Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Во стомакот имате една мала, ситна точка, која од ден на ден се повеќе станува голема.
Честитаме, ја преживеавте првата половина од бременоста. Доаѓа период на брзо растење на матката, затоа стомакот видливо се напнува. Плодот ја притиска бешиката, па често мокрите. Некои трудници малку потешко дишат, бидејќи внатрешните органи, пред се желудникот, поради растењето на матката ги притискаат белите дробови. Оваа недела на ред е ултразвучен преглед кој се вика морфологија. Испитувањето е многу важно, бидејќи гинекологот детално го прегледува плодот и дава конечно мислење за развојот.
Стомакот видливо се затегнува, а плодот повторно почна да ја притиска бешиката, па затоа почесто одите во тоалет. Некои трудници малку потешко дишат, бидејќи внатрешните органи, пред се желудникот, поради растењето на матката ги притискаат белите дробови. Ова чувство може да потрае додека плодот не се спушти ниско, неколку недели пред породувањето. Нема правило кога плодот се спушта во породилниот канал, иако обично кај првата бременост тоа се случува 4 – 6 недела пред породувањето, а кај следните бремености обично и не се спушта. Породувањето кај трудниците кои родиле веќе еднаш се одвива на сосема поинаков начин. Ако по спуштањето почувствувате дека полесно дишете, повторно ве чека многу често одење во тоалет, бидејќи плодот повоторно силно ќе ја притиска бешиката. Но, до таму е сеуште долг патот...
<
Повеќе
Плодот е сега приближно голем 25 см, а тежок околу 300 грама. Освен коса, сега почнуваат да растат веѓите и трепките. Целото тело и лице е прекриено со нежни влакненца кои кај повеќето бебиња паѓаат пред нивното раѓање. На девојчињата оваа недела почнува да им се развива матката, а потоа на ред доаѓа и вагиналниот канал.
<
Повеќе
Вие и идната мајка повторно би требало да се распрашате за посета на училиште за идни родители во ваша близина. Училиштата за родители различно се организирани, понекогаш предавања има секој ден, а некогаш се распоредени во тек на цел месец. Доколку имате многу обврски, можете да се запознаедте со о...
Повеќе
Стручните лица на трудниците им препорачуваат пливање. Идеално би било да пливате во море. Во базен можете многу брзо да добиете воспаление на бешиката, затоа гинеколозите не препорачуваат пливање во нив. Секако, ви треба и нов костим за капење. Размислете за дводелен, за да можете гордо да го покажете стомакот, но и мокар костим во овој случај нема да ви смета.
забава Бремените
Автор: bobik
Исхраната не е единствениот фактор што влијае врз нашето расположение ...
Кои се главните принципи на медитеранската исхрана?
Медитеранската исхрана се смета за еден од најздравите начини на исхра...
Зошто бебето е гладно и по млечен оброк?
Се случува бебето да побара повторно да цица или да пие млеко кратко в...
Како да го испланирате првото патување со бебето?
Првото патување со бебето може да донесе возбуда, но и многу прашања. ...
Дали цигарите ја намалуваат плодноста кај жените?
Пушењето цигари може негативно да влијае врз женската плодност, да ги ...