|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Деца со церебрална парализа
10.6.2010 22:38:10   
beki RR
Од овде www.nih.gov  можете да порачате бесплатни книги.Има за церебрална парализа и други невролошки состојби,не знам колку публикации имаат, се е бесплатно.Ќе ви ги донеси поштарот на врата,нема поштарина.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 176
   RE: Деца со церебрална парализа
17.6.2010 8:54:29   
beki RR
ПСИХОТЕРАПЕВТСКИ МЕТОДИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
За разлика од другите делови на специјалната педагогија, оние што се занимаваат со глуви, со пречки во видот (слепи) и со ретардирани деца, каде што главно се користат корекцијата, компензацијата и рехабилитацијата, во соматопедијата водечко место завзема терапијата.
Терапијата во соматопедијата секогаш се рагледува во светлината на “првичната теоретска концепција” за единството на психичкото и соматичното (неврофизиолошкото) како во генезата и пројавите на телесните и душевните страдања, така и во системот на терапевтските дејства (H. M. Van Praag, 1979). Телото и душата, физиката и психата се неделиви една од друга и претставуваат една целост. Затоа, психосоматичката зависност, што е методолошка основа на медицината, дава исклучително ефикасен и актуелен прилог за психотерапијата. Како систем за целисходни лековити дејства врз психата на болното или ретардираното дете, кај психотерапијата преку директни интервенции или индиректно се управува свесната или потсвесната дејност, преживувањата и однесувањето на оние што имаат потреба, т.е. целосната личност на болниот по патот од болест кон здравје.
Психотерапијата е особено погоден метод за работа со деца со церебрална парализа. Тоа тешко невролошко заболување кај кое се оштетени движечките зони и спроводните патишта на големиот мозок се карактеризира со значајни нарушувања во развојот на централниот нервен систем. Нивото на интелектуалниот развој на децата со церебрална парализа се колеба од нормата преку граничните состојби до ретардираност.
Се забележуваат исто така нерамномерност на психичкиот статус, висока психичка исцрпеност, стрес, фрустрација, депривација, емоционална лабилност, депресивни привиденија, во развојот на личноста и однесувањето.
Нашите истражувања, поврзани со проучувањето на искористувањето на разновидни психотерапевтски форми во санаториумските училишта за деца со церебрална парализа “Момин проход” и “Тузлата” (Балчишко) и во болничкото училиште во Софија, а исто и долгогодишните сопствени експерименти го докажаа неспорниот ефект на следните методи врз психичкото здравје на споменатите деца:
  1. Музикотерапијата-е една од најдобро разработените, познати и искористувани форми на психотерапија во сите соматопедски училишта. Музиката предизвикува радост и пријатни чувства кај децата со церебрална парализа, дејствува врз несигурните и потиштените, возбудените и нестабилните ослободувајќи ги и смирувајќи ги. A. Feldmann и Cl. Dutroit јасно ја потцртуваат големата улога на музиката за запознавање на пространството при формирањето на координацијата и самостојноста на децата со движечки нарушувања. Таа поттикнува кон контакт и општење, помага за развојот на говорот и го концентрира вниманието.
  2. Арттерапијата-се остварува со средствата на ликовната уметност и им одговара на сите форми на детската церебрална парализа. Кај арттерапијата се искористуваат разновидни цртачки и моделирачки техники-акварелот, графиката, ликовното цртање со прсти или со цела рака, работата со пластелин, со глина и друго. Самото од себе си се разбира дека таа форма на психотерапија не само што го зголемува емоционалниот тонус и го поддржува естетското воспитание, но и има важно значење за движечкиот развој на горните екстремитети.
