Julie1
|
Во недела ни доаѓа календарски летото иако горештините одамна почнаа. За оние кои нема да имаат можност да одат на одмор овој период убаво ќе им дојдат културните случувања. Информираме за стартот на Скопско лето 2009: Повеќе од 2.000 ликовни, музички, театарски уметници, популарни музичари и етно изведувачи ќе настапат на јубилејното 30-то издание на Скопско лето, кое ќе почне в недела, а ќе трае до 31 јули. Манифестацијата свечено ќе биде отворена со настап на Македонската опера и балет, чиј ансамбл ќе ја изведе операта „Плаштот" од Џакомо Пучини на кејот, покрај Камени мост. Симон Трпчески и пријателите, венецуелскиот диригент Илич Ривас, Драмски театар, Македонската опера и балет ќе бидат дел од ансамблите и уметниците што ќе се претстават пред публиката во нашиот главен град. Има ли културни случувања во останатите градови во Македонија ова лето? Недостасуваат ли вакви случувања кај нас?
< Поракaта ја уредил Julie -- 18.6.2009 12:18:04 >
_____________________________
And this is my beautiful life ...
|