vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Малите деца ретко кога пропуштаат можност да ве наговорат да им купите сет за правење на балони од сапуница. Но, течноста со која се прават прекрасни балони брзо ќе се потроши, после што децата остануваат без омилената забава.
Вообичаениот рецепт е мешавина од вода и детергент за садови, но ако додадете уште некои од предложените состојки, балоните ќе бидат поцврсти и поубави. Погледнете ги рецептите и приредете им незаборавна забава на вашите малечки.
Шеќерни балони

Ова е веројатно наједноставниот рецепт, со оглед на тоа што повеќето состојки ги имате дома. Измешајте 1/3 чаша течност за миење садови, 1,5 чаша вода и 2 лажички шеќер.
Балони од глицерин

Љубителите на забавата ги сметаат овие балони за најдобри. Потребно ви е: 3,5 литри вода, 2/3 чаша течност за садови и 2-3 лажички глицерин.
Балони од пченкарен сируп

Потребно ви е 6 чаши вода, 1 чаша пченкарен сируп и 2 чаши детергент за садови. Во оваа мешавина можете да додадете и глицерин за уште поубави и поцврсти балони.
Огромни балони

За уште позабавна игра, наполнете го малиот детски базен со смеса за балони по избор. Нека вашет дете влезе во базенот, а потоа со хула-хоп полека од течноста направете огромен балон од сапуница. Ова е идеална забава за детски родендени.
Најновите вести, резултати од медицински истражувања, совети на стручњаци за родителството и забавни вести, можете да ги следите на нашата страница на Фејсбук – Рингераја.мк
6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...