| 
		  виа Кајгана       Почнете да водите поздрав живот, доколку сакате вашето сексуално искуство да биде здраво и исполнето со задоволство.           Придвижете ја крвта во вените      Три пати неделно по половина час физичка активност, е добра за работата на срцето и кардиоваскуларниот систем. И ова не се однесува на пешачење, туку на конкретни вежби од кои ќе се испотите и уморите.   На тој начин ќе се здобиете со физичка кондиција и издржливост која ќе ви користи и во сексот. А, освен подобриот сексуален живот, и вашето тело ќе изгледа подобро, ќе бидете позадоволни од себе си и ќе ви се зголеми самодовербата.       Вежбањето е добро за умот      Кога телото ќе ви стане опуштено и мрзливо, и вашиот ум станува таков. Фантазијата ви исчезнува и немате волја за секс. А, знаеме дека фантазијата е клуч за добар и квалитетен сексуален живот.   Доколку нема фантазија, секост станува рутински, секогаш ист, или со еден збор - досаден. Активирајте се, па и вашиот ум и фантазија ќе се активираат истотака. Гледајте некој еротски филм, прочитајте добар роман, решавајте крстозбори, најдете си интелектуални предизвици. Ќе видите како фантазијата и желбата за секс ќе ви проработат.       Клучот е во добрата исхрана      Дури и ако сте убедени дека алкохолот ви ја зголемува сексуалната желба и моќ, тој всушност има доста негативни последици врз тој сегмент од вашиот живот. Алкохолот го комплицира почетокот и одржувањето на ерекцијата и влијае негативно врз достигнувањето на оргазам.    За оние кои наскоро сакаат да станат родители, советуваме внес на Ц витамин и антиоксиданси, затоа што позитивно влијаат на подвижноста на сперматозоидите и нивниот квалитет.     
			
								
			
			
				  	
		  
		  
		  
		 |