|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 13:46:42   
JovanaJ
Znaci bez razlika kolku sum zadovolna od uslugata, niv toa im e rabota. Bas i treba da bidam zadovolna! Zosto bi gi nagraduvala ili castela za toa? Zatoa sto bile ljubezni? Me pokrile koga mi bilo ladno??? Me tretirale covecki? Pa niv toa i im e rabotata! A ne isklucok sto go napravile za mene pa da gi castam. Eve jas ke kazam deka nikogas nisto ne nosam na doktori i sestri. Si ja zavrsile rabotata za koja se plateni i toa e toa.

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:12:04   
miana
Многу точно дека си ја работат работата и се платени за тоа исто како и ние нели..Арно ама сите сакаме да не наградат за нашиот труд нели? И секој денар + од платата ни е како добредојден..Сакаме и да ни подарат по нешто претпоставените за празници..И еве ако ви качат плата месецов,односно добиете бонус,вие како ке реагирате ? Ке речете ,не благодарам јас само си ја вршам мојата работа или пак ке бидете пресрекни и наредниот месец ке се трудите да бидете уште подобри во она што го работите за повторно да бидете наградени? Епа ете јас ке ја почастам неа зошто била фина со мене,а утре пак кога ти ке дојдеш таа ке биде уште пофина со тебе за и ти на истиот начин да изразиш благодарност..Истово го пишував и во темата за учителките во градинка..Јас од срце дарувам кога сум благодарна,мене ништо нема да ми значи ситниот подарок што ке го дадам а на нив ке им значи мнгоу бидејки ке знаат дека нивниот труд некој го приметил и цени. Е сега мојот аплауз горе кога го постирав текстот беше за министерот кој си знае како треба да работи ... Прочитав дека ке имаат и дрес кодови ,односно дека докотирте ке бидат во бел манитл,сестртите во светно син,болничарите во светно цив а техничарите со бордо..Е ова исто ме радува зошто ке ззнам на кого како да се обратам .А вака незгодно ми беше кога ке дојде некоју со бел мантил а сакам да прашам нешто и незнам дали на сооодветно лице ке поставам прашање и на сите им се обраќав до докторе ...user posted image

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:18:49   
Mihaela 2010
Miana edno e tebe rabotodavecot da te nagradi a drugo e strankite da te castat po nivna volja zaradi tvojata ljubeznost ...
Kaj mene periodov frcat nagradi,jas vo mojava kariera samo ednas bev nagradena i tolku,i mislam nikad vise zosto ne ni se pogodi sefot
A rabotam so stranki i moram da bidam fina i ljubezna zosto nikogas ne znaes na kakvi luge ke naides,momentalno pokraj nagradite frcat nenormalno i kazni pa sega ne si ja vrsi rabotata kako sto treba pa ke te roknat so po 30% edno tri meseci...

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:22:27   
rina13
Прво едно е  претпоставениот да те почести а друго клиентот. Тие доктори идат и по семинари и триста чуда и врагови кои им се платени и истите тие добиваат процент од фармацевтските куќи за препорака на нивните лекови. Впрочем и сте виделе во секоја ординација флаерчиња па ви нудат лекариве секој пат нешто многу добро врвно што не е како другите лекови. Второ заради тоа е и самиот систем плаќање по учинок и оние кои најдобро работат се и наградени.
Трето се додека ќе се најде некој да им дава се до тогаш работава нема да се оправи. Зошто? Затоа што преминува во навика да секој лекар ќе си ја одработи својата работа само ако има награда.
Не треба да биде човечен затоа што ти си му дала ешто тоа е лекарска етика тоа треба да им биде секојдневие а не исклучок. Ако јас не му дадам 100г кафе значи ли дека треба да бидам третирана како куче?!Треба ли да го купувам неговиот однос?! Многу погрешна перцепција за професијата лекар затоа и работава отишла дотаму затоа и луѓето умираат како стоки затоа што некој ги научил на частенки за да господата мрднат со малиот прст.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:22:51   
dostickage
Vo red za unifirmiranosta , konecno se setija. Togas kje znae covek komu mu se obrakja.
Za castenje sum pisuvala i na drugi temi, ne sum za. Ako mi pokacat plata nema sigurno da bide zasto sum bila fina tuku zatoa sto sum ja zasluzila so rabota i tolku.
Ako jas podmackuvam na site strani kade mi e esapot, kje si odam na privatno i kraj.

