|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   почина Коле Чашуле
23.9.2009 11:07:00   
mami
На 88 години вечерва почина Македонски романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле.
Тој е роден во Прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, и директор на драмата при Македонскиот народен театар. Еден е од иницијаторите за формирање на друштвото на писателите на Македонија, а бил и негов претседател. Член е и на Македонскиот Пен центар.Чашуле бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил.Негови најпознати дела се драмите - Една вечер (1948), Последните гаврани (1950), Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958), и Црнила (1960), романи - Простум (1970) и книги раскази - Првите дни (1950).

извор- А1
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: почина Коле Чашуле
23.9.2009 11:07:58   
mami
Почивај во мир голем човеку...беше прекрасен човек и надарен писателuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: почина Коле Чашуле
23.9.2009 11:10:03   
big_mama817
neka mu e lesna zemja user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: почина Коле Чашуле
23.9.2009 11:11:50   
mother 29
R.I.P.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: почина Коле Чашуле
23.9.2009 22:42:18   
delfinka
vecen spokoj mir i upokoenie na dusata
vecna m slava

_____________________________

sekoj e blagosloven ako veruva vo boga

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: почина Коле Чашуле
24.9.2009 1:22:12   
daniel
VECNA MU SLAVA

(Одговор на членот delfinka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: почина Коле Чашуле
24.9.2009 1:24:59   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Почивај во мир голем човеку...беше прекрасен човек и надарен писателuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: почина Коле Чашуле
28.9.2009 14:21:38   
mami
Добар миг за умирачка "Вест" ексклузивно го објавува текстот кој еден од основоположниците на современата македонска книжевност Коле Чашуле го напишал пред шест години, и побарал во јавноста да биде објавен по неговата смрт, откако ќе биде погребан. Приказната за овој тестаментарен текст на Чашуле ни ја овозможи неговата сопруга - театрологот Јелена Лужина, која со него беше 22 години. user posted image Дневнички запис После, отпосле, отпослежно...
Вчера, додека шетавме зборувајќи за Тале и за неговите "Јазли", Јелена наспомна оти од мојава генерација, демек писателска, останав само јас. Славко, Блаже, Тале, Ацо, Митрев, Јован Бошковски, Мариовецот Стале, несреќниот Венко, заскитаниот Антон Панов, мојот тажен гроф Ристо Крле... сите со кои се карав и се сакав, такви ни беа годините, сите заминаа. Останав само јас, отпослежен.
Отпосложен писател. Смешна позиција, посмешна, здравје! Ќе почнам ли и јас, како и сите старци, некритички да им тријам сол на главата на оние околу мене, зборувајќи им, одново и одново, за некое подобро минато? Понекогаш се фаќам во мисла оти сe повеќе станувам зависен од тоа минато. Подобро се чувствувам во него отколку во оваа мачна сегашност - транзициона без крај. За иднината, сe пократка и понеизвесна, не само поради моите изнасобрани години, ич муабет да не правам. Дали на овие нови генерации иднината ќе возумее да им биде добра и милозлива, како што нашето минато било добро и бериќетно кон нас? Еден поет од моево време гласно се прашувал дали слободата ќе умее да пее онака како што робовите пееле за неа. Пуста слобода!
Отпослежно, ама и сe почесто, додека лежам на терасата и го гледам синилото на небото и на езерото, размислувам за смртта. Човек мора да се справува со неа мирно, без глупава патетика и оние мачни фунебрални претстави што живите ги прават, секогаш, заради себеси и своите мали суети. Сe почесто ми текнува на оној тестаментарен есеј на Крлежа, кој започнува со формулацијата "по таканаречената смрт". Тажно е што самиот доживеал, таква му била среќата, "по таканаречената смрт", да биде погребан со пеење и пукање, како генерал на некоја мртва писателска војска. "Ние сме од таков материјал, од кој и сништата се правени; и нашите мали животи се заокружени со сон...", вели колегата Шекспир.