  3. Терапевтскиот театар-кај малите пациенти со детска церебрална парализа од рана детска, предучилишна и основно-училишна возраст најцелосообразен е куклениот театар. Кај поголемите деца со средствата на сценската уметност, во која тие самите се учесници, се создаваат конфликтни ситуации и се корегираат неадекватни измислици.
  4. Културотерапијата-ги задоволува културните и естетските потреби на децата со церебрална парализа. Посетите на театарските претстави, операта, балетот, концертите, киното, слушањето на радио, гледањето на телевизија ја прават разнообразна болничката тегоба или санаториумската средина и создаваат оптимистичка оздравувачка клима во соматопедските институции.
  5. Библиотерапијата-искористувањето на соодветна литература и разговорите за саканите литературни херои на децата со церебрална парализа имаат несомнено психотерапевтски ефект. Библиотерапијата помага за преодолување на хипохондричкото настроение, стресот, апатијата, неспокојството и на нарушувањето на емоционално волевата сфера.
  6. Рационалната терапија на P. Dubois-кај тој мошне често искористуван метод, преку достапна за децата со церебрална форма на парализа се објаснува природата на заболувањето, механизмите на појавувањето на нивните симптоми и на возможностите за лекување. Elland (1987) го нагласува значењето, што го има објаснувањето за малите пациенти, што не е во ред кај нив. Правилното спроведување на рационалната психотерапија влева доверба, надеж, ги зголемува можностите за самоконтрола и е средство против хипохондријата, вознемирените и депресивните растројства.
  7. Сугестијата во будна состојба-сугестијата е конечен елемент во секоја форма на терапија. Вербалната или невербалната сугестија содржи позитивни сугестии за спокојство, добар сон, самочувство, влијание врз едни или врз други невротични симптоми. Позитивното дејствување на тој метод зависи многу од авторитетот на психотерапијата.
  8. Автогеното тренирање на J. Schultz-Основната цел на психотерапијата е постигањето на психофизичката подготовка, изразена во состојба на спокојност и отпуштеност и отстранување на излишната напрегнатост. Автогеното тренирање се спроведува 3 пати дневно-наутро по разбудувањето од сонот, на ручек и навечер пред заспивањето и има не само терапевтска, туку и психопрофилактичка и психохигиенска вредност. Методот се прилага при состојба на пренапрегање, синдром на страв и болка, растројства на сонот, нарушувања на концентрација на вниманието, зголемена раздразливост, вегетативни, функционални, органски растројства на срцето, дишењето, дигестијата, училишната главоболка и друго.
  9. Когнитивно-однесувачката психотерапија-методот е сосема нов, а терапијата е доста кратка и продолжува од 10 до 30 часови. Се приложуваат три методи за справување со проблемите: модификација на емоционалното влијание, на однесувањето и на ирационалните и непродуктивните мисли и убедувања. Когнитивно-однесувачката психотерапија е ефективна при депресии, панично растројство, агорафобија, социофобија, емоционални и лични растројства и кај болни деца што не можат или не сакаат да земаат лекарства (Robinson,1990; Mattic, 1990; Gelder, 1990).
  10. Семејната терапија-се спроведува со семејството и со другите блиски на децата со церебрална парализа. Преку неа го снемува натрупаното напрегање и тажната атмосфера во засегнатото семејство, чувството за вина и срам, безпомошноста, песимизмот, недовербата, непријателството и се стимулира односната автономија на ретардираното дете.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 177
   RE: Деца со церебрална парализа
22.6.2010 18:42:47   
beki RR
Ова КЛИК мора да го прочитате.
Се надевам наскоро ќе го преведам на македонски па ќе го поставам.

