Ролат со пилешко месо и леб
Автор:
Редакција Рингераја
Рецепт кој мора да го пробате
Подготовка
Исечете ги пилешките гради на парчиња со дебелина од околу еден сантиметар. Убаво поминете ги во брашно, изматени јајца и презла. Парчињата пилешко месо испржете ги во врело масло додека да добијат златно-жолта боја. Багетот исечете го на три или четири еднакви делови, со големина на прженото пилешко. Од багетот извадете ја меката средина и внатре ставете ги парчињата пилешко кои сте ги замотале во моцарелата. Така подготвениот багет исечете го на парчиња широки околу 2,5 сантиметри. Преку лебот намачкајте сос од путер, магдонос, лук и пармезан. Замотајте ги парчињата багет во алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3
Состав
Пилешки гради
400 гр брашно
400 грпрезла
4 јајца
200 мл масло за пржење
1 голем багет
10-12 парчиња моцарела
65 гр растопен путер
3 чешниња лук
1 лажица сечкан магдонос
1 лажица пармезан
-
забава Бремените
Автор: bobik Анксиозност за време на ПМС и менструалниот циклус
Анксиозноста поврзана со предменструалниот синдром (ПМС) и самиот менс...
Габични инфекции во бременост. Што е безбедно?
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормо...
Нега на жената по породување (постпартален период)
Постпарталниот период трае приближно 6 недели по породувањето и е врем...
Татковци на игралиште - посебна категорија
На прв поглед, игралиштето изгледа како едноставен простор за детска и...
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Анкета
dragana_vane
dali vi se dopaga imeto Anika?
da (47%)
ne (53%)
Број на сите гласови: 119
Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!

