|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Zumba Fitness
15.2.2012 15:37:25   
vezilka RR
Што е Zumba Fitness?

Zumba Fitness е најуспешниот бренд во фитнес-вежбањето. Zumba не е танц, не е ни верзија од класичен аеробик, туку е програма за вежбање која е смислена од Alberto "Beto" Perez, кој во 2001 година ја брендирал и ја шири низ светот преку лиценцираните Zumba Fitness инструктори. Накратко Zumba Fitness претставува програма на аеробични вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е. комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно.
Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Cumbia, Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други.
Придобивки од ZUMBA Fitness
Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу, меѓу кои се:
добивање на чуство на среќа и задоволство за време на вежбањето
не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење на масните наслаги и обликувањето на мускулите
подобрување на координацијата на телото до крајни граници
јака и видлива Анти-Стрес терапија
трошење на голем број на калории во рамки од 500-1000 калории на 1 час
лесна и не-фрустрирачка околина за учење на нови движења во танците. Не сте ни свесни дека ќе знаете да танцувате по неколку часа зумба, а истото да го искористите во разни прилики кои ќе ви донесат дополнителни среќни моменти.
добивање на позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледате добро, туку и добро ќе се чуствувате :)
опфаќање на сите групи на мускули во телото
елиминирање на двете клучни причини за откажување од вежбањето: недостигот на време и здодевноста. За време на зумба часот, времето ќе помине брзо токму поради спротивниот ефект на здодевноста :)
ќе запознаете нови луѓе и ќе стекнете нови пријатели

Каква облека треба да носите?

Иако постои облека која е наменета за вежбање на Зумба, така наречена ZUMBAwear, може да се вежба на Зумба часовите со облека која ќе биде комотна и пријатна за вежбачот. Задолжителни се патики што одговараат за вежбање, додека другите комбинации на облека се оставени на избор на вежбачот.

Првиот час

Најдобро е на првиот час да се потрудите да го пратите инструкторот и да ги научите движењата што се користат. Се препорачува да ги пробувате чекорите кога инструкторот ги објаснува пред почетокот на кореографијата. По можност застанете во првите редови за да можете подобро да ги гледате вежбите и полесно да ги копирате од инструкторот.
Најважно е да се препуштите на забавата и да уживате во Зумбата. Дозволено е, а и се охрабруваат вежбачите за време на зумба часот да се забавуваат на свој начин, користејќи врескања, пискања, навивање и други „откачени“ активности :)
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Zumba Fitness
15.2.2012 15:39:14   
vezilka RR
Ајде искуства? Дали некој пробал и како е задоволен. Јас сакам да пробам па еве чепкам по нет да видам на кои се локации има и во кои термини па да се проба!! Кој е за user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Zumba Fitness
15.2.2012 15:45:21   
JovanaJ
Tamu kade sto vezbane Joga ima i casovi po Zumba, Pilates i sl...i mozam da gi kombiniram casovite ako sakam. No ete ne sum probala iako koleskata sekoja nedela me tera da probame eden cas kako e. Siguno e zabavno mnogu pred se..user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Zumba Fitness
15.2.2012 17:22:07   
Yummy Mammy
Vezilka bas me pogodi so temava. Jas sum epten za, i ke pocnev uste pred dve nedeli da ne fatea studovive.
Inace jas se resiv za vo Top Forma, karsi Univerzalna sala, imaat utrinski termini sto mene mnogu mi odgovara i se plaka 1.200 mesecno (1.500 za popladnevnite termini) i odis kolku sakas, i koga sakas, a dva dena vo nedelata e zumba-ta. Da popusti malku vremevo i jas pocnuvam.

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Zumba Fitness
15.2.2012 17:25:09   
Maca25
Јами мами доаѓам и јас!!! Јас иначе се пријавив на зумба во јануари, ама прво Нина се разболе, па јас, па сега Нина пак.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Zumba Fitness
15.2.2012 21:57:46   
blue_blue
Jas odev najredovno na Zumba do pred dve nedeli. Bev bolna i jas i site doma pa ne odev. I vo ponedelnikot idam da si prodolzam i mi kazaa deka veke vo Boris Trajkovski nema da drzat casovi, t.e. posledniot ke e ovoj petok. Epten se razocarav , bidejki za mene bolja aerobna vezba od ova e samo step aerobic, a na toa ne smeam da odam posto imam problem so kolenata. Zumba e mnogu zabavno i emergino vezbanje, em se razveseluvas od muzikata em vezbas i trosis kalorii, em toa e edinstven saat vo koj mozokot vistinski mi se odmara. Jas ne znam drugi osven Top Forma da imaat Zumba, oni drzea Zumba i vo B. Trajkovski. Imaat istruktorka od Kuba, i edna od MK. Koga bese na cas taa od Kuba bese mnogu podobro, skroz druga energija ima, abe vo genite im e igranje. Na site bi im preporacala da odat, a jas ke si puknam sto veke nema da odam. Vo prostoriite kaj univerzalna ne mi se odi posto mi e daleku i moram so kola, a tamu nikade nema mesto za parking. Najverojatno ke moram na obicen aerobik vo B.Trajkovski

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 9:04:20   
blue_blue
Vezlika, ти пратив ПП со линк на страницата кај што ги има сите локации во Скопје кај што има Zumba со термините во кои има часови

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 9:06:02   
vezilka RR
Их, само што ги најдов и јас..сакав да ги постирам :) Еве ги идат user posted image

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 9:13:13   
JovanaJ
Zumba vo Aerodrom imate isto vo "La Belezza", se naoga vo zgradata kade sto bese Pro-kredit Banka vo N. Lisice (na samata raskrsnica).

