Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Како и сите други, и оваа недела плодот е прилично активен. Освен што весело плива во својот мал базен, до сега под небцата се развиени сите млечни заби кои на сонце ќе излезат по раѓањето, поточно во 6. месец или подоцна.
Плодот сега е тежок приближно 28 грама, а исто толку и плодовата вода. Долг е од 6 до 8 см. Оваа недела цревата кои досега беа малку надвор од стомачето, сега се поместуваат подлабоко во внатрешноста на стомачната празнина. Стомакот полека се затвора. Црниот дроб почнува да излачува жолчка. Да кажеме дека уште еден орган, поточно жлезда почнува да ја врши својата задача – панкреасот – која веќе лачи инсулин. Инсулинот во црниот дроб ја преработува гликозата во гликоген, односно се грижи за нивото на шеќер во крвта.
Оваа недела почнуваат да се формираат и гласните жици, а лицето на плодот е секој ден се послично на човековото. Очите се поместуваат кон средината на лицето (на почетокот беа повеќе од страна на главата), а и ушите се веќе на своето право место.
На деталниот ултразвучен преглед, гинекологот може да го утврди и полот на бебето, доколку плодот е во добра положба, но и тоа не мора да биде точно. За прашања околу полот на детето има уште време, важно е тоа правилно да се развива.
Мама во 13. недела
Тато во 13. недела
Слични артикли:
Претходна недела: 12. недела
Следна недела: 14. недела
Што ми треба за новороденче?
Исхрана за трудници
Во очекување на детето
Бременост и породување
Двојки, тројки, четворки
Породилиште
Спонтан абортус
Вежбање
Форуми за бременост
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто спиењето е толку важно во бременоста?
Спиењето е една од најважните потреби за време на бременоста. ...
Болки во бременоста, што е нормално, а што не?
Бременоста носи бројни промени во телото, па затоа е сосема очекувано ...
Личниот пример е најмоќната родителска лекција
Децата не учат само од тоа што им се кажува, туку многу повеќе од тоа ...
Хормонални циклуси и дебелеење
Многу жени забележуваат промени во телесната тежина во различни период...
Дијабетес, како да го препознаете и лекувате?
Дијабетесот е хронично заболување при кое организмот не може правилно ...