Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Превоз
Многу често се случува кај болните од хронична болест (астма, опструктивен бронхитис, егзема), ситуацијата да им се влоши ако ја променат средината. Но сепак најчесто се одлучуваме да тргнеме.
Превозното средство и должината на патот се многу важни за малите патници. За најповолни превозни средства се сметаат автомобил и воз (првиот заради малиот број на патници и можноста да се направи пауза во текот на патувањето, а другиот заради можноста за движење во текот на патувањето).
Сместување
Што се однесува до сместувањето, најдобро е приватно сместување за летување со деца. Во тој случај на бебето секогаш можете да му подготвите топол оброк, свежа кашичка или чај. На децата со возраст до 12 месеци, не би требало да им давате хотелска храна. Најдобар избор за семејства со мали деца се хотелските апартмани.
Море
Ако сте се одлучиле да летувате на море, немојте веднаш да одите на плажа. Прошетајте се со бебето покрај море, сместете се во ладовина и пијте млаки напитоци. На бебето ќе му биде доволно мало разладување во морската вода, која сте ја затоплиле во чамец или базен.
На постарото дете дозволете му да биде во морето додека не му стане ладно. Не постои временско ограничување за задржување во море, тоа зависи од дете до дете. Децата со бела кожа и светла коса се чувствителни на сонце.
По капењето избришете го детето, пресоблечете го и исушете му ја косата, па однесете го под сенка. Играта во вода и на плажа отвора апетит, па понудете му на детето свежо подготвена храна.
Базен
Што се однесува до капење на бебето во базен, на родителите секогаш им се советува да бидат внимателни. Колку и да е водата во базените хигиенски исправна, таа содржи средства за дезинфекција, надразнувачки за чувствителната кожа на децата, посебно за очите. Многуте капачи и некултурното однесување на некои од нив (прскање, плукање, мокрење) ја прават водата во базенот непрепорачлива за мали деца.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека телото е подготвено за бременост
Подготвеноста за бременост не се мери само со желбата за дете, туку и ...
Задржување течности или масно ткиво
Промените во телото често создаваат дилема, дали станува збор за задрж...
Вежби за фина моторика според возраста
Фината моторика се однесува на способноста за прецизни движења со раце...
Контрола на хормоните во текот на бременоста
Бременоста е период кога телото на жената поминува низ интензивни хорм...
Рутина за спиење според возраста на детето
Добрата рутина за спиење е клучна за здрав развој, расположение и одне...