|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Тропско овошје
8.2.2010 21:29:31   
Матеа
ГРЕЈПФРУТ

Само половина грејпфрут ја обезбедува дневната потреба за витамин Ц, а исто така е добар извор на растителни влакна и витамин А.

Освежувачкиот, сочен сок на грејпфрутот има дополнителна вредност затоа што создава чувство на ситост, а за возврат има помалку калории. Помага во губењето на вишок килограми, а научниците сметаат дека ваквото дејство на грејпфрутот што е поврзано со неговото дејство, го намалува нивото на инсулин во крвта. Инсулинот се користи во метаболизмот на шеќерот. Колку повеќе шеќерот ефикасно се метаболизира, поголема е веројатноста да се складира како масна залиха во телото.

Грејпфрутот, особено црвениот може да помогне во намалување на холестеролот врз основа на новите студии.

Испитаниците ги поделиле во три групи ксј кои се применува диета со намален внес на маснотии и намален број на калории со што првата група дневно внесувала еден грејпфрут, втората внесувала еден жолт грејпфрут и третата била само на специјална диета.

Првата група која внесувала по еден грејпфрут има најголемо намалување на ЛДЛ холестеролот, намалување на нивото на триглицеридите во крвта, потоа следи групата која внесувала по еден жолт грејпфрут и третата оние кои биле само на специјална диета. Кај последниве две групи се забележале само промени на нивото на триглицеридите.

Црвениот грепфрут содржи повеќе антиоксиданси од обичниот грејфрут, па може и тоа да е причина за нивното поволно дејствување на триглицеридите. Препораката на овој истражувачки тим е луѓето што страдаат од високо ниво на холестерол во крвта, задолжително да внесуваат по еден грејпфрут дневно во исхраната.

Пред да се почне со консумирањето на грејпфрут, задолжително е консултација со лекар затоа што некои лекови се во интеракција со сокот од грејпфрут, како што се лековите за намалување на нивото на холестеролот во крвта, некои лекови за намалување на крвниот притисок, срцевиот ритам, антидепресиви и лекови против анксиозност.


СОК ОД ГРЕЈПФРУТ ЗА ПОДОБРО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА Q 10

Коензимот Q 10 му е потребен на организмот за производство на енергија, а е забележана и неговата превентивна функција во отстранувањето на ангина пекторис, срцев удар, и при зголемен притисок.

Q 10 има својство слично на витаминот Д, но за разлика од витамините, човечкиот организам може сам да го произведе. Неговото производство почнува да опаѓа по 40-тата година од животот, заради што е потребно да се суплементира.


Со оглед на тоа што за Q 10 - липофилан, односно за неговата ресорпција и искористување се потребни маснотии, по правило, потребно е да се земаат со јадење кое содржи масти.

Нова вест е дека е доволно да се консумира сок од грејпфрут за да се зголеми неговата искористеност, и тоа, двојно повеќе.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Тропско овошје
8.2.2010 21:35:00   
Матеа
МАНГО


Пред 4000 години мангото е откриено во Индија и до ден денес се смета за Индиско национално овошје, дури во некои обичаи му принесувале и жртви.
Мангото го смирува црвенилото и го зајакнува срцето. Му се препишува позитивност спрема сочувањето на мозочните ткива. Има и витамин Ц кој го зајакнува имуналниот систем и слузокожата. Со својот витамин А по парче, во потполност го задоволува организмот со овој витамин на младост и убавината.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Тропско овошје
11.2.2010 10:49:55   
Еца
Мартина јаде многу портокали, мандарини, грејпфрут и киви. Смокви и урми не сака ни да проба, а од останато и јас многу не јадам, па и не купуваме да ја нудиме, но според личните карти изобилуваат со корисни материи, па ќе треба да ја научам да јаде.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Тропско овошје
11.2.2010 10:58:26   
mami
портокали, грејпфрут и сл нема шанса да проба. Незнам зошто ама не сака. Јаде манго сушено, ананас и сушен и од конзерва, јаде урми, суво грозје, смоква уште не пробал...А лимонот го јаде како јаболкоuser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Тропско овошје
11.2.2010 11:03:00   
nadica
јаде банана, портокал, мандарина, киви од другото ни дома не го купуваме така да нема пробано user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Тропско овошје
11.2.2010 11:36:15   
STRUMFETA
user posted image MATEA za ubavite tekstovi.Mnogu korisni informacii.Sin mi seuste e mal,no mnogu saka ovosje i zelencuk i mu davam skoro se sto ima i normalno odgovara na negovata vozrast(9 meseci).Pred nekoj den mu dadov portokal  pretxodno izblendiran,kako kasicka, i si go izede celoto.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Тропско овошје
5.6.2011 19:45:16   
Snowhite RR
ММ сега брзо купи овошна салата тропско овошје во конзерва, не знам дали може да проба или е уште мал, како и да е Михаил не сакаше да проба

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот STRUMFETA)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Тропско овошје
5.6.2011 21:45:23   
mamamoni
и дадов малку авокадо на Софија, ми беше страв затоа што е мала, а и не може да се најди кај нас баш свежо сите ми се некако стоени, а банана обожава, има пробано и кива, но неможам убаво да ја исчистам и скоро сета ја фрлив

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 33
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?