|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Седум реченици со кои ќе го расипете вашето дете

Редакција Рингераја, 16.9.2019
Побрзај, бидејќи јас велам така, ти си најдобар, не плачи – се само некои од речениците со кои ќе ја уништите самодовербата на детето и заради кои тоа ќе изгради псевдоидентитет, кој подоцна тешко ќе го избие од главата
Клучни зборови:

image
/11


 

Совршен родител не постои и никој не вели дека треба  по секоја цена да бидете такви, но можете да вложите малку труд и да размислите какви пораки им испраќате на вашите деца.

 

Толку си паметен/убав/сладок. 

За ова веројатно сите сме виновни, но според бројните истражувања, подобро е да го пофалите трудот на детето, отколку да му давате такви изјави. Вам ви се чини дека така ја градите нивната самодоверба, но всушност им вградувате страв од неуспех. Ако не успеам да го решам текстот, дали ќе престанам да бидам паметен? Ако престанат да мислат дека сум паметен, дали и понатаму ќе ме сакаат?

Тоа е посебно важно кога е во прашање изгледот на детето – толку си убав/сладок/згоден. Кога тоа постојано му го зборуваат на детето, не само родителите туку и пријателите, дали е тоа здраво? Сосема е сигурно дека треба да го пофалите неговиот изглед, но каде е границата. Кога тие почнуваат да ги сфаќаат тие изјави како дел од својот идентитет? А псевдоидентитет стекнат во детството, подоцна тешко се избива од главата.

 

Ти си најдобар

Тоа е уште една етикета која ја лепиме на нивниот идентитет. Дали детето е навистина добро во некоја активност? Веројатно  е. Но дали е најдобро? Веројатно не е. Но ако постојано му го повторувате тоа, веројатно ќе почне да мисли така.

 

Зошто? Бидејќи јас велам така

Тоа е веројатно уште една работа која упорно ја повторувате, иако едноставно можете да ја избегнете. Треба да го поттикнете детето да праша зошто и можете да му дадете поедноставен одговор: “Бидејќи сакам да бидеш здрав и сигурен”.

Зошто да не му одговорите на детето? Важно е детето да поставува прашање, па дури и на авторитет. Тоа не значи дека не го почитува или омаловажува, но ќе биде помалку вознемирено, ако ги сфати  причините заради воведување на некое правило или забрана.

 

Лош/а си

Лошото однесување не е исто што и лоша личност. Затоа потенцирајте ја лошата постапка, а не карактерот.

 

Не плачи

Сите плачат, вклучително и момчињата. Не сакате да помисли дека е погрешно да биде ранлив и да ги покажува своите чувства. Тоа е човечки.

 

Престани да се однесуваш како девојче. Биди машко.

Да се биде машко не значи да не се покажуваат емоции, баш како што не значи и дека девојчето мора да биде послушно и скромно. Децата треба да ги охрабруваме да бидат она што се.

 

Побрзај

Ако постојано му зборувате на детето да побрза, веројатно веќе сте го претвориле во личност која постојано врши притисок на тоа мало битие кое само сака да ужива во животот.

Дозволете му да застанува по пат за да набере цвеќе или да вдиши малку воздух. Зошто постојано брзате? Причината веројатно лежи во тоа што вие имате проблеми со организацијата.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ако не знаевте, вакви мајки никој не сака!
Во прилог е список на девет иритантни работи кои ги прават мајките, а ги излудуваат децата и другите мајки
6
Не сакам, не може, не давам...
Една фаза во детскиот развој се вика – фаза на негативизам, бидејќи тогаш детскиот негативен став е најизразен.
4
Добро е да имате тврдоглаво дете?!
Да се има тврдоглаво дете понекогаш е навистина исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има непослушно и немирно мал...
4
5 начини за зголемување на IQ на вашето дете
IQ е збор со кој се соочуваме редовно во текот на нашите животи. Како што сугерираат студиите, луѓето со поголемо IQ има...
4




Анкета

Јасли.
пеперутка16

Дали вашето дете почна да се разболува многу повеќе откако почна да оди во јасли?