|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 15:32:00   
Ikana
Што мислите, каде е подобра негата, во приватните или државните болници? Што мислите дека треба да се подобри во функционирањето на државните и колку сметате дека се пристапни приватните болници за лечење на населението?
Каде би се пораѓале Вие?

< Поракaта ја уредил Ikana -- 17.4.2012 15:34:18 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 15:53:14   
temjana
ауууу осечам дека ќе има тепање на оваа темаuser posted image ах бре Иканче кај ти текнаuser posted image

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:08:25   
Ikana
Ај сега да ги видам хахахах
Јас претпочитам приватна болница, ама кога ќе ме спотера гајлето па и не гледам многу многу како е што е само да се средиме и понатака да бидеме добри. Не патам од тоа да биде се под конец, ама едно ниво да има на чистота, како и стручност од персоналот, тоа мислам дека ми е најбитно па после све остало.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:16:46   
AnnaMolly RR
Се породив во Чаир и искрено задоволна сум од чистотата. Секој ден по 2-3 пати чистеа, секој ден нова постелина и спавачи. Следниот пат пак таму ќе одам.
Искрено, немам пари за приватно, не планирам кредити да земам специјално за тоа. Ама и да имам пари не би се пораѓала во приватна болница, подобро тие 1.000-1.500 евра ќе ги вложам за детето, ќе му купам нешто или ќе му ги заштедам за во иднина, а ќе стиснам заби и ќе издржам неколку дена во апартман во Чаир или ГАК, каде што може често да има посета и да си бидам сама со бебето, а се плаќа по 1.500 денари од ден.
Тоа е мое мислење.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:25:37   
Beatris
Имав можност и средства да се пораѓам во приватна болница, НЕ САКАВ. Како прво, ако сакам да одам во хотел со 5 ѕвезди ќе уплатам за на одмор, а не за во болница. Луѓе која и да е - БОЛНИЦА е. 1500-2000 евра за 3-4 дена, не фала.

Се породив на ГАК, бев сама во апартман (за 3000 ден на ден), ми чистеа по 3 пати, менуваа постелнина, добивав по 2-3 спаваќи во денот, колку и да треба. Имаше кој да ми помогне за туширање (со царски бев), за шетање, за доење за бебето...

Сега да треба да се породам, истото би го направила без око да ми трепне. Па подобро тие пари за детето ќе ги чувам него ли да ги фрлам за нешто што поминува за секунда...

Инаку, колку за информација ЈАС бев таа што прва викаше дека нема шанси да се пораѓам (некогаш) во државна user posted image user posted image user posted image  Кога размислив подобро, сфатив дека ќе бидат џабе фрлени пари

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:25:38   
mamicki
Приватна, секако, теоретски гледано, но практично- ми се смачуваше од помислата да се спружам 2000 евра за нешто што нашите прабаби и баби го истерувале дома, а пак кога ќе помислам на тоа колку пари досега имам уплатено во ФЗОМ, уште повеќе ми се смачуваше!
Сепак, да бидам искрена, ако немав врски, ќе ги прежалев парите,ќе го голтнев гневот кон ФЗОМ, и ќе се породев во приватна болница, оти инаетот секојпат на нос излегуваuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:26:44   
Andriance
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Се породив во Чаир и искрено задоволна сум од чистотата. Секој ден по 2-3 пати чистеа, секој ден нова постелина и спавачи. Следниот пат пак таму ќе одам.
Искрено, немам пари за приватно, не планирам кредити да земам специјално за тоа. Ама и да имам пари не би се пораѓала во приватна болница, подобро тие 1.000-1.500 евра ќе ги вложам за детето, ќе му купам нешто или ќе му ги заштедам за во иднина, а ќе стиснам заби и ќе издржам неколку дена во апартман во Чаир или ГАК, каде што може често да има посета и да си бидам сама со бебето, а се плаќа по 1.500 денари од ден.
Тоа е мое мислење.


eve go delot so koj jas ne se soglasuvam...zosto?? - smetam deka e malku sebicno da se poragjam drzavno ( pod uslov da ne ti se svigja tamu) samo za da na detet mu kupam farmerki,bluza bla bla..i toa neli zaradi licen kjeif i da go set__am doteran a on siort poima nema sto nosi i slicno..

za vtoroto - voopsto ne stanuva zbor za ja da stisnam zabi..se raboti pred se za osnovna nega,higiena vnimanie i edujkacija koja tebe a posebno na bebe vo tie momenti e povekje od potrebna..na drugarka mi i go tupnaa bebeto i gi snema...toa place rika, ovaa uste nema melko i ne znae ni so da mu pravi a iscrpena celosno od poragja..isto taka sega procitav na temata kade se porodivte od taze rodilka deka ne gi presoblekuvaat cel den...hranata e druga prikazna..vo privatnite istata e prilagodena na doilka a ne leb i shpageti...
me naucija i kako da go dojam,banjam drzam i sl..

kao i da e..edno i drugo e nesporedlivo...

