|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Што со јајцата кои ќе Ви останат по Велигден?

Редакција Рингераја, 1.5.2016
Полнетите јајца се сјајно предјадење за секоја прилика, а различните филови ќе ги задоволат и најпребирливите сладокусци. Избравме неколку рецепти, за секого по нешто, а Вие може слободно да експериментирате и да додавате нови состојки

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Класични полнети јајца

Ова е убав, брз рецепт, погоден за деца, бидејќи нема зачини

 

Состојки:

6 тврдо варени јајца, пресечени по должина

¼ чаша мајонез

½ кафена лажица сенф

½ лажичка бела киселина

1/8  лажичка сол

¼ лажичка бибер

пиперка за украс

 

Извадете ја жолчката, ставете ја на чинија и испасирајте ја со вилушка. Додадете мајонез, сенф, киселина, сол и бибер и се заедно промешајте. Со филот наполнете ги белките од јајцата. Покријте ги со провидна фолија и оставете ги во фрижидер еден ден пред послужување.

 

Грчки полнети јајца

Состојки:

6 тврдо варени јајца

¼ чаша мајонез

1-2 лажици сенф

2 супени лажици фета сирење

1 лажица ситно сецкани маслинки

оригано

сол и бибер по вкус

пиперка

Извадете ја жолчката од јајцата, испасирајте ја во чинија и додадете мајонез, сенф, фета, маслинки и оригано. Се заедно измешајте, наполнете ги јајцата и украсете со мелена пиперка.

 

Јајца полнети со спанаќ

Состојки:

12 тврдо варени јајца

¼ чаша мајонез

2 лажици јаболкова киселина

2 лажици растопен путер

½ кесичка замрзнат спанаќ од кој ќе ја исцедите водата

3 ситно сецкани парчиња пушена сланина

млад лук

сол и бибер по вкус

 

Сите состојки измешајте ги заедно со претходно испасираните жолчки и наполнете ги јајцата. Изладете ги во фрижидер најмалку еден час пред послужување.

 

Како да сварите тврди јајца?

Постојат неколку начини за тоа:

- Ставете ги јајцата во големо тенџере, ставете најмалку еден литар вода, за да ги прекрие јајцата. Ставете капак и пуштете го шпоретот на најсилно. Кога водата ќе зоврие тргнете  го тенџерето од оган и оставете го поклопено најмалку 20 минути. Потоа изладете ги јајцата со ладна вода.

- Во големо тенџере ставете ги јајцата и ставете најмалку еден литар вода. Тенџерете ставете го на оган и вклучете на висока температура. Откако водата ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да се варат 14 минути. Потоа изладете ги јајцата со ладна вода.

 

Како да ги наполните јајцата?

Јајцата најлесно се чистат под млаз ладна вода. Јајцата може да ги полните со лажица, што е потежок начин. Најдобро е да земете кесичка за замрзнување и малку да го отсечете едниот ќош. Ставете го филот во кесичката и нежно стискајте за да ги наполните јајцата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Забавни игри и активности
Родителството понекогаш бара пауза. Но добрата вест е дека можете да ги забавувате вашите деца додека одмарате! Овде се ...
3
Моите деца не ме слушаат!
Не е важно колку пати ќе им кажам на децата да направат нешто, освен ако не направам нешто драматично, како гласно викањ...
3
Како да бидам добра маќеа?!
Да се стане родител во мешано семејство, или да се стане сопруга на некој со деца може да биде голем предизвик.
3
Мама и тато воспитуваат различно ?!
Секој родител се стреми да го воспита добро своето дете. Но, замислата за тоа "добро" често е различна
3




Анкета

Dali ste humani luge?
Jana9

Dali ste humani luge?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!