Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Вашето срце работи со полна сила, бидејќи на плодот мора да му обезбеди доволно количина на кислород. Во овој период од бременоста срцето пумпа дури за 20% повеќе крв отколку пред бременоста. А до крајот на бременоста таа количина уште се зголемува. На крајот на бременоста срцето ќе мора да пумпа дури 30- 50 % повеќе крв отколку пред бременоста.
Матката насоро ќе ја надмине висината на колковите. Затоа на секој преглед гинекологот ја мери висината на матката, бидејќи на тој начин проверува дали расте правилно и на начин кој одговара. Висината на матката е всушност растојанието меѓу врвот на матката и врвот на срамната коска. Тоа растојание треба да биде приближно пропорционално низ бременоста.
Во текот на бременоста најнормална е појавата на зголемен вагинален секрет кој нема бела боја, не пецка и не мириса. Ако добие боја на крв или замириса, треба да одите на гинеколог. Понекогаш виновник е половиот однос или можеби габична инфекција која во бременоста е повеќе од вообичаена. Тоа за плодот е безопасна инфекција, но сепак треба да се лекува, обично со вагиналетки кои некое време се ставаат во вагината. Можеби зад инфекцијата се крие некое воспаление на мочните патишта. Лекувањето е едноставно, затоа не го одложувајте одењето на доктор. Треба навреме да се открие вистинската причина и да се лекува соодветно, за да може бременоста безбедно да напредува.
ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?
Периодот меѓу 15. и 16. недела, по мислењето на многу стручни лица, е најсоодветен период да им кажете на вашите соработници, пред се шефови дека сте бремени. И онака тоа нема да можете уште долго да го одложувате, бидејќи ќе ве издаде стомакот. Во случај на медицински докажана состојба, односно доколку поради работата плодот е загрозен, докторите ја оставаат трудницата на боледување. Некои работни места не се соодветни за трудници, и покрај добрата здравствена состојба, на пример, работа со испарливи хемиски состојки, штетни материјали, работа на движечка лента. Ноќната работа е забранета.
Плод во 15. недела
Тато во 15. недела
Слични артикли:
Тродимензионално ехо
Претходна недела: 14. недела
Следна недела: 16. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да го четкате првото забче кај бебето?
Појавата на првото забче е важен момент, но истовремено и почеток на р...
Хипертиреозата, односно зголемената активност на штитната жлезда, е со...
Цел ден за себе, одмор за умот и телото
Цел ден само за себе е ретка можност да се поврземе со нашите мисли, ж...
10 совети за нега по појава на првото запче кај бебето
Појавата на првото запче е важен момент во развојот на бебето. Иако е ...
Женското здравје претставува комплексен и важен дел од целокупното здр...
Кофеин за време на бременост.
пеперутка16
Дали е здраво да се пие многу кофеин за време на бременост, дали влијае на здравјето на бебето? Колку кафе мислите дека е „дозволено“ да се пие дневно за време на бременост?