< Поракaта ја уредил Andriance -- 17.4.2012 16:28:53 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:36:18   
Beatris
Андрианче храната на ГАК не беше леб и шпагети... Нема врска. Секој ден имаше месо, ориз, салата, нормален ручек, исто и доручек и вечера.

Ова за пресоблакањето ме чуди, затоа што јас кога бев user posted image  ја пресоблакаа 2-3 пати на ден, зборам за облека, за пелена менување на 2-3 саати.

Апартманската сестра буквално седеше по цела смена кај мене зошто имавме проблем со цицањето, да не беше таа гарант ќе закачев маститис и температура, ме молзеше по 100 пати мислам у денот... Me научија и за бањање и за хигиена на папочето, се комплет. Иако бев со царски од прв ден дома сама си ја бањав А.

Е сеа јбг секој со своето искуство. Не осудувам никој што дал пари за приватно, и јас бев порано на тој памет, ама сега откако пројде се 100% сум убедена дека не направив грешка. Напротив, јас во болница си поминав ептен убаво user posted image  

Пак ќе кажам секој со своето искуство, и од државните и од приватните има и задоволни и незадоволни... Битно user posted image  ни се живи и здрави, тоа е најбитно...

< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 17.4.2012 16:42:54 >


_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:47:17   
annabela
Jas treba da se porodam sekoj moment. Na pocetokot koga ostanav bremena nemase ziva sila koja ke me naterase da se porodam vo drzavna bolnica........ama sega nekako podrugo razmisluvam. Pari za privatna bolnica imam, ne sega deka mi se vishok ama sepak gi imam.......no sepak ke odam vo drzavna bolnica da se poragam. Jas razmisluvam vaka:personalot neka e struchen da me porodi bezbedno i neka mi se rodi sonceto zivo i zdravo, a za mene ne e bitno dali ke jadam leb i shpageti dali spavakata ke bide skinata ili ne dali dusekot ke bide dormeo ili obicen. Jas ke izdrzam nekolku dena vo ne tolku idealni uslovi....samo bebeto da e zgrizeno kako sto treba. Vremeto na mojata bremenost go iskoristiv za maksimalno educiranje okolu doenje presoblekuvanje drzenje....imase i malku praksa od prijateli koi imaat novorodencinja.......posetuvav i casovi za psihofizicka priprema na trudnici i mislam deka i so onoj instikt majcinski koj go ima sekoja zena ke se snajdam. Samo da mi se rodi soncenceto zdravo i pravo. Znam nekoi koi veke rodile sega ke recat ne e isto teoretski i prakticno da znaes.....ama veruvam vo sebe deka ke se snajdam

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:51:06   
Calypso
И јас се породив во ГАК и искрено, задоволна сум како поминав. Најбитно ми беше да биде се во ред со мене и бебето, за другото не се замарав. Останавме пет дена во болница, бев два дена на интензивна (со царски рез се породив), оти немаше место ни во соба ни во апартман. Другите денови бев во апартман, и не видов мака, фала Богу, иако ми беше малку тешко со раната да станам веднаш. Си го бирав докторот кој ќе ме породува (тоа се доплаќа), ама друго ништо не платив. Чистеа секој ден, храната беше задоволителна, детето супер ми го гледаа, ми помагаа сестрите, гинекологот што ме породи и педијатарот доаѓаа секој ден... што повеќе да посакам? Веројатно секој со среќата, како ќе се погоди, ама греота е да се пожалам. Нјатешко ми беше последниот ден, не за друго, бев сама во соба (цимерката моја си отиде), и ми беше досадно. Сега верувам дека е далеку подобро. И за наредното дете, здравје Боже, пак би се пораѓала во ГАК: Додуша, јас докторот си го бирам, не болницатаuser posted image

Што се однесува до доењето, ми помогна апартманската сестра, и тоа многу. За пресоблекување, имав веќе претходно искуство, исто и за бањање. Така што, се на се... задоволна сум од тоа како поминав, а знам дека можеше да биде многу полошо, со оглед на тоа што имавме некои компликации.

