|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Чување на децата
25.3.2011 10:03:08   
Maca25
А негователките што прават?!? Работа им е да се грижат за децата и децата да бидат задоволни.
Јас ви кажувам што имам видено во градинката каде што ја носам ќерка ми. Немам видено дете во креветче. Кое на земја си лази и игра, кое во дубаче си шетка, тие што одат веќе си трчкаат...
Па греота е да го оставиш по цел ден во креветче да плаче. И мене некој да ми рече денес цел ден да седам во кревет, ќе почнам да плачам. user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: Чување на децата
25.3.2011 10:15:34   
Snowhite RR
Маца25 погрешно си ме разбрала, значи не само темпреманетните, туку сите деца во јаслите ги ставаат во креветче, а јаслите се до 2 години, ова го знам заради тоа што свекрва ми работи во градинка и сум била таму, сум видела, не знам како е во другите градови, овде така е, затоа многу родители не ги носат пред 2 години, освен ако ептен мораат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: Чување на децата
25.3.2011 10:24:45   
denim
ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Сноувајт, имам само коментар за ова болдираново. Од каде тоа дека ги чуваат темпераментните деца во креветчиња?!? Или дека воопшто ги чуваат во креветчиња.




И јас имам таков податок, не само Snowhite, дека децата ги оставаат во креветчиња и тоа од негователка во градинка. Не разбрав точно само дали до 1,5 или до 2 години е така. Само на половина час ги ваделе од креветчето.


Kerka mi 4 i 1/2 god. odeshe vo gradinka, jas vrzano dete ne vidov. Bas naprotiv zenite navistina se trudat na site deca da im dadat podednakvo vnimanie. Vo jasli imase neguvatelki dve koi ako mozea site deca u skut bi gi drzele + med. sestra koja e celo vreme tamu i e navistina prekrasna. Jas malite gi zapisav vo istata gradinka, iako poblisku ima druga ama ne sakam da menuvam. A vrzani decata ne znam dali smeat da gi ostavaat.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: Чување на децата
25.3.2011 10:38:04   
danced
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

значи не само темпреманетните, туку сите деца во јаслите ги ставаат во креветче, а јаслите се до 2 години, ова го знам заради тоа што свекрва ми работи во градинка и сум била таму, сум видела, не знам како е во другите градови, овде така е, затоа многу родители не ги носат пред 2 години, освен ако ептен мораат


Да во јасли се до 2 години ама во креветче ги ставаат само дечината што не се пропаткани.
Јас моето дете почнав да го носам во градинка на 1 година само што прооде, и воопшто не го ставаја во креветче.

_____________________________

ништо на светот не е така совршено како жена од 35 години! Тоа е ремек дело на природата, тоа е она што на човекот му е најпотребно

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: Чување на децата
25.3.2011 10:48:49   
AnnaMolly RR
Немојте вака да ме плашите! Јас ќе го пуштам Филип во градинка следната недела, а има само 9 и пол месеци! Немам избор, немам кој да го чува по цел ден. А ме исплашивте со ова дека темпераментните деца седеле во креветче!
Филип не е темпераментен, туку темпераментен на квадрат и повеќе! Секунда не седи мирен.
Леле, се надевам дека Маца е во право зашто инаку ми е жал да си седи детето во креветче, ќе збесне.



_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот danced)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: Чување на децата
25.3.2011 13:52:14   
Slagjana
Ана Моли не се плаши, изгледа во Скопје е поинаку во градинките. 

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: Чување на децата
25.3.2011 13:53:18   
Viktori
Ниту во Карпош во градинкиве не ги ставаат во креветчиња.
И не верувам дека е така овде. Не знам поради која причина во Прилеп родителите ќутат, ама  мислам овде да се случува такво нешто сега бунт ќе дигнат родителите.
Изгледа никој не ги пријавувал никаде, сите си ќутат, па тоа глувците оро играат.
Овде прво директорот на градинката нема да дозволи, па после сите други.
Не се секирај АнаМоли, пројде времето кога децата беа државни. user posted image


< Поракaта ја уредил виктори -- 25.3.2011 13:55:40 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: Чување на децата
25.3.2011 14:38:42   
Maca25
Јас зборам од искуство, Нина е уште во јасли (голема јасли) и се цело време заедно со малите. Не сум видела бебенце во креветче. И ако сакате можете да му донесете дубаче за во градинка, гледам дека многу мајки им имаат донесено на бебенцата дубачиња. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: Чување на децата
25.3.2011 14:50:16   
fila
Ana moli dali tvoeto detence odi vo orce nikolov gradinkata  vo leptokarija