Istovo go slusam i za ucitelkite vo gradinka, se davalo ekstra cash za malce od mace da go tretira deteto kako covek, ama ajde . Pa jas ako ja keshiram kje si idam na privatna gradinka kade barem transferot e legalen.

Sekoj so svojot izbor i nacin na razmisluvanje. Mene bi mi bilo krajno degradiracki i ponizuvacki da mi poddade nekoj nesto vo dzeb, ne sum ni prosjak ni pitac si imam rabota za koja sum platena.
Fala Bogu ne rabotam takva rabota povrzana so stranki, ama da mi se moze toj nekoj sto podmituva rado bi go istretirala najloso od site drugi za da mu tekne deka taka ne se raboti.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:35:14   
masa
Во право се повеќево постови што ги читнав набрзинка дека на докторите тоа им е работа,но некако кога си одиш здрав и жив ти иде да почастиш се живо и диво.Мислам дека повеќето од таа побуда и честат.Да не се подречам,фала богу,не сум имала многу прилика да одам по болници,но иако се породив во приватна болница сопругот му однесе виски на докторот,од кеиф.Не е во ред ако некој бара нешто пред да ја заврши работата или да се појави воопшто,тоа е веќе мито,ама ако од кеиф ти дошло да почестиш не гледам нешто спорно,без разлика дали е доктор или сестра во прашање или некоја друга професија.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 14:44:58   
JovanaJ

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Многу точно дека си ја работат работата и се платени за тоа исто како и ние нели..Арно ама сите сакаме да не наградат за нашиот труд нели? И секој денар + од платата ни е како добредојден..Сакаме и да ни подарат по нешто претпоставените за празници..И еве ако ви качат плата месецов,односно добиете бонус,вие како ке реагирате ? Ке речете ,не благодарам јас само си ја вршам мојата работа или пак ке бидете пресрекни и наредниот месец ке се трудите да бидете уште подобри во она што го работите за повторно да бидете наградени? Епа ете јас ке ја почастам неа зошто била фина со мене,а утре пак кога ти ке дојдеш таа ке биде уште пофина со тебе за и ти на истиот начин да изразиш благодарност..Истово го пишував и во темата за учителките во градинка..Јас од срце дарувам кога сум благодарна,мене ништо нема да ми значи ситниот подарок што ке го дадам а на нив ке им значи мнгоу бидејки ке знаат дека нивниот труд некој го приметил и цени. Е сега мојот аплауз горе кога го постирав текстот беше за министерот кој си знае како треба да работи ... Прочитав дека ке имаат и дрес кодови ,односно дека докотирте ке бидат во бел манитл,сестртите во светно син,болничарите во светно цив а техничарите со бордо..Е ова исто ме радува зошто ке ззнам на кого како да се обратам .А вака незгодно ми беше кога ке дојде некоју со бел мантил а сакам да прашам нешто и незнам дали на сооодветно лице ке поставам прашање и на сите им се обраќав до докторе ...user posted image



Znaci prvo da razgranicime, edno e mojot pretpostaven da mi pokaci plata a sosema drugo e nekoj od moite klienti da me pocasti zatoa sto sum rabotela. Prvoto e sosema vo red, vtoroto voopsto ne e.

Vtoro, zosto da potkupuvam nekogo za da bide pofin so mene nareden pat? pa toa im e rabota, da bidat sekogas fini a ne samo koga ke gi casti nekoj. Ne smetam deka e izrazuvanje na blagodarnost ako im podaris nesto za da si ja vrsat svojata rabota. Oni si zimaat plata i razno razni beneficii plus minus i toa e toa. Eve mene na rabota moite klienti mi se zablagodaruvaat so toa sto ke napisat pofalno pismo/mail do moite pretpostaveni a nema mene da me pocastat! Znaci ima nacini kako da se zablagodari covek, ama castenjeto ne e eden od niv bez razlika kolku i da e malo.

Za dres kodot i toa e sosema cetvrta rabota koja nema vrska so castenjeto.