< Поракaта ја уредил Calypso -- 17.4.2012 16:53:06 >


_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 16:53:52   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Се породив во Чаир и искрено задоволна сум од чистотата. Секој ден по 2-3 пати чистеа, секој ден нова постелина и спавачи. Следниот пат пак таму ќе одам.
Искрено, немам пари за приватно, не планирам кредити да земам специјално за тоа. Ама и да имам пари не би се пораѓала во приватна болница, подобро тие 1.000-1.500 евра ќе ги вложам за детето, ќе му купам нешто или ќе му ги заштедам за во иднина, а ќе стиснам заби и ќе издржам неколку дена во апартман во Чаир или ГАК, каде што може често да има посета и да си бидам сама со бебето, а се плаќа по 1.500 денари од ден.
Тоа е мое мислење.


eve go delot so koj jas ne se soglasuvam...zosto?? - smetam deka e malku sebicno da se poragjam drzavno ( pod uslov da ne ti se svigja tamu) samo za da na detet mu kupam farmerki,bluza bla bla..i toa neli zaradi licen kjeif i da go set__am doteran a on siort poima nema sto nosi i slicno..

za vtoroto - voopsto ne stanuva zbor za ja da stisnam zabi..se raboti pred se za osnovna nega,higiena vnimanie i edujkacija koja tebe a posebno na bebe vo tie momenti e povekje od potrebna..na drugarka mi i go tupnaa bebeto i gi snema...toa place rika, ovaa uste nema melko i ne znae ni so da mu pravi a iscrpena celosno od poragja..isto taka sega procitav na temata kade se porodivte od taze rodilka deka ne gi presoblekuvaat cel den...hranata e druga prikazna..vo privatnite istata e prilagodena na doilka a ne leb i shpageti...
me naucija i kako da go dojam,banjam drzam i sl..

kao i da e..edno i drugo e nesporedlivo...



Прво, не реков дека ќе му купам фармерки, патики или којзнае што за да го шетам дотеран по улица. Мислев на неопходни работи како креветче, количка и такви работи. Подобро јас да трпам 2-3 дена во болница во којашто се породиле најголемиот број трудници па детето да има се што му треба (повторно, зборувам за НЕОПХОДНИ работи) или пари на штедна книшка.

Второ, и ваму добив информации за нега на бебето. Точно е дека не се посветени толку сестрите, ама па кога ќе дојдам дома со бебето ќе ми трчаат ли тие сестри околу мене да ми кажуваат што како да правам?

И јадењето беше сосема добро, не даваат помии.

Немам ништо против тие што се пораѓаат приватно, секој со својата желба и можност. Ова е право на избор, не станува збор што е правилно или погрешно, станува збор за тоа кој што мисли и како би направил.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 17:27:56   
Cipi Ripi
Gi pribrav site mozni informacii, i seuste ne znam sto da kazam. Sekoj posebno, sekoj razlicno, sekoj so svojata srekja, taka mi izgleda rabotava. So ogled na toa deka imav mnogu teska bremenost, sakam samo da si go vidam zdravo pravo i da si go gusnam. Mnogu mi e milo sto procitav deka Hunny prosla mnogu dobro vo GAK, toa mi dava nadez deka se ke bide vo red. Od druga strana mi kazaa za privatnite bolnici, sko nesto trgne na loso te stavaat u kombe i te nosat u drzavna, toa e dokaz deka kaj niv se plaka za nasmevkata na sestrite. No uste ednas ke kazam, so ogled na mojata teska bremenost, i veke iskusenoto od Cair, vo momentot na poraganje i denovite potoa, i te kako bi mi se nasla nasmevkata na sestrite.
Samo da e Gospod so mene.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 17:30:42   
Cipi Ripi
Ja zamoluvam Calypso da mi kaze koga go odbra dr za poraganje na Gak, pred, ili koga otide na poraganje? I kolku se doplaka? Ako ne moze tuka za cenata, pisi mi vo pp.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 17:37:28   
libra.n
Se soglasuvam so Anna Molly, i jas se poragav vo Cair, go delam mislenjeto i po vtor pat bi se poragala vo Cair ( i toa kaj Licovski)