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: Чување на децата
25.3.2011 15:00:34   
Maca25
Како што знам, Филип на АНа Моли ќе оди во градинката кај кружен тек. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот fila)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: Чување на децата
25.3.2011 15:04:19   
Џесика
Исто и јас кога го однесов првиот ден во градинка, коа ја отвори вратата видов 2-3 дечиња во креветчиња и одма и реков „ваљда нема во креветче да го стаиш“, рече само „он е голем, таму се само бебињата“, е сеа воспитувачките нон стоп имаат во рака по едно бебче, најверојатно ги ротираат... не ми се допадна кога ги видов неколкуте бебиња во креветче,ама тоа е, непроодените изгледа се по креветчиња со играчки околу нив, овие поголемкиве трчаат низ занимална... и не ми се бендиса што беше во најмалата група јасли, Борјан беше најстар од сите дечиња таму... сега и се двоумам дали да го пуштам од Април пак...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот fila)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: Чување на децата
25.3.2011 21:00:03   
Snowhite RR
Ајде еве за да не ширам дезинформации, ќе ја прашам свеки вечерва како е што е, да ми опиши подетално, јас еднаш бев и колку што видов сите беа проодени, а си стоеа во креветчината и од таму развикувааuser posted image , е сега дали по цел ден се така или од време на време ги сметнуваат да си трчаат, да поиграат, ќе ја прашам вечерва, инфо утреuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: Чување на децата
26.3.2011 23:35:17   
Snowhite RR
Ја прашав свекрва ми и ми рече дека претежно биле в креветче, одвреме навреме ги пуштале и долу, имало играчки си играле, ама биле многу деца во групата и ако ги пуштеле сите, ќе требало да трчаат по нив, а за дубак не било дозволено да се носи, зашто ако една донесела и другите ќе сакале, а немало толку место. Инаку кога ја прашав, реакцијата беше: „Леле кога ќе не прашаат ова..“

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: Чување на децата
27.3.2011 1:22:42   
baby_bump
Еве ме и мене на оваа тема.
Скршена сум од тага и загриженост веќе неколку дена, откако од фирмата ми јавија дека ќе треба за еден месец да го скратам породилното од незнам кои XY причини, што значи моето бебе тогаш ќе има 7 месеци (1 пред породување и еден порано на работа) и веќе ме фати паника.
Моите многу тешко излегуваат на крај со ќерка ми, зашто нон стоп плаче, не сака никој друг да ја храни, облекува, што е логично зашто тоа јас еве веќе 5 месеци сама го правам без ничија помош и нормално се постави прашањето, градинка или жена?
После клипот што го гледав погоре, косата ми се крена на глава (онаа што е останата), а сега кога ви ги читам постовите за градинките, па болести од градинките.......................user posted image , ужасно ми е.
Ми се плаче, та ми се вика. Жената овде во мојот град ќе не чини околу 100 евра, но ајде па најди ја вистинската личност и пушти ја дома да ти брка по плакарите и да пуши пред детето (таква една се пријави, со “единствена“ маана - пушач). А во градинка по цел ден во креветче? како во затвор, леле ќе си умрам од мака....
Сега тргнувам овие 2 месеци во мисија запознавање на ќерка ми со баба и дедо, мораат да се опуштат и детето на нив да навикне, зашто другите 2 опции нема да можам да ги поднесам, градинката барем до 1 година.
Ќе мора вака зашто во спротивно јас и да тргнам на работа џабе ќе седам таму, по цел ден умот во детето ќе ми биде, подобро да се откажам од работата....леле кога ќе ми текне каква бев пред да се породам, кога велев дека по секоја цена ќе тргнам на работа после 4 месеци....не можам да се препознаам.....а да ми текна, станав мајка после дооолго време.
Мора малку хумор, срцето ќе ми препукне....

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: Чување на децата
27.3.2011 11:06:37   
Melinda
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ја прашав свекрва ми и ми рече дека претежно биле в креветче, одвреме навреме ги пуштале и долу, имало играчки си играле, ама биле многу деца во групата и ако ги пуштеле сите, ќе требало да трчаат по нив, а за дубак не било дозволено да се носи, зашто ако една донесела и другите ќе сакале, а немало толку место. Инаку кога ја прашав, реакцијата беше: „Леле кога ќе не прашаат ова..“


А дали во сите градинки во Прилеп е така или само кај свекрва ти?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: Чување на децата
27.3.2011 11:20:48   
skorpijana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila na mama

ИЗВОРНА ПОРАКА: mina_m

bidete vnimatelni so izborot na kogo mu go ostavate vaseto dete....


