miana
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Еве јас што најодв и планирам да правам       Шарени бомбици од компир      Се прави пире од компири, се додаваат зачини по вкус - сол, вегета, црн пипер итн.   Од пирето се прават бомбици и дел се валкаат во магданос, други во рендан морков, мелени ореви, толчени кикиритки или пак друго нешто што ви падне на памет.      Изгледаат ептен убаво и шарено на маса, пр. ако имате посна слава. А и не мора да е посна нели, може и кај обичен ручек наместо пире да се промени рутината со вакви бомбици.      Вегетаријански мајонез: 200г чистен и непечен сончоглед се кисне во вода најмалку пет часа, се измива убаво и оди во блендер. Се додава 3/4 чаша ладно цедено маслиново масло, 1/3 чаша вода, 1/4 лажиче лук во прав (јас ставив две чешниња свеж лук, повеќе го сакам), сок од половина лимон, лажица сенф, лажиче сол и зачини по желба (јас додадов копар и малку свежо мелен црн бибер). Се блендира убаво да стане мазно како паста. Превкусно е!   Со тоа што не додадов копар во мајонезот, ја направив основната верзија, инаку најубав е со додаток на кари или куркума.      ПОСНА ПИЦА   Се замесува тесто со околу1/2кг брашно ,една коцка стасан квасец,сол,малку шеќер ивода.Кога тестото ќе стаса се прави кора за пица .Одозгора се става томатело,оригано,сусам растителен кашкавал,сецкани маслинки и печурки.се капнува и малку маслиново масло.Се пече во долниот дел од рерната за доле да фати кора а горе само да се растопи кашкавалот.      Посни плескавици од соја      Потребно: 200 гр. соја трошки, 5-6 компири, 2 лаж. брашно, 1 главица кромид, лук, буковка, сол, вегета, црн пипер, црвен пипер, масло.      Подготовка: Сојата се става во врела вода да набубри. Потоа се цеди со рака за да не биде премногу водена. Компирите се ставаат да се варат и додека се топли се пасираат како пире. Кромидот ситно се сецка, а исто и лукот. Во еден подлабок сад се заедно се меси со рака, воедно додавајќи се преостанато, за да се добие хомогена смеса. Од смесата се прават плескавиците и се валкаат во царевно брашно (со него не се препржуваат и добиваат убава боја), па се пржат во загреано масло.    
			
								
			
			 
  _____________________________
  Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало. 
				  	
		  
		  
		  
		 |