vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Дома треба да имате посебна кутија во која се наоѓаат најосновните работи кои се потребни за давање на прва помош на повреденото дете.
Во тој случај ќе имате се што ви е потребно при рака. Таа кутија чувајте ја подалеку од дофатот на вашето дете, затоа што тие средства не се играчки. Кутијата земете ја со себе и кога одите на одмор, а ако ви изгледа дека е преголема и претешка, земете барем по еден примерок од се.
Оваа кутија треба да содржи:
- кутија со самолепливи фластери со различна големина (за помали рани додека сеуште нема красти),
- кутија со стерилизирани гази со димензија 8 x 8 см, секое парче одделно спакувано,
- стерилен завој (два x 5 см ширина и еден x 3 см ширина),
- тркало самолепливи траки за завој и фластери,
- триаголнеста марама (во случај на пад),
- неколку парчиња железни спојувалки,
- шишенце со отстранувач на фластери,
- ножици за сечење на газа,
- пинцета (за отстранување на трнови и сл.),
- алкохол,
- крема против изгоретини од сонце и убоди од инсекти (содржи антихистамин),
- термометар,
- средство против болки, се дава PARACETAMOL, ЗАТОА ШТО ДЕЦА ДО 12 ГОДИНА НЕ СМЕАТ ДА ЗЕМААТ АСПИРИН.
Кутијата никогаш не смее да биде празна, затоа веднаш купете ги работите кои недостасуваат во неа.
6
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Колку често треба да се бања бебето?
Бањањето е важен дел од негата на бебето, но не мора да биде секојднев...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Бременоста не значи дека мора да се откажете од патувањата. Ако бремен...
Дали ви се чини дека разговорите сe почесто завршуваат со недоразбирањ...
Како да препознаете дека некој навистина ве сака?
Љубовта не се препознава само по убавите зборови, романтичните пораки ...
Зошто забременувањето понекогаш трае подолго?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...