Spored mene treba da se zabrani da primaat bilo kakvi podaroci od pacienti. Mene licno da sum na nivno mesto bi mi bilo ponizuvacki! I toa mnogu! Za edno kafe i bomboniera treba da ti se smeskam poveke taka? I da te piknam nekade preku red plus...nema smisla nikakva neli? user posted image



_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 15:03:38   
Maca25
Миана ти правиш голема грешка што ги частиш учителките во градинка. Значи затоа што ти си им дала поклон или што и да е, твоето дете треба да го третираат посебно, а другите (чиишто родители немаат пари за поклони) треба да се од втор ред?!?!
Исто е и со докторите. Тоа е нивна работа, земаат плата за тоа што го работат. И не им се секирај, не се за жалење. Сите тие нивни семинари, конгреси и сл. им се платени плус имаат дневници. И не го мешај покачувањето на плата или добиена награда од страна на фирмата со частење. Тебе сигурно клиентите не те частат ако ти си ја завршиш твојата работа.
Така да ниту ги частам по болници, ни во градинка.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 15:24:16   
vezilka RR
Ма какво частење бре за некој што си ја завршил работата за која зема плата. А ова може да иде и во обратна насока. Ако некој го почастил докторот тој ќе очекува и од другите да го почастат..е арно ама ако не го почастиш, може да си останеш и по ходници да си чекаш се додека тој не си го добие тоа што си мисли дека треба. Тоа е мито, нема друг збор за тоа.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 15:27:15   
Mihaela 2010
Da a sto ako go pocastis pa ne e zadovolen od pocastenoto?
Ima nekoi se precenuvaat pa kaj si go pocastil moze i navreden da ostane..

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 16:45:03   
Martins mom
КОга останав бремена прв пат, немав матичен гинеколог во градот во којшто живеам и разговарав со една жена што ме однесе во ординацијата на нејзиниот братучед. Тој ми е до ден денес матичен, ме породи и здравје пак ќе ме породи, секој преглед си го плаќам, кога се породив, мм го почастил од ќејф, се во ред тоа. Најчудното беше што женава што ме однесе до ординацијата барала частовка, барем 500 денари да сум и даелаuser posted image user posted image Уште ми е лута и не ми прави муабет оти не сум се „отсрамила“ пред неаuser posted image Колку се забегани значи луѓето...

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 21:42:05   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Трето се додека ќе се најде некој да им дава се до тогаш работава нема да се оправи. Зошто? Затоа што преминува во навика да секој лекар ќе си ја одработи својата работа само ако има награда.



Точно така. И таква е ситуација... повеќето те гледаат и очекуваат, се навикнале на такво нешто. Кога излегуваш од болница , пример после породувањето, тие сестри што се ќе се потепаат која ќе те "испрати " до врата.
Во болница во местото што живеам, толку е застапено мито, да сите, или скоро сите и доктори и сестри и хигиеничарки те испраќаат и очекуваат да им дадеш по нешто. Не се породував во оваа болница, ама ете сите тие што се имаат породено ми кажале истото. И тоа ако не ги почестиш, моли Бога да веќе не се вратиш во истата! И нормално сите од пуст страв што знае дека ако пак дојде ќе падне во рацете на милост и немилост, даваат.

Можам само да речам дека џабе такви одлуки од министерот, тоа е само нешто привидно, да се замачкаат очите. Ме интересира а како тоа ќе извршуваат проверки, ќе претресуваат торби и паричници?
Тука никој нема ни да трепне за тоа. Оваков начин на размислување не се искоренува така лесно и така бргу. Кој знае колку генерации треба да поминат да се малку работите средат. Е затоа уште сега борбата треба да почне. Јас можеби нема да дочекам да видам видливи промени, ама се барем надевам моето дете, неговите деца, ќе доживеат реформација.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Частење на докторите и сестрите
20.5.2013 22:11:49   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Миана ти правиш голема грешка што ги частиш учителките во градинка. Значи затоа што ти си им дала поклон или што и да е, твоето дете треба да го третираат посебно, а другите (чиишто родители немаат пари за поклони) треба да се од втор ред?!?!
Исто е и со докторите. Тоа е нивна работа, земаат плата за тоа што го работат. И не им се секирај, не се за жалење. Сите тие нивни семинари, конгреси и сл. им се платени плус имаат дневници. И не го мешај покачувањето на плата или добиена награда од страна на фирмата со частење. Тебе сигурно клиентите не те частат ако ти си ја завршиш твојата работа.
Така да ниту ги частам по болници, ни во градинка.

ne be srcka,koj rece deka gi cas_tam ucitelkite..Muabetov se pravese vo temata,podaroci za ucitelkite - konkretno za 8 mi mart...Znaci mojot stav tamu bese deka ucitelkata zasluzila ednas vo godinata na toj den da dobie podarok,a inaku taman rabota jas da i nosam podaroci pa mene bi mi bilo nezgodno- ne sum jas podlizurko...Nema veze sega da ne se nategame..mene mi e merak od blagodarnost da podaram nesto i da dadam do znaenje deka sum zadovolna od uslugata . I vo restorant koga odam ostavam baksis ako sum zadovolna od uslugata i znam deka i vie recisi site go pravite toa. Toa e toa i gotovo ...

