ripce
|
Тиква против воспаление на бубрезите Семето од тиква е познато како извонредно средство против цревни паразити Првите податоци за тиквата ги забележал Колумбо во својот дневник од 3 декември 1492 година, каде што напишал дека на Куба се запознал со необично растение - тиква. Тиквата денес се одгледува во сите европски земји бидејќи луѓето многу бргу се запознале со нејзината лековитост. И кај нас се одгледуваат повеќе видови тиква. Кај најголемиот број сорти тиква меснатиот дел претставува 73 отсто, кората 17 отсто, а на семето од тиква отпаѓа околу 10 отсто. Во исхраната се користат меснатиот дел и семето од тиква. Меснатиот дел од тиквата содржи 92 отсто вода, 6 отсто јаглени хидрати, од кои 1 отсто растителни влакна, малку белковини и уште помалку масти, како и 830 милиграми корисни и искористливи минерални состојки. Поради високото присуство на вода и релативно малку енергетски состојки, енергетската вредност на тиквата изнесува само 30 килокалории (на 100 грама од меснатиот дел). Извор на минерали и витамини Тиквата содржи и витамини од Б-групата, витамин Ц и провитамин на витаминот А - бета-каротин (силен антиоксиданс). Од минералните состојки најмногу содржи калиум, потоа фосфор, калциум, железо и повеќе олигоелементи, од кои најмногу манган, кој е неопходен за оптимална функција на ензимскиот систем во организмот. За разлика од меснатиот дел, семките од тиквата содржат малку вода, односно 5 до 6 отсто, неспоредливо повеќе белковини (27 до 29 отсто), масти (36 до 47 отсто), јаглени хидрати (11 до 19 отсто). Затоа енергетската вредност на семките од тиква е 20 пати поголема во однос на меснатиот дел и изнесува 600 килокалории. Освен изобилство од минерални материи и витамини, семките од тиква содржат и лецитин, кој игра значајна улога во заштитата на организмот од артериосклероза и атеросклероза. Лецитинот влијае и на намалување на евентуално зголеменото ниво на холестеролот во крвта. Едно од главните лековити својства на месниот дел од тиквата ефикасното диуретично дејство - го подобрува излачувањето на урината. Затоа тиквата се препорачува во диетотерапијата кај ревматизам, гихт, воспаление на бубрезите и на мочните патишта. Таа влијае смирувачки при евентуално воспаление на тенкото црево и при појава на крвав измет. Во сите случаи тиквата може да се консумира варена, печена или да се пие свежо исцеден сок од неа. Ако тиквата се приготвува како компот и се консумира на празен желудник, корисно влијае против запек. На кој било начин приготвена тиквата ги ублажува и симптомите од псоријаза. Облози од свежо изрендана тиква може да се употребат при изгоретинки од прв степен. Семето од тиква е познато како извонредно средство против цревните паразити. Семето се употребува без надворешна целулозна лушпа, но од семката не смее да се отстрани сино-зелената ципа, бидејќи токму во неа главно се наоѓаат лековитите супстанции. Во последно време семките од тиква се користат како лек за лекување на хипертрофирана и воспалена простата. Штета е што кај нас тиквата се јаде сезонски, бидејќи прехранбената индустрија не е заинтересирана да ја конзервира. Порано на пазарите можеше да се најде тиква во прав. Составот на тиквата е скоро идентичен со составот на бананата. Затоа со право за тиквата можеме да кажеме дека претставува "македонска банана".
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
(Одговор на членот lilit)
|