Весна
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка pacuvce, и дадов околу 12,30 часот, а пред тоа не беше цицала од 9,30, испи околу 20-30 мл и заспа. Кога се разбуди по 45 минути - ужас! Да повраќа, да повраќа, не знаев како да ја смирам..кога исповрати се напонот за повраќање и остана и и се повторуваше на секои десет минути. Омалакса и почна да повраќа жолтило. Одма се јавив кај две докторки, едната специјалист од болница, другата матична на Миа..двете ми рекоа дека не е алармантно и да почекам еден час да се стабилизира. Ја држев исправена, а спиеше и се смири по еден час. Почнав со чај Бекутан, на 10 мин, па со цицање. Не поврати повеќе. Ама ваков ужас досега не сум видела Не сакам да плашам никого, секое дете е различно...моето не прима адаптирано млеко. Оф мила Палешка, ние ова го поминавме пред месец дена. Така и јас се обидов да и` дадам од НАН и исто така поврати, буквално се`, утоп бевме и јас и таа, ко под туш да сум била, страшен призор беше. Потоа по една недела пробав со ХИПП, но воопшто не сакаше, потоа и со Новалак пробав - ни да го мирисне, и на крај и` дадов од Аптамил и без проблем веднаш испи 100 мл и ништо не се случи, задоволно се смешкаше. Мислам дека треба да им го погодиме адаптираното она кое е најблизу до вкусот на нашето. Моето веројатно наликува на аптамилот. Знам дека си распаметена, но ако баш мора мора да ја дохрануваш Миа, пробај и ти со Аптамил, во Зегин има малечки пакувања од 27,7 г. како една доза и е 49 ден. Ајде миличка држете се!
|