|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зошто моето дете се разболува толку често?

Редакција Рингераја, 23.11.2010
Обичната настинка може да биде предизвикана од повеќе од 200 различни вируси, а детето може да изгради имунитет на само еден од нив, за едно разболување

image
/11


Дали се сеќавате на сите настинки кои сте ги имале во животот? Вашето дете исто така ќе треба да ги прележи сите, или уште повеќе, за да изгради имунитет.

Малото дете што истражува се преку допир, лесно доаѓа во контакт со бактерии и вируси преку рацете. Тогаш се што треба да направи е само да го стави прстето во нос или во уста, или да си ги протрие очите и вирусот ќе има можност да се развие и да му ја влоши здравствената состојба на детето.

Вашето дете може да се разболува почесто во есен и зима, бидејќи ладниот воздух и внатрешното греење ја сушат носната слузница, дозволувајќи им на вирусите да најдат соодветна средина. Покрај тоа децата поголем дел од времето го поминуваат дома, каде е поголема веројатноста вирусите да се пренесат од човек на човек.

Последните истражувања го потврдуваат она што вработените родители веќе го знаат – децата кои одат во градинка почесто боледуваат од настинки, грип и други респираторни заболувања, отколку децата кои се гледани дома. Дури и да не е во група со многу деца, можно е Вашето дете да биде болно 6-12 пати годишно. Како расте, бројот на настинките ќе се намалува, при што околу 10 годишна возраст, детето ќе се разболува околу 3 пати годишно.

Како да направите разлика меѓу настинка, грип и алергија?

Ако детето има температура повеќе од 38.5 степени, од носето истекува бистар секрет, детето е невообичаено поспано, се жали на болки по телото и нема апетит, тогаш најверојатно станува збор за грип.

Затнато носе, или настинка се карактеризира со густ бел жолт и зелен секрет од носето, црвено грло или кашлица, од кои детето нема да се чувствува толку лошо како од грипот.

Дете со грип може исто така да добие повраќање и пролив. Настинката исто така може да предизвика повраќање ако детето има многу секрет, или ако многу кашла.

Очи кои чешаат и солзат се знак на алергија, исто и честите напади на кивање и чешање на кожата кои продолжуваат со недели или месеци, додека настинката обично трае 7-10 дена. Покрај тоа секретот од носот ќе продолжи да се бистри, а не да се згуснува и да станува жолт или зелен, како кај настинката. Температура кај алергиите нема и тие најчесто се појавуваат во пролет, лето и рана есен.

Како да ја лечите настинката кај детето?

Ниеден лек нема да го натера вирусот да исчезне побрзо, но може да направите неколку работи за да ја ублажите состојбата на детето:

  • нудете му повеќе течности – телото на детето работи напорно за да ја победи инфекцијата и има потреба од хидратација, особено кога температурата е висока. Топлите напитоци како чај, пилешка или зеленчукова супа  го смируваат црвеното грло и привремено ги отвораат дишните патишта. (Не давајте им на Вашите деца таблети за воспалено грло бидејќи постои опасност од задавување кај деца од 4 годишна возраст) Бидејќи децата до 4 годишна возраст не можат сами да го испразнат носот, потребна им е Вашата помош да го исчистите нивното носе на други начини:
  • користете пумпица за нос за да го извадите секретот, ако детето Ви дозволува (малите деца се противат повеќе од бебињата на оваа тактика)
  •  користете навлажнувач за воздух во спалната соба на детето. Влажниот воздух ќе го заштити носето од затнување што ќе му помогне на детето побрзо да заспие.
  •  останете со детето во бањата и пуштете да течи топла вода. Пареата помага против затнато носе.
  •  подигнете ја јогата под детската глава (ставете крпи, или некаква ткаенина), но никогаш немојте да ставате нешто под ногалките на креветчето, бидејќи ќе го направите нестабилно. Ако детето е големо, ставете му дополнителна перница под главата.

Како да знаете дали настинката не се претворила во нешто посериозно?

Настинките и вирусите го намалуваат имунолошкиот систем на детето, така што тоа станува полесна жртва на бактериски инфекции. Ако забележите било кој од овие симптоми, јавете се на лекар. Тие можат да значат дека детето развило бактериска инфекција и може да има потреба од антибиотик.

  •  детето се жали на болка во ушите, што е симптом на воспаление
  •  густ жолтеникав или зелен секрет од носето, во текот на повеќе од десет дена, придружен со главоболка и чувство на притисок во челото и под очите, што може да се симптоми на синуситис.
  •  влошена кашлица, во комбинација со температура и отежнато дишење, може да е симптом на пневмонија.
  •  болно грло кое се манифестира со ненадејна температура и болни лимфни јазли, може да значи шарлах
  •  свирење при дишење, може да е симптом на бронхит.
  •  температура над 38 степени (измерена ректално) која трае повеќе од три дена

Што можете да направите за да се намали бројот на настинки кои ќе ги добие Вашето дете?

Доброто, старо миење на раце е сеуште најдобриот начин да го заштитите Вашето дете од настинки. Нема потреба да користите антибактериски сапун, секој сапун го отстранува мрсниот слој од рацете, во кој се содржат микроорганизми. И покрај тоа што не можете да го натерате детето да ги мие рацете по секој допир на нешто валкано, обидете се да му создадете навика да ги мие рацете пред ручек, или по доаѓање од парк.

И покрај тоа што Вашето дете најверојатно нема да може да го издува носот само, научете го на добри хигиенски навики и покажете му како да го издува носот во марамче, и да кашла со главата завртена настрана, а не во своите раце. децата сакаат да ги имитираат родителите, ако Вие имате навика да користите марамчиња и детето ќе го прави истото.

Можете на детето да му давате витамин Ц, иако нема научни докази дека заштитува од настинки. Исто така имајте на ум дека 60 мг витамини се содржат во една чаша овошје, или во половина чаша сок од портокал.

Бидете сигурни дека детето се храни здраво, со многу овошје и зеленчук, се одмора доволно и се движи активно.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да го научите Вашето дете на добри вр...
Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредноти.
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Врзете се и возете!
Сигурносниот појас е најефикасна направа за заштита на патникот во автомобилот и во останатите превозни средства, и најд...
5
Што треба да им кажувате на вашите деца се...
Во време како денешното со несопирливиот развој на технологијата и зголемениот број на обврски, понекогаш се чини дека п...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?