Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Постојат толку многу активности во кои може да се вклучите, за да и ја олеснете бременоста на својата партнерка
Дајте и до знаење дека забележувате како и расте стомакот. Почувствувајте ги ударите на бебето, ставајќи ја раката на нејзиниот стомак. Пуштете му на бебето музика и читајте му.
Обидете се да бидете присутен на некој од прегледите на вашата сопруга. Со тоа ќе покажете дека учествувате, а не дека сте пасивен набљудувач. Тоа е посебно важно ако се потребни посебни испитувања, или ако дошло до некакви компликации. Присуството на прегледите ќе ви овозможи да дознаете во каква состојба на духот се наоѓа вашата сопруга, да ги прифатите промените во расположението и подобро да ја разберете нејзината болка.
Вашата партнерка ќе мора да ја прилагоди исхраната, да го отфрли алкохолот и да пие повеќе течности. Бидете и' поддршка и делете го со неа тој начин на живот, барем додека сте во нејзино друштво. Исфрлете ги од дома продуктите кои се штетни за бебето. Намалете со конзумирањето алкохол, немојте да пушите и шетајте заедно со партнерката.
Доаѓајте навреме дома од работа. Направете го тоа за да имате повеќе време за партнерката. Искористете ги последните неколку месеци и дозволете си заеднички моменти: изведете ја партнерката во ресторан или осмислете романтична вечер.
Внимавајте! Ако ви недостасува волја да и помогнете или поголемиот дел од времето сте отсутни со духот или имате работни обврски, нема да постигнете позитивен ефект. Трудете се да и посветите повеќе време на партнерката.

Купувајте, разговарајте и одлучувајте заедно. Опремувањето на детската соба е уште една извонредна можност да ја покажете својата заинтересираност и желбата за соработка додека го очекувате бебето. Помогнете и на идната мама да ја одбере бојата на ѕидовите, намештајот, завесите и подобро да го организира просторот. До моментот на раѓањето на детето облеката за него треба да биде набавена, испрана, испеглана, како и основната опрема за бебето.
Испланирајте го патот до болницата. Важно е да знаете најкраток пат по кој ќе стигнете до болницата и место каде ќе ја паркирате колата.
Имајте разбирање. Ќе почувствувате дека сексуалниот живот ви гасне, но со хормоналните промени, болките во грбот, утринските мачнини и разбирливата загриженост поврзана со бременоста, сексот може да изостане, а исто така може да стане и почест – трудниците се непредвидливи.

14
12
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како телото реагира на бременоста?
Бременоста е многу повеќе од растење на стомакот. Од моментот кога ќе ...
Што значи итен царски рез и дали носи поголем ризик?
Кога ќе се слушне изразот „итен царски рез“, кај многу идни мајки ведн...
Висок крвен притисок во бременост
Бременоста носи бројни промени во организмот, а една од најважните раб...
Колку често треба да се тушираме?
Туширањето е важен дел од личната хигиена, но не постои една идеална б...
Промени во крвниот притисок и пулсот во бременоста
Бременоста носи бројни промени во организмот, а кардиоваскуларниот сис...