А ова КЛИК да го видите. Филмот е  на Бенџамин, 23 годишен дечко со ЦП.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 178
   RE: Деца со церебрална парализа
25.6.2010 14:03:11   
beki RR
Не стигнав да го псотавам текстот, имам и други снимки, но ова морав да го споделам со вас.
Пред да почни со АБР развојот на Иван беше заглавен кај седењето.
Видете го сега, Иван после 6 месеци АБР КЛИК.
user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 179
   RE: Деца со церебрална парализа
25.6.2010 21:54:44   
bucko 1
ova se odlicni napredoci beki da ne recam nevrojatni.samo napred za ivan i negovoto semejstvo.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 180
   RE: Деца со церебрална парализа
25.6.2010 22:42:31   
beki RR
Некогаш изгледа неверојатно тоа што децат го псотигнуваат со АБР.Целата работа е во точната локација на проблемот.Јас бев пристуна на прегледот од Иван.неветројатно е како овие луѓе знаеја што му фали на Иван и што се ќе добие од АБР,тие знаеја дека Иван ќе има големи промени и тоа јасно го кажаа.

(Одговор на членот bucko 1)
Непосредна врска до пораките: 181
   RE: Деца со церебрална парализа
29.6.2010 12:23:45   
rima
Zdravo do site ,jas sum nova na forumov, nemam dete so posebni potrebi , duri voopsto i nemam dete ( sega zasega),ama dodeka gi citav vasite postovi placev i sakav da vi ja izrazaam mojata podrska za toa sto go pravite za vasite decinja i za site propratni problemi so koi se srekavate ostaveni i zaboraveni od drzavata. Ana i Beki gi poznavam licno, iako ne gi gledam cesto mozam da vi kazam deka pogledot na Ana(kako sto gledam od slikata) za razlika od prethodno e sosema,sosema porazlicen na podobro user posted image sega ima bistar pogled , izgleda fokusirano i srcence malo mi izgleda duri kako da pozira user posted image user posted image user posted image pozz do mama Beki - najhrabrata mama sto jas ja poznavam

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 182
   RE: Деца со церебрална парализа
29.6.2010 17:50:18   
beki RR
Драга рима , добро дојде на рингераја.

Ти благодарам за подршката и убавите зборови.Понекогаш кога ја сликам Ана и мене ми се чини дека позираuser posted image

Уште да ми кажеш која си .... user posted image Не ми текнува , а баш се замислив.
Поздрав до тебе.

(Одговор на членот rima)
Непосредна врска до пораките: 183
   RE: Деца со церебрална парализа
14.7.2010 4:41:32   
Bubuska
Поздрав до сите, јас сум ви нова на форумот. Не сум мајка, рано ми е, но мојата мајка поголемиот дел од животот го посвети на децата со пречки во развојот и децата без родители, а мене ме научи со цело срце да сочувствувам и да помагам на истите. Случајно налетав на вашиот сајт, поточно барав страна со која ќе им објаснам на повеќе девојки кои сметаат дека абортусот е средство за контрацепција (но тоа во друга прилика), и ете налетав на вас.
Го прочитав ама баш целиот сајт, и СЕКОЈА ЧЕСТ.
Решив баш во оваа тема да пишам бидејќи Беки ме воодушеви, таа е беспрекорна мајка, таа е нешто што секое дете би посакало. Беки, твојата Ана е навистина среќно дете што те има тебе, со таква мајка, сигурна сум дека ќе имате огромни напредоци, the sky is the limit :)
Само напред, јас ве поддржувам за се што правите, ако е потребно некаде потписи, волонтирања, вознемирување на јавност, ма што и да е, само кажете :)
Јас не сум била во можност последниве 6-7 години да бидам во контакт со тие деца (кои ми се врсници), бидејќи кога имав 13 години мајка ми ми роди сестра, па мораше да ги намали своите активности, меѓутоа, ете тука сум, за било што.

Поздрав, и ви ја посакувам сета среќа на светот!!! user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 184
   RE: Деца со церебрална парализа
18.7.2010 18:20:20   
beki RR
Драга Бубуска , добро дојде на рингерајаuser posted image
Ти благодарам за убавите зборови и убавите желби.Тоа им е во описот на работното место на мајките, да им овозможат што подобар живот на своите деца, тоа е тоа што јас го правам за мојата Ана.
Многу ми е мило што ги познаваш децата со посебни потреби и што сакаш да помогнеш.Искрено се надевам дека еден ден ќе успееме некако и нешто да организираме.Остани со нас,рингераја нуди одлична дружба.user posted image

(Одговор на членот Bubuska)
Непосредна врска до пораките: 185
   RE: Деца со церебрална парализа
5.8.2010 9:53:37   
beki RR
Еве ме пак менеuser posted image

Пред некој ден запознав едно дете со ЦП.Детето е пред дипломирање, има говор,само има  проблеми со одењето не може самостојно да се движи.
Мајката ме пововетува да имам и второ па и трето дете.И јас тоа сосема нормално го прифатив , бидејќи и јас сакам да имам уште две деца.
Но пред три години не беше така.Кога се роди Ана, по неколку месеци добивав совети од доктори, да родам друго дете.Тоа мене тогаш ми изгледаше како да ми рекле, фрли ја Ана во контејнер.
Но всушност тоа не е воопшто така. Кога човек има дете со церебрална парализа никогаш не знае колкав степен на самостојност ќе постигне тоа дете.Љубовата што може да ја добие од брат или сестра е многу важна. Родителот не е вечен , а децата остануваат после родителот.

