Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
1. Дишни патишта
Хигиената е многу важна кога се грижите за дете кое боледува од настинка или друга респираторна инфекција. Солен раствор се користи во првите денови од животот за чистење на носот на бебето. Микроорганизмите се размножуваат во секретот, па се препорачува да се извади од носот со што ќе се подобри дишењето.
2. Мукозната мембрана на окото
Со настинки и други респираторни инфекции, инфекцијата често влијае на мукозните мембрани на окото. Кога плачеме, и шмркаме, бидејќи низ носот течат солзи, а ако носот е затнат, тогаш очите ќе бидат отечени и насолзени. Очите на бебето треба да се измијат (избришат) со физиолошки раствор користејќи газа.
3. Чистење на носот
Бебињата и малите деца не знаат да дуваат нос, па им треба вашата помош. Носот е многу чувствителен орган кај најмладите и треба да се чисти со посебно внимание бидејќи детето се жали штом ќе му пријдете. Натопете памук завиткан во чај од камилица или слез и со него внимателно избришете ги ноздрите и отстранете ја слузта што се насобрала таму.
4. Ушен канал
Оваа постапка треба да се изведува со претпазливост, а доколку детето е немирно, немојте ни да ја започнувате. Ушната ресичка можете да ја измиете само со памук кој претходно сте го натопиле во топла вода. Ако увото е блокирано, консултирајте се со лекар.
5. Дентална хигиена
Детето сака да ги имитира возрасните во сe, па миењето заби секако ќе биде интересно. Набавете квалитетна четка за заби и бебешка паста за заби. Оваа навика треба да ја усвои уште на рана возраст.
6. Капење и настинки
Детето треба да се капе иако е настинато, иако има температура. Има родители кои во овие случаи се воздржуваат од капење на детето, плашејќи се да не му се влоши состојбата. Единствениот услов што треба да го исполните е детето да не биде изложено на ненадејна промена на температурата. Соблекувањето на детето, капењето и повторното облекување треба да се прави во истата просторија.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Важноста на гинеколошките прегледи
Во современото општество, грижата за здравјето станува сe поактуелна, ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: