vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еве некои основни работи кои треба да ги совладаат децата пред поаѓање во училиште:
Грижа за себе
Додека е дома или во градинка детето обично бара помош при одење во WC. На училиште ќе мора да го прави тоа само. Секое дете пред поаѓање во училиште треба да знае самостојно да корсти тоалет да ги измие рацете, правилно да се облече, да го издува носете ако му тече и да ги покрие устата и носот кога кашла и кива.
Грижа за личните работи
Детето треба да знае да се грижи за своите работи но и за работите на другите деца. Тоа значи дека треба да знае што треба да се фрли во канта, каде треба да ја чува ужината и како да јаде, да стави капаче на фломастерите да ги чува кнгите и тетратките уредни и на своето место и секогаш да знае каде му се наоѓа училишната торба.
Развиени моторички способности
Детето на оваа возраст треба да знае да користи ножички за деца и правилно да го држи моливот. Исто така треба да знае да ги врзува врвките и правилно да се закопча.
Останати моторички способности
За подобро да се снајде во новата група детето треба да има развиени и други моторички вештини како што се скокање прескокнување, качување фаќање топка...
Развиени интелектуални вештини
На секое дете ќе му биде од корист ако во прво одделение знае да брои до десет, ако ги познава повеќето букви и ги разликува основните бои.
Развиени социјални вештини
За подобро да се снајде на училиште и да се почувствува дел од групата (одделението) детето треба да знае како да комуницира со другите деца (да дели, да помага, да се бори за себе да простува), но и како да комуницира со возрасните.
Вештина за решавање на проблеми
Овие вештини се од голема корист во училиштата и децата кои ги имаат полесно ги совладуваат почетните училишни задачи. Притоа не мислиме на комплицирани проблеми туку на способности кои детето ги развива низ игра. Забавувајте се играјќи и детето ќе биде подготвено за новите животни задачи.
Препознавање на сопственото име
Можеби звучи банално, но децата кои ќе тргнат во училиште не се баш навикнати да ги прозиваат, па често не реагираат кога учителката ќе го изговори нивното име. Ако бидат подготвени на тоа поаѓањето на училиште ќе им биде пријатно искуство.
8
5
5
5
забава Бремените
Автор: bobik
Чести причини за будење навечер кај децата
Ноќното будење е многу често кај бебињата и малите деца. Некои деца се...
Како да го пронајдете вашиот реален ден на овулација?
Овулацијата не се случува секогаш на истиот ден од циклусот. ...
Раѓањето на дете е еден од најубавите, но и најголемите предизвици за ...
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...