< Поракaта ја уредил miana -- 20.5.2013 22:13:42 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 0:52:29   
dance 85
Jas gi imam pocasteno doktorkata sto me porodi i akuserkata a zosto da ne ?toa sum go napravila od blagodarnost zatoa sto bile ljubezni so mene normalno zimaat plata za zavrsenata rabota no od cista moja blagodarnost i pocit sum go napravila toa a ne deka sum gi podmituvala ili slicno

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 9:22:48   
anaana
jas ne sum za davanje i cas_tenje ama sepak ja pocas_tiv dok. sto me poragjase i anesteziologot. i toa zatoa sto jas sakav. prvo mi bese mnogu neprijatno, nekako da ne se navredat, ama posle edna dve nedeli nekako se resiv.
i toa bidejki celo vreme jas na pregled odev vo nedela i doktorkata doagjase vo nedela samo za mene. anesteziologot i koga se poragjav a i sega koga se operirav pred necel mesec ne bese na rabota i dojde samo za mene, taka da gi pocas_tiv onaka bidejki jas sakav. prijateli ni se i ni se nasle za mnogu raboti.

inace ne go sakam toa davanje pari i cas_tenki golemi. isto taka ne sakam koga doktorot ili sestrata ocekuvaat deka ti ke im dades nesto. toa e malku neprijatna situacija. sekoj si go znae budzetot, a na bolnica osven za poragjanje lugjeto ne doagjaat za ubavo taka da i ne im e do cas_tenje.
gluapvo mi e deka koga si odis so bebeto najcesto sestrite te gledaat vo raka, eventualno da ne izvadis nekoj denar

< Поракaта ја уредил anaana -- 21.5.2013 9:36:03 >

(Одговор на членот dance 85)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 10:33:00   
miana
Aa da jas i maticniot go pocastiv ... Na naredniot pregled posle poragaj.posle 40 dena odnesov blago ..Kako sto castev sekade ,na rabota ,rodnini ,prijateli,zosto i nego da ne go pocastam..Pa zasluzil covekot!!! Toa e licno zadovolstvo a ne mito...Mito e veke druga rabota !

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 11:25:54   
anaana
znaci jas pak ke kazam. ne mi se svigja koga nekoj ocekuva deka treba da bide pocasten (dali so blago, dali so eden sok, edno kafe, dali so zlato, dali so pari veke ne e ni vazno)

edno e jas da sakam da i recam na doktorkata ajde edno kafe ke ve castam. drugo e taa mene da mi rece nema da castis za toa sto si ja rabotam jas mojata rabota???

osobeno ne mi se svigja koga ima red, koj poveke dal prethodno e prv na red :))))
jas realno ne sum imala takvo iskustvo ama so toa sto go procitav pogore vo komentarite se uzasnav. posebno toa za vo strumica.. ako ima navistina takvi doktori, sram da im e i toa na veliko

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 12:38:07   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: anaana

znaci jas pak ke kazam. ne mi se svigja koga nekoj ocekuva deka treba da bide pocasten (dali so blago, dali so eden sok, edno kafe, dali so zlato, dali so pari veke ne e ni vazno)

edno e jas da sakam da i recam na doktorkata ajde edno kafe ke ve castam. drugo e taa mene da mi rece nema da castis za toa sto si ja rabotam jas mojata rabota???

osobeno ne mi se svigja koga ima red, koj poveke dal prethodno e prv na red :))))
jas realno ne sum imala takvo iskustvo ama so toa sto go procitav pogore vo komentarite se uzasnav. posebno toa za vo strumica.. ako ima navistina takvi doktori, sram da im e i toa na veliko

Toa baranje za castenje e mnogu mizerno... Na mm mu se sluci portirot da mu pobara ama zaboravil deka mm vecerta koga se porodiv u odnel..I mm mu rekol ' de be pa vi donesov vecerta koga se porodi,na sekoe doaganje li da nosam user posted image
A inaku deka ocekuvaat ,site ocekuvaat da im se odnese,taka se naviknati i ete ako ne odneses ke te gledaat popreku...

