vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Нозете и вратот, делот зад увото и косата, се најчести места на кои се кријат крлежите. Чувствителните места треба да се заштитат со средства кои ги одбиваат инсектите. Но, проблемот е во тоа што крлежот е снаодлив, па умее да најде места кои не се намачкани.
Што можат родителите да преземат?
Најдобро е да го однесете детето во амбуланта, каде убаво и брзо, со стерилни инструменти, ќе го отстранат крлежот.
Крлежот не треба да се вади на лице место со игли и други прирачни “алати”, а не треба ниту да го откорнувате со раце, бидејќи неговата глава ќе остане во внатрешноста на кожата. Може да се обидете да ставите коцка мраз на крлежот неколку минути, за да се умртви. Потоа можете да го извлечете.
Терапија
Детето на кое ќе му се закачи крлеж мора да биде на антибиотска терапија за да се спречи појава на лајмска болест (воспаление на мозокот). Секој трет ктлеж во градот во себе го носи предизвикувачот на оваа болест. Лекарот треба да ја одреди дозата и должината на терапијата.
Совети
Крлежите не пренесуваат само лајмска болест, туку и менингитис и менингоенцефалитис. Доколку крлежот се закачил за дел од телото, не смее да се премачкува со никакви средства, ниту да се гмечи или кине, туку внимателно да се извади. Стручниот надзор при каснување од крлеж трае еден месец. Доколку во тоа време се појави црвенило во облик на круг, значи дека се појавила инфекција.
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...