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 9:17:51   
vezilka RR
Уфффф, JovanaJ па тоа е уште поубаво, тоа ми уште поблиску..многу ви благодариме user posted image user posted image

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 11:24:59   
blue_blue
а некој да знае кај мене околу Борис Трајковски да има во Карпош 3 Zumba? Ќе пукнам од мака што нема да има веќе во Б. Трајковски Зумба user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 11:43:05   
Viktori
Извинете вака што ви упаѓам во муабетот ама постот на везилка е исто како рекламен флаер да закачила user posted image , а не е дозволено. Го бришам па кој е заинтересиран кај везилка на приватна порака нека го бара.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Zumba Fitness
16.2.2012 12:07:42   
rina13
ima u vlado tasevski u kozle,koj e za mi treba drustvo

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Zumba Fitness
21.3.2012 21:26:24   
mami 3.
Jas si odam i na Zumba i na Pilates i super euser posted image
Zumba poveke e za kondicija nabivanje,i zabavno e pogotovo za tie sto so zadovolstvo tancuvaat
Pilates e nesto najubavo, znaci treniram normalno i so spravi ali dosadno mie na spravite,a Pilates e wowwwww super,se opustas ubavo,treniras sekoj muskul i ne e dosadno, i utredenta koga ce stanes osecas ubava bolka na muskuliteuser posted image jas go vikam "ubava bolka"zatoa sto znaci deka Muskulite se aktivirale toa e dobar znakuser posted image .

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Zumba Fitness
21.3.2012 21:56:46   
kikicka
Јас и тука да си кажам дека веќе 2 дена си вежбам зумба дома ,си гледам од ју тјуб и добро ми оди ,по малку се мавам без врска ама тоа е user posted image не сум денсала откако останав трудна ,па сега се враќам во форма.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот mami 3.)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Zumba Fitness
21.3.2012 21:57:35   
Sarah
Aj ve molam dajte nekoe linkce ili kade tosno ima vo aerodrom zumba? Ne sfativ i toa kade e vo zgradata na prokredit banka? A kaj e toa vo novo lisice? Aj koj e zapoznaen so okolinata na aerodorom i zumpa casovi neka mi pise ili ovde ili vo pp. fala muchas muchachas :)

(Одговор на членот mami 3.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Zumba Fitness
22.3.2012 10:09:27   
Felly RR
Sarah, Не е дозволено да се ставаат надворешни линкови, затоа - кој има некаква информација како линк или телефон, нека прати по пп кај Sarah

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Sarah)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Zumba Fitness
22.3.2012 10:37:20   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Sarah

Aj ve molam dajte nekoe linkce ili kade tosno ima vo aerodrom zumba? Ne sfativ i toa kade e vo zgradata na prokredit banka? A kaj e toa vo novo lisice? Aj koj e zapoznaen so okolinata na aerodorom i zumpa casovi neka mi pise ili ovde ili vo pp. fala muchas muchachas :)



Sarah провери си во пп ти пратив линк. Ајде сега на вежбање user posted image

(Одговор на членот Sarah)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 13:48:35   
niki
vaka vezbame so kerka mi
klipcinja od net i zurkaaaaaaaaaa

KLIK

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.6.2013 14:17:44 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 13:49:59   
niki
ova i e omileno

клик

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.6.2013 14:27:07 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 13:52:08   
temjanuska75
Благодарам ники за линковите. Ќе пробам да се забавувам и слабеам.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 14:04:23   
niki
ima mnogu klipcinja koi moze da se najdat na net, ima i za vozrasni za razlicni nivoa na spremnost
ona sto najmnogu mi se dopaga e sto e besplatno
nie go povrzavme i TV so internet pa na golem ekran si gi pustame klipovite i vezbame
i drugarki koga i doagaat ima obicaj da mi pobara i vo dnevna vo grupa da mi skokaat

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот temjanuska75)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 14:21:46   
Еки82
Јас одев долго време на комбинираното Зумба пилатес и аеробик, одлични вежби а Зумба е посебно забавно.

Админ: Не се дозволени надворешни линкови.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.6.2013 14:28:03 >

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Zumba Fitness
11.6.2013 14:39:35   
Еки82
Се извинувам за линкот, значи Fit One се и имаат во
Песталоци, Вера Циривири, Димитар Миладинов, Владо Тасевски, Лазо Ангеловски, Љубен Лапе, Блаже Конески, Љупчо Брајковски

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Zumba Fitness
31.1.2016 13:25:19   
marchi
auu ke otvorev tema FITNES i toa ke bese opst muabet za fitnesot i efektite ama i ova zumba fitnes koga go poglednav na youtube ne e loso.e sega nie nemame vreme da odime po fitnes centri ama doma so deteto si pravime vakvi demek zumba vezbi.user posted image pustame glasna muzika se "treseme" nesto slicno kako na videata za zumba deteto si trca si skoka si pagja ...dvoen efekt: jas demek se razdvizuvam topam salo a toa se umoruva za polesno da zaspie ili pa da posedi miren izvesen period posle igranjeto.praktikuvate li i vie?

(Одговор на членот Еки82)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

kako?
snegulce

Ime za nasiot sin :)

Marko (24%)

Filip (22%)

Petar (21%)

Hristijan (13%)

Mateo (20%)


Број на сите гласови: 219

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!