Затоа ако докторот ви рекол , родете друго дете, не го сваќајте тоа трагично.
Тоа е всушност еден од поубавите совети кои можете да ги слушнете.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 186
   RE: Деца со церебрална парализа
5.8.2010 15:29:15   
bucko 1
user posted image potpis beki

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 187
   RE: Деца со церебрална парализа
17.8.2010 14:44:58   
beki RR
Една мајка од Скопје, сака да регистрира група за подршка на АБР терапијата. Потребен и е одреден број родители заинтересирани за АБР терапијата за да може да се регистрира групата.Доколку има заинтересирани ве молам кажете.
Ќе биде одлично доколку се успее да се формира групата.На тој начин ќе може да се собираат финансиски средства и да им  се олесни на родителите во делот со плаќањето.Од друга страна кога се наспатува како група , здружено поголеми се шансите за добивање донации.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 188
   RE: Деца со церебрална парализа
19.8.2010 20:56:37   
beki RR
Имам неколку нови клипови на блогот , доста интересни се .Се надевам ќе успеам да ги преведам и синхронизирам на македонски , ама ќе ми треба повеќе време.Засега погледнете ги на англиски ТУКА 

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 189
   RE: Деца со церебрална парализа
24.8.2010 19:14:12   
beki RR
Денес добив информација од белгија.

АБР курс во македонија ќе има од 7 Октомври до 10 Октомври.

Прегледот и обуката ќе ги вршат Крис и Криста, раководителите на АБР Белгија.

Доколку сакате да поразговарате за проблемот на вашето дете со нив , ќе може лично да се видите во нив и да ги прашате за се што ве интересира.






(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 190
   RE: Деца со церебрална парализа
6.9.2010 20:55:43   
makina
DALI MOZE SAMO PREGLED I KOLKU PARI E.............user posted image user posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 191
   RE: Деца со церебрална парализа
6.9.2010 22:40:13   
beki RR
Може и само преглед, 250 евра е. Само што групата е полна, а интересот расте.изгледа ке треба да преговарам за уште еден ден плус да останат.Ако останат  тогаш ќе може во спротивно тешко.
Како и да макина да дојдите на информативната сесија секако.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 192
   RE: Деца со церебрална парализа
6.9.2010 22:43:49   
beki RR
Може и само преглед, 250 евра е. Само што групата е полна, а интересот расте.изгледа ке треба да преговарам за уште еден ден плус да останат.Ако останат  тогаш ќе може во спротивно тешко.
Како и да макина да дојдите на информативната сесија секако.

(Одговор на членот makina)
Непосредна врска до пораките: 193
   RE: Деца со церебрална парализа
13.9.2010 15:01:05   
beki RR
Преведов неколку клипови од АБР.
КЛИП1