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 17:49:47   
bombica
Првиот пат се пораѓав на ГАК и беше хорор.Прво user posted image user posted image се родија предвреме не ја добија потребна нега затоа и се случи што се случи.Второ најверојатно чекаа пари да добијат за да ме породат.Бев примена во 18часот со контракции на 5мин и со страшно крварење.Во 19 потпишавме со мм за царски а тек следниот ден во 11:30 ме внесоа во сала како итен случај по наредба на началникот на ПИН.За конец се спасив од сепса.Царскиот кој знае како го направиле.Имав страшни болки со месеци и месеци.На вториот царски др. ме крпеше 1 саат.Баш и ме праша кој ме оперирал а кога го прашав зошто само се насмеа и рече сега си ок се е средено..За нега ...ужас....После 2 дена ме префрлија во соба со мајки гиниколошки одпуштени и никој не ме виде ни колку крварам ни како ми е раната сама одев кај сестрите да ми ја одлепат и да ме премачкаат со јод.Ми надојде млеко наеднаш к
Е за вториот царски не ни помислив да се враќам на старото место.Се породив на приватно поточно во Систина.И здравје Боже ако има и трет пат пак ќе биде на приватно.Јас не барам хотелски смештај, нити некоја си кој знае каква нега туку нормална нега што следи после операција.Ииии што ми беше најбитно негата на user posted image Пошто и втората бремност ми беше ризична( постоеше голема веројатност да се породам пред време) ја одбрав Систина.Имаат интензивна за user posted image со одлични неонаталози.Срќе се излезе ок па не ни требаше интензивнаuser posted image
Бдв храната во Систина ми беше ужас.Немаше сол во ниту едно јадење,жива гладна бевuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 18:30:09   
Ikana
Јас си пишав погоре, да има хигиена и да има стручни доктори. Приватно, државно гајлето ќе си каже.
Јас во Државна бев со 300 врски. Фатив сепса, бебето фати сепса, едвај излеговме живи. Значи не знам дали јас сум ненормална или ова секаде се случува. Ми кажаа во Систина дека ги пораѓале и во 32 недела, па добри биле децата. Ама ми кажаа откако се породив. За наредно со памет у глаа, ко попче ќе си дадам 2000 евра и 20 000 нека се, само да не поминам низ хоророт низ кој што поминав.
За негата немам збор, односот на персоналот супер, али тоа хигиената...офффф...прво бев на патолошка, па на ПИН, па во апартман, бубашваби сегде имаше. Којзнае откај фатив бактерија, дал од кревет, дал од вц, дал од преглед дал од операцијата......Не знам, ама јас толку се истрауматизирав што не ни помислувам наредни 4 или 5 години па и јаче да забременам. Едноставно не ми се верува што се случи.

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 18:37:27   
Andriance
Se slozuvam samo deka sekoj so svoe iskustvo..sekoj so svoj izbor i dubina na dzeb..ama da mi kazes deka GAK ili CAIR e bolje od bilo koe privatno...ne me ubeduvas pa ne znam so da e

najmalku sakam da se osekjaqm kako vo hotel...tamu nemas ni nega ni vnimanie neli...sakam da bidam istretirana kako coek...i normalno bebe...
ne velam deka nema...ama kolku pati ste cule deka bebe fatilo infekcija ili majka bakterija ili bebe ispilo voda a taa bila zamatena zasto ne ja ni proverilebla bla...sigurno 10-pati pomalku odkolku na GAK..vo privatnite ednostavno se stresat za svoeto mesto..dzavno - koj te shisha..paznja posle poragja..uf...milovna imenka...so cest na ret5ki isklucoci ama za toa ti trebaat kabli....baska...objasnete mi zasto nemoze sekoja da dobie epidural???

ja na ovaa tema tolku...user posted image

< Поракaта ја уредил Andriance -- 17.4.2012 18:39:51 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 19:54:54   
Viktori
Во врска со болниците, не знам кај е подобро, стварно, затоа што јас се пораѓав 3 пати државно. И четвртиот планирам таму да биде. user posted image


А каде што се случило и на кого, ни сакам да знам ни ме интересира затоа што јас 3 пати се пораѓав и ОК поминав. Првиот пат ќе се истепав со една сестра, вториот пат лежев само една ноќ, а третиот си отидов после 10 саати максимум. Значи јас отидов во болница да се породам, остатокот не го ни гледав, не ме ни интересираше.


Јас не би дала 2000 евра, за еден ден во болница, дури мислам дома да се пораѓам ако некогаш биде можно. Не ми е некоја сатисфакција каков чаршав имале, дали имаат телевизор или интернет конекција, дали сестрата ќе ме вика мило или драго. Во тој поглед за мене болница е болница, макар и златни лажици да имале и јас не можам да поднесам во болница да седам, па то ти е!