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 13:19:54   
Bethany
Очекуваат него како. Тоа е веќе толку станала навика, толку веќе вкоренета длабоко.

И јас немам против ако некој има на срце да ги почести другите со сокче и чоколадни бонбони од мерак ете, ама не кога такво нешто веќе стане традиција. Ама ние сме таков народ, Балканците.
Кога отидов во болница на породување, сите што беа со мене во соба, која и како да се породи пред мене, од дома им испраќаат мекиците за нас во соба и честенка за докторите и сестрите. Тоа како нешто најнормално. Поента со мекиците што наведов е дека си имаме веќе некоја си традиција, обичај кај нашиот народ, па исто така и тоа честење и сл.
Јас и кажав на свекрва ми да не ми праќа такво нешто, прво јас не одраснав со таков обичај и глупо ми е да правам нешто што не знам за што служи. Не кажувам дека е лошо ако некој тоа сака да прави. А ги почести мм докторката и сестрите, им купи нешто за јадење и им однесе и тоа знаете како одеше муабет? Јас на боксот после породување, а тие си се прашуваат: еј гладен ли си ти? Јас сум многу, денес многу работа имавме и такви муабети. Апла си бараат ко од навика. И ете мм звонеше на тел во моментот и ме прашува треба ли ти нешто и јас ги прашувам во собата: Гладни сте, што сакате за јадење? И тие па сме гладни... Сега ми е јасно зошто таа една сестра ми се понуди да ми донесе телефон од собата user posted image

Воглавном ете и јас направив така нешто, ама поента е дека тие те стават во таква ситуација, и јас сега можев да се направам луда, ама баш во тој момент толку бев пресреќна, олеснета, мислев лебдев во воздухот, и бев благодарна поради тоа, и сакав тоа да направам. Мм купи сок и нешто за јадење и им донесе. Можеби погрешив , ама тоа беше тој момент. Некако ми беше убаво што и можев тоа да направам иако не сум должна, не знам... Овие моиве во болница барем поскромни се од другиве болници, од една од соба кај мене барале бурек, од друга сладолед, си искажуваат желбите слободно user posted image

Јас пак ќе споредам со странците, можеби утепувам веќе хехе, ама дека често сум во контакт со нив и многу разлики гледам, и можам да речам дека тие имаат многу добри работи и размислувања. Пример нив нема да им текне да на доктор купат чоколада. Тие ги разграничија работите: тој е доктор и тоа е неговата работа.
Ама ние имаме другачија култура, и треба да ја задржиме , ама да не претеруваме и да правиме работи и тоа на сопствената штета. Ние сакаме тоа частење, изразување на захвалност на таков начин, се тоа во ред, ама бидејќи веќе одамна поминавме граница со тоа нашето гостољубие и топлината, изгледа ќе треба да се примени принцип или-или. Или да нема ни чоколада, или да остане како што е па куд пукло да пукло.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 13:55:17   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany


Јас пак ќе споредам со странците, можеби утепувам веќе хехе, ама дека често сум во контакт со нив и многу разлики гледам, и можам да речам дека тие имаат многу добри работи и размислувања. Пример нив нема да им текне да на доктор купат чоколада. Тие ги разграничија работите: тој е доктор и тоа е неговата работа.
Ама ние имаме другачија култура, и треба да ја задржиме , ама да не претеруваме и да правиме работи и тоа на сопствената штета. Ние сакаме тоа частење, изразување на захвалност на таков начин, се тоа во ред, ама бидејќи веќе одамна поминавме граница со тоа нашето гостољубие и топлината, изгледа ќе треба да се примени принцип или-или. Или да нема ни чоколада, или да остане како што е па куд пукло да пукло.



