|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Не можам да одам, носи ме во раце!
8.10.2014 20:15:23   
Палешка РР
Многу често го имам овој проблем кога излегувам со Миа - Не можам да одам, носи ме во раце...Ако тоа не и успее тогаш почнува - Ме боли стомакот,нозете не ме држат и ред други, за мене страшни работи.
И по логика на нештата јас ја земам во раце, а веќе е 20 кгр, не е мала.
Така беше и сега, бевме излезени и кога се враќавме почна да се витка дека ја боли стомакот, да седнува на земја и јас ја кренав. Ама буквално одвај ја поткренав...и ја носев во раце баш долго...Проплакав значи. Кога дојдовме дома и раце и нозе ми се тресеа и еве цел саат не можам да се стабилизирам...
Најлошо од се е што кога влеговме дома појќе ништо не ја болеше.
Значи глуми за Оскар и нашла добар начин да ме манипулира секојпат успешно.

user posted image

Дали имате ваков проблем и како се справувате?

< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 8.10.2014 20:16:19 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
8.10.2014 20:42:37   
sandriana RR
Имам ваков проблем со Тина - не многу често, но се случува. Особено ако сме тргнале пеш, па ќе и текне дека можела да оди со точак, а јас не се враќам назад по точакот-почнуваат драмите. Изговор - ме боли нога, ме стегаат патиките, ме боли глава и слично...user posted image
За справување - измислувам 300 работи за кои мислам дека ќе упалат- точакот е расипан, се спрема да врне - да побрзаме кај сме тргнале, ја заплашувам со "чоекот"(тоа е наместо баба Рога)-и така некако ми успева да доодиме user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
8.10.2014 21:16:49   
tincule
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Многу често го имам овој проблем кога излегувам со Миа - Не можам да одам, носи ме во раце...Ако тоа не и успее тогаш почнува - Ме боли стомакот,нозете не ме држат и ред други, за мене страшни работи.
И по логика на нештата јас ја земам во раце, а веќе е 20 кгр, не е мала.
Така беше и сега, бевме излезени и кога се враќавме почна да се витка дека ја боли стомакот, да седнува на земја и јас ја кренав. Ама буквално одвај ја поткренав...и ја носев во раце баш долго...Проплакав значи. Кога дојдовме дома и раце и нозе ми се тресеа и еве цел саат не можам да се стабилизирам...
Најлошо од се е што кога влеговме дома појќе ништо не ја болеше.
Значи глуми за Оскар и нашла добар начин да ме манипулира секојпат успешно.

user posted image

Дали имате ваков проблем и како се справувате?

А да пробаш да ја игнорираш кога веќе сте излезени сега ќе ти прави сцени на улица можда ама ќе свати со тек на време дека не е веќе бебе за у раце и дека сама треба да оди, плус дека не може со тебе да манипулира она си знае дека кад тад ќе попуштиш па затоа и тоа си го користи. Или од дома пред да тргнете објасни и дека сама треба да оди и дека така ако пак почне да кенка што се вика следниот пат ќе ја оставиш дома и сама ќе одиш. Сега не знам колку години има точно ама мораш да и објасниш убаво зошто не можеш веќе во раце да ја носиш и да и поставиш лимит, односно избор или ќе пешачи како и сите деца или ќе си седи дома. Звучи грубо ама пробај. Зашто децата знаат кога родителот попушта и тоа си го користат на секој можен начин па дури и сцените и плачењето им се дел од манипулација мала. Сега сама ќе процениш може некогаш стварно ќе и биде лошо или тешко ама ако е само поради тоа што ја мрзи не попуштај.

< Поракaта ја уредил tincule -- 8.10.2014 21:18:42 >

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
9.10.2014 22:27:19   
Snowhite RR
Порано како помал имав ваков проблем, само во раце бараше. И тоа кога излегувавме од дома не сакаше да ја земеме количката и по 5 минути бараше за в раце, или ќе ја земевме и пак не сакаше во количка и морав да го носам во раце и да ја туркам количката. Јас му заминував и го оставав и тргнуваше, не секогаш, некогаш се инаетеше се додека не го кренев, ама се договорав до некаде да го носам в раце и после да оди малку пешки и после пак да го кренам и така, значи ако се изморев немаше шанси да го кревам. Е сега не прави така, зашто сестра му е помала и обично сите заедно излегуваме и така се одвикна, ако некогаш сме само јас и тој, ќе речи дека се изморил ама сега е голем и не ми паѓа на памет да го кревам в раце. Сега едниствено го носам в раце до креветче кога си легнува, зашто тогаш нешто се лигави и на сабајле до кола, ама не секогаш

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
16.10.2014 8:39:15   
deluxe
Site deca ja imaat taa faza.Jas konkretno na kerka mi koga ke pobarase da ja krenam v race I kazuvav deka mama ja boli(raka,noga,stomak)ili ke i recev ajde,aide skoro stignavme,ajde da trckame I sl.ke zaboravese,ke pocnese da trcauser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
16.10.2014 8:46:43   
AneLav RR
И меме ни се случува ама јас не ги кревам. Ете на пример вчера ги шетав покрај Дрим и дали од пребрзо одење или не знам од што и синко и дада почна меше да ги боли, крени ме па крени ме и не сакаа да одат. Дада тргна , а тој и понатаму се инаетеше. Му реков седи нека те земе лошата Баба или Емил и Руфи (ѓубреџиите што метеа) нека те пикнат во камионот со каки. Се подзамисли малку и тргна по нас.Кај можам двајцата да ги носам морам некако да се снаоѓам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
16.10.2014 9:02:06   
Mihaela 2010
I nie bevme vakvi pred edno 6 meseci,faza e ke im pomine..na sekoe iskacanje,dva cekori napravila pocnuvase da place,kreni me,ne mozam da odam,me boli nogata,ova mi e toa mie, se vlece po ulica,i moras da ja krenes...i zborev deka e ko bebe i deka od sega kolickata ke i ja vratam vo upotreba ama ne palese ni toa..sirot mm kolku pati na ushka ko magare ja nosel ama sceni pravela na ulica sto da i pravis...
Sega vekje ne pravi taka, opraena e, ne pravi takvi problemi,taka da mislam deka im e faza i deka ke pomine..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Не можам да одам, носи ме во раце!
16.10.2014 11:26:19   
mamita83
Моето решение со ќерка ми за зимањето во раце трае подолго но со верба и почит во детето. Мислам дека договор пред да излезете во прошетка како припрема е прв чекор, нели ќе објасниш дека неможеш да носиш дете кое е доволно големо само да оди, дека ќе се замориш и доколку бара да ја носам во раце ќе ја вратам дома – ми вети дека нема да бара да ја зимам во раце и дека ќе биде умна, постигнавме договор; и доколку побара после некое време да ја носам бидејќи ја болат нозете и слично најпрво ја потсетувам на нашиот договор – а потоа предлагам да седнеме на клупа и да одмориме. Кога престанаа драмите за дигање во раце, после недела, две и кога навистина ќе ја видам дека се уморила, а сме пешачеле два часа, и нудам да ја носам само десетина чекори колку да ја изгушкам и да и го направам меракот (пр, до првото дрво па ќе ја спуштам) или ќе и кажам ајде да се тркаме. Само потсетувај ја на договорот и се ќе биде ок, ако не и се спие user posted image .

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 8
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

кое име да го изберам?
maci 13

кое име ????

ана (43%)

матеа (57%)


Број на сите гласови: 112

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!