Ако биде нешто не ок пак како и да е ќе одам во државна или на неонатологија, сигурно нема во св Лазар да седам, па каква и да е интензивна нега да имале.

И воопшто не е прашање за џебот, туку за кој како ги доживува работите што одат со пораѓајот, па и самиот пораѓај. За епидурална не ми ни паднало на памет.

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 17.4.2012 20:05:32 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 20:04:35   
AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

И воопшто не е прашање за џебот, туку за кој како ги доживува работите што одат со пораѓајот, па и самиот пораѓај. За епидурална не ми ни паднало на памет.


Мај поинт егзекли!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 20:39:04   
mamymamy
Pri izborot na privatna ili drzavna bolnica ne  se raboti za uslovi za majkata, vo smisla na super hrana i sl, tuku za  negata na bebeto.
Izgleda onie sto imale negativno iskustvo vo drzavno porodiliste  ne razmisluvaat za povtorno poragjanje tamu.
Od licno iskustvo prviot pat se porodiv vo Cair, od higienata sum zadovolna, no personalot bese bez vrska. No najstrasno bese sto me pustija za eden den  i potoa imase bebeto komlplikacii..... (bev so vrski!!!)
So vtoroto ne razmisluvav pravec privatna bolnica. I ic ne mi e zal za parite..... (gi nemam mnogu)... bez eden godisen odmor se mozeuser posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 21:52:13   
Ikana
Дај Боже новава државна да е добра и конечно да има саглам услови за сите. А што е со оние што немаат пари за приватно и сакале нејќеле, одат државно? Мене ме интересира кај одат тие пари што од секоја плата се двојат за ФЗОМ? Кај се парите?


< Поракaта ја уредил Ikana -- 17.4.2012 21:54:15 >

(Одговор на членот mamymamy)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 22:18:18   
sandriana RR
Eve i jas da dadam poddrska za drzavnite bolnici - i jas se porodiv vo Cair, kaj dr.Licovski, i sum prezadovolna od doktorot, i vo princip od celiot tretman. I higienata ja odrzuvaat na sosem zadovolitelno nivo (siot nered si go pravat samite pacienti i nivnata (ne)sovesnost i (ne)svesnost za shto, koga i kako se jade vo bolnicki uslovi i kako se odrzuva licna higiena). Doktorot sam mi predlozi i bezbolno poraganje-so blok(epiduralna), no jas samoinicijativno si odbiv. Znaci, i drzavnite ustanovi si imaat uslovi i moznosti, a izborot e ostaven na rodilkite-privatna ili drzavna bolnica. Sepak, najvazno user posted image i mamickite da si dojdat zivi i zdravi doma.

(Одговор на членот libra.n)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 22:22:41   
annabela
Da Ikana taka sto e so onie koi nemaat pari??????Nekoi ke recat neka zemat kredit ima i takvi koi ne mozat ni toa da go storat....zalno mnogu zalno ama toa e realnosta....pak ke recam za zal. Eve vo ovie nekolku mislenja muabetot e dali privatno ili drzavno i toa GAK ili Cair....a sto e so onie koi ne se od Skopje....nekoj pak ke rece pa neka dojdat vo Skopje da se porodat koj im brani.....ama ima i takvi koi nemozat da dojdat do Skopje. Sto mislite kakvi se bolnicite vo Struga Stip Debar(neznam dali voopsto Debar ima ginekologija) Kicevo ili pak Ohrid kade sto ja srusija do temel i nemaat aber veke dve godini da ja napravatuser posted image user posted image
Ama toa ni e realnosta ne ni preostanuva nishto drugo osven da se nadevame na podobro utre

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 22:24:56   
mamicki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Мене ме интересира кај одат тие пари што од секоја плата се двојат за ФЗОМ? Кај се парите?


Ako ima koj da odgovori, i jas bi sakala da prochitam odgovor na ova prashanje.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Приватна vs.Државна Болница
17.4.2012 22:44:27   
kikicka
И мене исто ме интересира ова...условите на детските клиники низ цела МК се катастрофални незнам стварно каде одат тие пари???Незнам каде да ги пратам сликите од болницата што бевме со Л. Прво шо ги интересираше беше како ке платите,а не како ке ја лечат!
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Мене ме интересира кај одат тие пари што од секоја плата се двојат за ФЗОМ? Кај се парите?


Ako ima koj da odgovori, i jas bi sakala da prochitam odgovor na ova prashanje.



< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 17.4.2012 22:47:13 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?