КЛИП2

КЛИП3


Има уште за превод, но целта ми беше тие родители што не знаат англиски да сфатат на што АБР става главен акцент во својата програма за рехабилитација.
Преводот не е којзнае што, обработката не е професионална, ама мислам дека е поразбирливо со преводот отколку ако воопшто го немаше.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 194
   RE: Деца со церебрална парализа
15.9.2010 11:43:12   
beki RR
Гледам сте го поставиле флаерот на рингераја.Многу ви благодарам.
Кога ќе се сетам како се одвива работите во декември и колку сме напреднале од тогаш , како да не ми се верува.Во декември целта ми беше да соберам неколку деца кои ќе почнат со АБР за да не мора да патувам со Ана до белгија.Денес , имаме 12 нови  пациенти кои саката да почнат со АБР.На 12 деца животот ќе им се промени.Во декември бевме само 5.
Мојата првична цел за АБР целосно е променета.Сега работам на идејата како да се снижи цената за да можи оваа прекранса терапија да биде достапна за поголем број родители.Се надевам дека во наредните години ќе успееме да издејствуваме и фондот да ги покрива трошоците за АБР, како што е тоа пример во Данска, Норвешка и Холандија. Кога ќе успееме фондот за здравство да ја покрива АБР, тогаш душата ќе ми биде мирна.Тогаш ќе може секое дете со посебни потреби да применува АБР и со тоа да добие поквалитетен живот. Работите во нашата држава одат многу споро и за секоја промена е потребно време. Јас од мојата идеја не се откажувам и полека добивам подршка стручни лица како дефктолози, терапевти , логопеди.Се надевам дека овај пат на некои од прегледите ќе ни се приклучи и физијатар, па така ќе почнеме полека да составуваме тим кој ќе ги прати децата кои почнале со АБР.
АБР може многу да промени во животот на децат со посебни потреби, и затоа јас оваа битка ќе ја терам до крај.Се надевам дека еден ден фондот за здравство ќе ја стави АБР на својата листа.Со нетрпение го очекувам тој ден, и се надевам тој ден нема да биде во некоја далечна иднина.
За сите родители кои сакаат да се запознаат со АБР ги поканувам да дојдат на презентацијата и да слушнат.Презентацијате ќе биде бесплантна.Ќе можете да се запознаете со Криста и Крис од Белгија, и да ги прашате за се што ве интересира.Ќе биде во 19 часот, денес треба да видам уште една сала, дали ќе одговара, па накнадно ќе ве известам за местото на одржување.Секако ќе биде во Охрид.


(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 195
   RE: Деца со церебрална парализа
15.9.2010 11:49:02   
Палешка РР
Ана е среќна што те има за мајка беки ! user posted image

Ги повикуваме сите родители кои имаат потешкотии со децата од ваков вид, да се пријават на адресата дадена во информативниот флаер КЛИК


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 196
   RE: Деца со церебрална парализа
16.9.2010 18:59:56   
beki RR
Денес конечно најдов хотел за информативната сесија. Ќе биде на 8 октомври во 19 часот во хотел Royal view, охрид.Инаку хотелот се наоѓа на кејот.Тука блиску се хотел тино, хотел милениум итн....

Прошетајте на осми октомври до охрид, ќе бидете задоволни од тоа што ќе го слушните.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 197
   RE: Деца со церебрална парализа
16.9.2010 21:44:16   
nezadovolen
Леле луѓе. Дали го читавте последниот пример од вчера во ВЕСТ? Кога го видов детенцето што починало што не му се пружило помош! Срамота! Срамота е стварно за нашето здравство. Толку лоши луѓе! Имам прашање. Дали има некоја правда? Тоа детенце исто имаше право на нормален живот! Зошто дебилите од болница не го примиле. Зошто! А можда и не се криви, толку им цепи. Неписмени. Дебили. Многу ми е жал за родителите. Продале се, се, за детето!

Туку да ви кажам. Јас како некој што нема врска со оваа болест се запрепастив. Жал ми е многу!
Прашање: дали има здружение за деца со парализа? Дали тие можат да им помогнат на родителите сега, зборувам за случајот од куманово пред еден ден. Дали има жиро-сметка за нив? да се уплати. Жал ми е многу/ ќе пукнам да плачам.

анонимен!

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 198
   RE: Деца со церебрална парализа
16.9.2010 21:49:05   
mama26
не сум читала и стварно ми е жал и мене што слушам вакви работи.не го примиле детето да го лечат?како спијат незнам тие луге?user posted image срамота ,жалосно.тешко на тие родителиuser posted image


< Поракaта ја уредил mama26 -- 16.9.2010 21:50:13 >


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот nezadovolen)
Непосредна врска до пораките: 199
   RE: Деца со церебрална парализа
16.9.2010 22:01:42   
nezadovolen
ne e samo vo vest, i vo utrinski e, i na stranata na kanal 5. strasno. Se zaprepastiv. Ima li PRAVDA???
Ima li? Jadni roditeli.
Iako ne moze da se sfati, nemam deca, mozam da razberam kolku im e tesko. Detenceto navistina izgleda deka bilo fino, deka bilo dobro vospitano, zosto ne mu pruzile pomos?
Jas ne go razbiram ova?

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 200
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?