http://www.worldstarhiphop.com/videos/video.php?v=wshhpG0ATeuvzDz2e7SF



ovaa e luda pa toa e samo bebe user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: Чување на децата
27.3.2011 13:06:33   
vesna1
Mislam deka da go vidam ova  da mu go pravi na moeto dete bi zemala eden stap i jas bi ja ubila na lice mesto. Neznam sega me fati eden strav Marta mnogu place koga ke ja vidi bebistiterkata. Vaka pred mene e prekrasna zena i imam najdobro mislenje, no nikoj neznae sto se slucuva dodeka ne sum doma. ke razmislam za stavanje kamera.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: Чување на децата
27.3.2011 15:05:44   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

Еве ме и мене на оваа тема.
Скршена сум од тага и загриженост веќе неколку дена, откако од фирмата ми јавија дека ќе треба за еден месец да го скратам породилното од незнам кои XY причини, што значи моето бебе тогаш ќе има 7 месеци (1 пред породување и еден порано на работа) и веќе ме фати паника.
Моите многу тешко излегуваат на крај со ќерка ми, зашто нон стоп плаче, не сака никој друг да ја храни, облекува, што е логично зашто тоа јас еве веќе 5 месеци сама го правам без ничија помош и нормално се постави прашањето, градинка или жена?
После клипот што го гледав погоре, косата ми се крена на глава (онаа што е останата), а сега кога ви ги читам постовите за градинките, па болести од градинките.......................user posted image , ужасно ми е.
Ми се плаче, та ми се вика. Жената овде во мојот град ќе не чини околу 100 евра, но ајде па најди ја вистинската личност и пушти ја дома да ти брка по плакарите и да пуши пред детето (таква една се пријави, со “единствена“ маана - пушач). А во градинка по цел ден во креветче? како во затвор, леле ќе си умрам од мака....
Сега тргнувам овие 2 месеци во мисија запознавање на ќерка ми со баба и дедо, мораат да се опуштат и детето на нив да навикне, зашто другите 2 опции нема да можам да ги поднесам, градинката барем до 1 година.
Ќе мора вака зашто во спротивно јас и да тргнам на работа џабе ќе седам таму, по цел ден умот во детето ќе ми биде, подобро да се откажам од работата....леле кога ќе ми текне каква бев пред да се породам, кога велев дека по секоја цена ќе тргнам на работа после 4 месеци....не можам да се препознаам.....а да ми текна, станав мајка после дооолго време.
Мора малку хумор, срцето ќе ми препукне....


baby bump немој да се нервираш пред време, за еден месец многу работи ќе се сменат, децата менуваат и јас така пред да тргнам се нервирав, како ќе го чуваат бабите, па само со мене е навикнат, па не јадеше, па како ќе го ранат, јас по цел саат го ранам со играње со глупирање пред него, а тие како?? па како ќе го заспиаваат, само со цицање заспива и уште еден куп прашања. А кога почнав на работа и како да знаеше, почна убаво да си јаде, да си заспива во исто време и да си спија ако не е дома и ако не е со мене. Некако одеднаш се смени и се беше како што треба
Мало е за во градинка, носи го кај бабите, оставај го овој месец почесто со нив на саат два, пополека да се привикнува и кога ќе почнеш обавезно барај си пауза да си одиш дома на 1.30, ти следува законски
Ќе биде се, не се нервирај, искористи го овој месец со детето најдобро и најквалитетно што можеш
Среќно


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: Чување на децата
27.3.2011 15:06:57   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melinda

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Ја прашав свекрва ми и ми рече дека претежно биле в креветче, одвреме навреме ги пуштале и долу, имало играчки си играле, ама биле многу деца во групата и ако ги пуштеле сите, ќе требало да трчаат по нив, а за дубак не било дозволено да се носи, зашто ако една донесела и другите ќе сакале, а немало толку место. Инаку кога ја прашав, реакцијата беше: „Леле кога ќе не прашаат ова..“


А дали во сите градинки во Прилеп е така или само кај свекрва ти?



Па не знам дали во сите, ама претпоставувам затоа што сите градинки се всушност под иста директива, една директорка е на сите


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Melinda)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: Чување на децата
28.3.2011 13:39:34   
baby_bump
baby bump немој да се нервираш пред време, за еден месец многу работи ќе се сменат, децата менуваат и јас така пред да тргнам се нервирав, како ќе го чуваат бабите, па само со мене е навикнат, па не јадеше, па како ќе го ранат, јас по цел саат го ранам со играње со глупирање пред него, а тие како?? па како ќе го заспиаваат, само со цицање заспива и уште еден куп прашања. А кога почнав на работа и како да знаеше, почна убаво да си јаде, да си заспива во исто време и да си спија ако не е дома и ако не е со мене. Некако одеднаш се смени и се беше како што треба
Мало е за во градинка, носи го кај бабите, оставај го овој месец почесто со нив на саат два, пополека да се привикнува и кога ќе почнеш обавезно барај си пауза да си одиш дома на 1.30, ти следува законски
Ќе биде се, не се нервирај, искористи го овој месец со детето најдобро и најквалитетно што можеш
Среќно


