|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Сакаш да имаш твој календар?
ПРИЈАВИ СЕ и добивај новости со корисни, интересни и забавни содржини на својата електронска пошта.

Мама во 20. недела



Стомакот видливо се затегнува, а плодот повторно почна да ја притиска бешиката, па затоа почесто одите во тоалет. Некои трудници малку потешко дишат, бидејќи внатрешните органи, пред се желудникот, поради растењето на матката ги притискаат белите дробови. Ова чувство може да потрае додека плодот не се спушти ниско, неколку недели пред породувањето. Нема правило кога плодот се спушта во породилниот канал, иако обично кај првата бременост тоа се случува 4 – 6 недела пред породувањето, а кај следните бремености обично и не се спушта. Породувањето кај трудниците кои родиле веќе еднаш се одвива на сосема поинаков начин. Ако по спуштањето почувствувате дека полесно дишете, повторно ве чека многу често одење во тоалет, бидејќи плодот повоторно силно ќе ја притиска бешиката. Но, до таму е сеуште долг патот...

Во овој период може повторно да се појави зголемен вагинален секрет, поради растегнување на кожата и чешање во долниот дел на стомакот или градите и нозете. Сеуште можете да чувствувате затегнување на мускулите и сврзните ткива кои ја држат бешиката, а кон нив може да се приклучи и болка во грбот. Само без грижа, сето ова е нормална работа во бременоста.

Може да се појават и Braxton-Hicks-ови контракции. Тоа е безболно и нередовно грчење на матката со кое телото се подготвува за породување. Овие неправилни контракции се кратки, и важно е да не го отворат вратот на матката, бидејќи би дошло до предвремено породување. Доколку овие контракции почнат да се јавуваат во редовен интервал повеќе од половина час, што побрзо советувајте се со гинеколог.

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Дали »верниксот«, масниот слој кој ја прекрива кожата на плодот има своја улога и при породувањето? Поради лизгањето и мрснотијата, бебето полесно излегува низ тесниот породилен канал.

До сега сигурно веќе имате почувствувано барем едно движење на вашиот плод? Неверојатно, зар не?

Оваа недела на ред е нов ултразвучен преглед кој се вика фетален скрининг. Испитувањето е многу важно, бидејќи гинекологот детално го прегледува плодот, неговите органи (мозок, срце, бели дробови, бубрези, желудник, бешика, кичма) и прецизно го мери. Ја прегледува и постелката, како и количината на плодова вода и дава конечно мислење за развојот на плодот. Уште еднаш ќе процени дали постои ризик за развој на Даунов синдром. Кај плодот може да воочи повеќе хромозомски маркери кои би можеле да укажат на можни неправилности. Во тој случај, по детален преглед во болница, трудницата може да бара прекинување на бременоста или на своја совест да одлучи да ја продолжи бременоста.


Прочитајте уште


>>  Плод во 20. недела
>>  Тато во 20. недела



Анкета

Dali?
Jana9

Dali gi nosite burmite od vencavkata?

Da (100%)

Ne (0%)

Mi smeta vo rabotata (0%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!