
3-4 лажици (големи и полни) брашно
0,5 л млеко
рендан кашкавал
сол
1 кутија лазањи (оние кои не се варат претходно)
забава Бремените
Автор: bobik
Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...