Snowhite, фала ти на утешните зборови, многу ми значат, некако имам чувство дека никој од мојата околина не ме сфаќа како ми е.... пак почнав нон стоп да плачам, еве веќе не ја дојам, а хормоните пак ми се хаос?!!!
А сега откако дознав за оваа ситуација почнав да ја разгалувам, не ја оставам сама ни 1 минутка, и онака беше во раце, а сега ми е стално во раце, дури се научив и како млеко да и спремам со една рака....наместо да ја осамосталувам, јас одам во погрешен правец, поради грижа на совеста од неизбежноста на ситуацијата.
А за тоа 1 ипол час, знам дека фирмата тоа ќе ми го дозволи, така се договаравме пред да се породам, дури и кола ќе ми дадат да не давам пари за такси, ама јас размислувам наместо тоа да го правам на средината на раб. време, да се договорам да си одам час и половина порано од работа до една годинка, како што исто дозволува законот. Ќе пробаме па ќе видиме која солуција подобро ќе функционира.
Знам секое дете го поминува тој период и тоа е нешто што мора да направи, оти во спротивно сите мајки ќе биле домаќинки нели :), ама ми теба време да се привикнам.

Со мм се договоривме за да не биде толку висока цената за 8 часа, ако се одлучиме за жена, да бараме некоја за 6 часа, па 2 часа со баба и дедо, но жената со која се договаравме не сака 6 часа туку 8, оти и требале пари, а плус ќе ми чистела за таа цена???
Епа си велам јас чистачка не барам бре жено, барам бебиситерка, само со бебето да се занимава, да си игра, да ја нахрани, пресоблече, успие, паника ме фаќа, леле како ќе се погодиме.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: Чување на децата
28.3.2011 13:47:22   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

жената со која се договаравме не сака 6 часа туку 8, оти и требале пари, а плус ќе ми чистела за таа цена???
Епа си велам јас чистачка не барам бре жено, барам бебиситерка, само со бебето да се занимава, да си игра, да ја нахрани, пресоблече, успие, паника ме фаќа, леле како ќе се погодиме.



И јас кога барав жена велев само за детето, а таа се  нудеше да ми готви и да ми пегла, јас кога се запнав не, не, само Миа да ми ја гледа. Мајка ми ми се пулеше накриво, ама мене ништо не ми беше важно. И сега Миа си спие, таа си чита книга, а јас си пеглам куп алишта user posted image user posted image user posted image ама кој ми е крив user posted image

Затоа прифаќај се.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 121
   RE: Чување на децата
28.3.2011 13:57:21   
Maca25
Убаво вика Палешка, прифаќајте се, само за да ви остане на вас квалитетно време со детето дома, откако ќе се вратите од работа, а не да чистите, пеглате, готвите. Ако жената се нафаќа сето тоа да го прави додека детето спие, па зошто да не се искористи тоа. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 122
   RE: Чување на децата
28.3.2011 14:01:32   
big_mama817
епа убаво вика Палешка user posted image user posted image user posted image  се сложувам со неа и со Маца25 подобро кога ќе дојдеш дома рационално да го искориштиш времето со детето него со други обврски да се занимавашuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 123
   RE: Чување на децата
28.3.2011 14:07:56   
Maca25
Така е, кога жената сама се нуди да помогне околу домашните обврски, зошто да не.
И јас сум за тоа да му посвети а детето најголемо внимание, ама додека тоа е мало и спие по 2-3 саати на ден, зошто таа на пр. да не помогне малце.
Додуша има и жени кои не се нафаќаат на такво нешто, но има и мајки кои премногу бараат.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 124
   RE: Чување на децата
28.3.2011 14:17:37   
vesna1
I jas koga barav se dogovarav samo deteto, no mislam deka treba da bide covek. Stanuvam sabajle porano mijam tanjiri, ja pruzam masinata ako perela nokta da ne i ostavam nisto nejze osven deteto.
No bas nekna na Marta alistenca gi izvadiv da gi pruzam i gi zaboraviv(ne vlegov vo kupatilo) i koga dojdov vo 17 casot uste stoeja vo legenceto. Pa nema da se skrsela ako pruzi 10 alistenca na Marta. Nekoj pat takvi raboti me revoltiraat. Da ti e majka ili svekrva nema da se odnesuva taka.  No mnogu bilo malku ostanalo ke izdrzam do septemvri.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 125
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?