Потпис.
Сами сме си криви, така ги научивме и така очекуваат.
Навистина нема потреба за частење на луѓе кои треба да бидат најхуманите на светот.
Сум частела само еднаш матичната гинеколог кога се породив и тоа и однесов едно атлантис од 100 денари макар што сметам дека и тоа не е потребно.
А мм што давал по докторот и сестрите кога се пораѓав уште ми иде да го убијамuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 14:15:39   
deluxe
Иако сите сме свесни дека нема потреба од честење,сепак (ај да не е срамота)посегнуваме по некое подароче.
Точно е тоа што некој напишал погоре-сами си ги научивме така-иако ти вика:"Не се троши,нема потреба" со другата рака посегнува по подарокот.Кога се породив сега со второто дете,ми се случи една интересна ситуација.
Немав млеко 3 дена,бебето ми беше гладно,кај нас нема сам да си купиш храна и да си го храниш го земаат сестрите и ти го хранат таму,а ти нити гледаш ,само ќе ти казат дека го нахраниле.Ама моевоuser posted image беше гладно само тоа плачеше,очиглено беше.....
На смена дојде нов тим ,имаше една сестра ја виде мојата тага и реши да ми помогне,го зеде user posted image го хранеше цел ден,и тоа и пред мои очи ме повика неколку пати да го видам.Во тие моменти бев пресрекна,и нормално македонски менталитет и спаковав неколку кутии со чоколатца,некое литро сок да си се почести,свесна сум дека тоа и е неа работа,но во тој миг ми значеше нејзиниот гест мноогу.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Частење на докторите и сестрите
21.5.2013 15:00:01   
temjana
Нит знам кој ме породи ниту пак имав намера да однесам нешто. Фала богу немаше попреку гледање или пак некакви нарачки од самите доктори а доколку имаше ќе ги видевте на телевизија. Мене некој ме части за успешно завршениот ден на работа? Не ја гледам поентата на тоа частење

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Частење на докторите и сестрите
25.6.2013 12:20:23   
anaana
ne znam dali e za vo ovaa tema, ama bas sega ja slusav na radio taa reklamata (ako moze reklama da se narece, ili mozebi nekoj vid na upatuvanje) kade na doktorot moze da mu se dade podarok vo vrednost ne pogolema od 20e. ama ne da mu se dade direkno na doktorot tuku na sestrite tamu, koi posle ke mu go predadele na doktorot.
demek ova za pogolema kultura ili sto znam jas

mene ne mi e jasno, sto vrska ima na kogo ke go dades? podarok e podarok. dali ke go ostavam vo kancelarija na doktorot ili vo kancelarijata kaj sestrite nekako ne mi pravi razlika. i vaka i taka ne e ispravno. sto demek ke mu padne sram na doktorot pred site da zeme pliko so 20e??? ili sise viski????

onoj koj zema mito ne go zema na rabotno mesto, nitu pak go zema licno...
nekako mi nemaat smisla ovie izjavi na tv i radio demek eve se pravi nekoj red ili se voveduva nekakva kontrola. ako sakaat da ima nekoj red eve neka pocnat od toa deka e strogo zabraneto nosenje bilo kakov podarok na doktorot ili sestrata vo rabotno vreme.
za nadvor od rabotno vreme veke ne moze nikoj da kontrolira koj kade odi i sto na kogo mu nosi. ama za po kancelarii i vo prostoriite na zdravstvenata ustanova neka si bide zabraneto. moze nema da smeni mnogu ama sepak nekakov pocetok

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Частење на докторите и сестрите
25.6.2013 12:37:49   
Mihaela 2010
mene voopsto ne mi e jasno toa castenje na doktorite i sestrite...pa uste reklami do 20 evra...ko da e moralno castenjeto pa sega eve zaokruzivme na nekoja minimalna suma od 20 evra..
i zosto se zavrtele bas kon doktorite? zatoa sto koga nedaj boze ke ti zatreba nesto trcas po niv ,ili gi baras da vidis u koja kancelarija se nabutale,ili deka vo 12:30-13.00 se povlekuvaat ko da im zavrsuva rabotnoto vreme??

Ima i po blagodarni profesii,koi navistina pomognale na luge togas koga im e najtesko pa nikomu nisto...zatoa se tie profesii pred se da se pomogne a da ne cekas za vozvrat da dobies nesto
Ne deka doktorite ne se zasluzni,no majku mu ostavete lugeto sami da pocastat onolku kolku mozat i sakaat,a ne da se ima nekoja si tarifa...pa kaj tarifa pa uste i primopredaja (sestrava ide so poklonot i mu go predava na doktorot)...smeski
ajde neka otvoret specijalno salterce so naziv PODAROK

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Частење на докторите и сестрите
25.6.2013 12:40:44   
Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

ajde neka otvoret specijalno salt_erce so naziv PODAROK


user posted image user posted image user posted image
Се сложувам и со двете, јас мислам најнормално би било да нема никакви подароци и толку.
После работното време, нека си прави кој што сака, и што мисли дека треба, не може никој да го контролира, ама овие честенки треба целосно да се исфрлат од практикување, а не уште и се рекламираат.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 25.6.2013 12:52:38 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 [6] 7   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali sekojdnevno vezbate?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 1

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!