vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Bon appetit!
Главицата кромид ситно ја сецкаме и ја пржиме во тава на оган со загреано масло. Откако кромидот ќе омекне, во тавата го додаваме меленото месо и промешуваме. Во тенџере на оган со растопен путер го додаваме брашното и мешаме со лажица. Мешајќи со лажица во тенџерето го додаваме млекото. Доматот го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата на оган. Зачинуваме со вегета, го додаваме ориганото, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Откако бешамелот ќе ја добие потребната густина, го додаваме во тавата со месото на оган и промешуваме. Корите ги сечеме на парчиња и ги разлистуваме. Дел од корите ставаме во намрсена тава. Врз корите со лажица ставаме од филот со меленото месо. Врз филот нанесуваме од доматниот сос. Врз сосот ги ставаме преостанатите кори. Врз корите го нанесуваме преостанатиот фил. Во тавата налеваме 100 мл. вода и ја протресуваме тавата. На ситно го рендаме кашкавалот. Изренданиот кашкавал го нанесуваме врз филот на тавата. Тавата ја ставаме во рерна и печеме 60-тина минути на температура од 200 степени. Потоа ги вадиме лазањите од рерната, ги оставаме да се оладат и послужуваме.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
• 150 грама Путер
• малку Оригано
• 500 милилитри Млеко
• 100 милилитри Масло
• 1 Кромид/а
• 200 грама Кашкавал
• 20 милилитри Доматен сок
• 100 грама Домат
• 300 грама Говедско
• 1 лажица/ци Дафинка
• 30 грама Брашно
• малку Сол
• 500 грама Тенки кори
• малку Црн пипер
забава Бремените
Автор: bobik
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...
Обезбедете си безбедна бременост
Бременоста е едно од најубавите, но и најодговорните животни искуства....
Како да го користите циклусот во ваша корист?
Менструалниот циклус не е важен само за репродуктивното здравје. Тој в...
Врската со бебето започнува уште во бременоста
Врската меѓу мајката, таткото и бебето не започнува со породувањето. Т...
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?