user posted image На млади години, поради идеализам и нешто малку дело (коешто Јелена, на шега, го именува како терористичко), суден та осуден на смрт, додека чекав да ме обесат, бев загрижен само за едно нешто: за паролата што ќе ја викнам кога ќе ми ја местат јамката. Не можам да се сетам што глупост сум смислил, ама сиот занес и труд ми испропаднаа, бидејќи моиве успеале да ја потплатат бугарската власт, и казната, во последен миг, ми се "намали" на доживотна робија. Поминаа, оттогаш, повеќе од шест децении живот, исполнет со ангажмани, радости, тажења, патувања, луѓе, караници, книги... И љубов. Сите ми се - чист ќар. По таков живот - ќарен живот - грев ќе е смртта да не се пречека спокојно. Со насмевка и проштавање.
Кога со Богдан Богдановиќ ја правевме Могилата на непобедените во Прилеп, две цели ноќи ги редевме кутиите со коските на моиве паднати другари - сите да бидат заедно, ама никој од живите да не знае кој е на кое место. За да бидат еднакви во смртта. За никој да не се дели и одделува по свеќа што некој ќе му ја запали (само нему), по цветот што ќе го остави само за него... Во смртта сме сите исти. И треба да останеме исти.
Минатото лето отидовме со Јелена на Могилата која, во меѓувреме, станала запустено, извалкано и тажно место. Оваа моја Македонија, во меѓувреме, сосема го загубила чувството за пиетет. Или, можеби, само станала рамнодушна кон сe. Ова се рамнодушни времиња.
Некаде во раните седумдесетти години, со некоја писателска делегација, нe однесоа во Јасна Полјана. За да го посетиме Музејот на Лав Толстој и да се поклониме пред неговиот гроб. Гроб обичен, та најобичен, од скромен поскромен: големиот даб, под него могилата обрасната во зелена трева... Ниту име, ниту знак, ниту слика, ниту биста, ништо. Рекоа оти бил погребан во најобичен дрвен сандак, взори, во тишина, опкружен само со домашните. Светиот синод на Руската црква веќе го имаше екскомуницирано, та Грофот и "официјално" умрел како што живеел - како еретик. Или, подобро, како самјак. Самјаштво е судбината на сите што избрале да простумат.
Некаде пред Втората светска војна, толстоизмот стана популарен и во тогашната Југославија. Особено меѓу нас, левичарите. Паметам дека, во летото 1938, со неколкумина колеги толстоевци од Белград кон Скопје тргнавме - пеш. Се облековме во рубашки и апостолки, одевме од село до село, зборувавме за еднаквоста и правдините, селаните нe хранеа, ние се чувствувавме како мисионери. Немирникот, каков што бев, по неколку дена се откажав од ова необично мисионерство и си продолжив дома - со воз. Ама добриот дух на Гроф-еретик не престана да ме опседа до денешниве дни.
Пред некој ден ја замолив Јелена пак да ми го прочита фрагментот од "Војна и мир", во кој Грофот ја пишува смртта на Андреј Болконски. Во далечините гори Москва, Наполеон го живее мигот на својата лажлива победа - победите се секогаш лажливи, треба ли навистина да се остарее за да се осознае таа проста вистина... - додека кнезот, измачен од десетици бесмислени животни битки, тешко ранет, умира во манастирската соба. Тивко е, ноќта, огинот, полутемнина, спокој... Наташа Ростова, седната на чекор-два од постелата, плете. Не се слуша ништо, освен иглите што удираат една во друга... Андреј Болконски умира како - среќен човек.
Додека го диктирам овој текст, Јелена седи на три-четири метра од мене и запишува. Тивко е, топло, приквечерина. Не се слуша ништо, освен мојот глас, нејзиното дишење и оној полумеханички-получовечки шум на тастатурата. Добар миг за умирачка.
Колкумина од нас ќе успееме да умреме вака спокојни? И олку среќни?
Струга, 22 јули 2003 Јелена Лужина за аманетот на Чашуле Коле Чашуле, поради сериозните тешкотии со видот, текстовите и книгите кои ги објави по 2002 година, мораше да ги диктира.Тоа го правеше секојдневно, со својата исклучително компетентна и верна асистентка Габријела Ивановска. Неговата Габи.
Коле најпрвин го диктираше текстот, Габи го запишуваше, а потоа двајцата го оставаа да си "отстои". Го препрочитуваа повеќепати за да може Коле да го дотерува и, најпосле, ми го даваа мене, на последен прочит. Моите евентулани интервенции, на крај, ги одобруваше. Ништо што е објавено со неговиот потпис не е отпечатено без ваквиот негов имприматур.
Во текот на летните месеци, кога престојувавме во Струга, му ја "заменував" Габи секогаш кога требаше нешто да се запише, ајде да речеме, ургентно. Еден од таквите записи е и овој, искажан во еден здив, во една приквечерина. Откако го заврши, Коле побара да го меморирам и да не го гибнам сe додека тој не си замине.
Го исполнив ветувањето.
Јелена Лужина

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: почина Коле Чашуле
28.9.2009 14:45:44   
vezilka RR
..леле сабајлево го прочитав текстов..прекрасен е..Големи мисли од големи луѓе..

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?