Еца
|
Потребни документи за повеќекратна помиш од државата за второ дете: Најпрво ќе одите во меѓуопштинскиот центар за социјална работа кај Нова железничка и ќе земете барање за остварување на право на родителски додаток за дете.Кон барањето за остварување на правото се приложуваат следните докази: 1* Лична карта од мајката(фотокопија) со оригинал на увид, а за мајките со нови лични карти и доказ за постојано место на живеење со временски период на живеење во општината, издаден од МВР. 2* Доказ за државјанство на мајката 3* Извод од матична книга нха родени за детето 4* Изјава од мајката како поднесувач на барањето дека не живее и не работи во странство 5* Извод, односно изводи од матична книга на родени за детето, односно децата од претходниот ред на раѓање на децата спрема датумот и часот на раѓања, запишани во извод од матична книга на родени на детето. 6* Доказ дека децата од претходниот ред на раѓањене се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување, издаден од центарот за социјална работа 7*доказ дека не и е одземано родителското право на мајката од претходниот ред на раѓање (ова уверение се зема од суд, ќе го барате со напишана молба од мајката, и се плаќа такса од 400 денари) 8* доказ за мајката за извршени задолжителни здравствено прегледи и контроли за време на бременоста издаден од соодветна здравствена установа (мајчината книшка) 9* доказ за вршење на задолжителни вакцини на детето од претходниот ред на раѓање, како и на новороденчето (ке си го ископирате картончето од болница на кое има напишано дека ги примило првите две какцини уште додека е во породилиште 10*ете заборавив на фоткопија од лична карта на таткото и извод од матична книга на венчани Ете ќе заборавев, сите овие документи се носат во социјалното кај Нова Железничка, таму ти даваат една потврда и земаат дел од док.па пак треба фотокопииод личните карти од родителите и фоктокопија од венчаницата па дури тогаш сите док, се носат во социјалното на вашата општина(во мојот случај социјалното во Кисела Вода) Сите документи кои ги поднесувате да бидат фотокопии.Ако нешто не ви е јасно прашајте ме, бидејќи јас сега ги поднесував документите, па уште ми е се свежо
< Поракaта ја уредил Elena -- 8.9.2009 18:56:09 >
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|