|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Потврда за посветеноста на Medela на мајките кои дојат и нивните бебиња

Bimek, Medela, 1.8.2020
Поддршката на мајките-доилки е во суштината на сe што правиме во Medela. Постоиме за да го подобриме здравјето на мајките и бебињата преку придобивките на мајчиното млеко кои живот значат

image
/11


Medelamemorandum

 

Поддршка на доењето

 

Доењето е клучна потреба за здравјето на луѓето и една од најефикасните превентивни мерки за здравјето на децата и мајките, независно од тоа каде живеат.1 Императивот на доењето е универзален.2 Меѓународни експерти и светски здравствени органи недвосмислено се согласуваат:

 

„Ако не постоеше доењето, некој кој би го измислил денес би заслужил двојна Нобелова награда, за медицина и економија. Бидејќи „доењето е најдобро“ за долго здравје, но е одлично и за економијата. Доењето е првата вакцина на детето против смрт, болести и сиромаштија, но и најтрајна инвестиција во физичкиот, когнитивен и социјален капацитет. [K. Hansen, Lancet, 2017 3]

 

Поддршката на мајките-доилки е во суштината на сè што правиме во Medela. Нашиот основач, Оле Лашон, го стави ова во центарот на мисијата на Medela кога го напиша нашето ветување за поддршка на доењето во 1981 година: „Се посветуваме на доењето како најдобра исхрана за бебињата и семејствата. Ветуваме дека нашите помошни производи за доење и литературата нема никогаш да се користат за да им влијаат на мајките да преминат од доење на исхрана со вештачко млеко. Ниту дека помошните производи за доење и литературата ќе се користат на некаков начин да го промовираат вештачкото млеко за бебиња“.

Тоа е нашиот компас кој и ден денес нè води до успех. Нашите 1800 вработени низ целиот свет се целосно посветени на нашата мисија:

 

„Постоиме за да го подобриме здравјето на мајките и бебињата преку придобивките на мајчиното млеко кои живот значат“.

 

Кога ќе ги земеме заедно нашата мисија и заложба, јасно е дека наша цел е да и помогнеме на секоја мајка да го нахрани своето бебе со сопственото млеко, секаде во светот.

За да можеме да ги оствариме тие цели, јасно ја дефиниравме нашата мисија и ветување:

 

„Да бидеме водечки застапник и поборник во светот за употребата на мајчиното млеко“.

 

Согласно нашата мисија, преземаме холистички пристап кој ги вклучува следниве аспекти:

  • подобро да ја разбереме лактацијата кај човекот преку наука и истражување;
  • подобро да ги поддржиме здравствените работници низ целиот свет преку едукација;
  • да ги поддржиме мајките-доилки во процесот на доење со едукација и услуги;
  • да ги обезбедиме најдобрите производи за испумпување и исхрана со мајчино млеко, за сите ситуации и фази од развојот на бебето;

 

Ги разбираме потребите на мајките и сакаме да и помогнеме на секоја една од нив да ја надмине секоја тешкотија при доењето и да ги постигне своите цели. За сето тоа, многу е важно да обезбедиме и комплетни решенија за измолзување на млекото, но и подоцна, за исхрана. Подеднакво важно е да бидеме тука за мајките и во текот на бременоста, доењето и понатаму. Нашиот асортиман производи од категоријата „Essentials“ е многу важен елемент во овој холистички пристап. Нашата линија за хранење вклучува шишиња, цуцли, а сега веќе и цуцли за смирување, како и дополнителен систем за доење, хранилка за посебни потреби и шолјата за бебиња, кои се дел од нашиот асортиман на специјални решенија за исхрана. Нашето портфолио на производи ни помага да ги поддржиме здравствените работници, мајките и нивните бебиња на нови и иновативни начини, додека истовремено го афирмираме и остваруваме ветувањето на нашиот основач.

 

Континуирана посветеност на Medela на мајките-доилки 

Многу е важно да се знае како Medela го исполнува своето ветување да биде водечки поборник за доење во светот и како оваа посветеност се усогласува со заложбата на Оле Лашон за поддршка на мајките-доилки и со нашата мисија.

 

Постојано инвестирање во научни и клинички истражувања

Издвојуваме значителни суми финансиски средства низ целиот свет за истражувања во областа на доењето, составот на човековото млеко и исхраната на бебињата. Тоа се научни полиња во кои моментално има недостаток од алтернативни извори на финансирање.

 

Уште од 1996 година, Medela инвестира во основни и применети истражувања на Универзитетот на Западна Австралија (UWA) преку обезбедување на неограничен грант за истражување секоја година. Благодарение на тоа, сега знаеме дека мајчиното млеко содржи матични клетки 4, 5 и дека анатомијата на дојка која е во лактација е различна6 од анатомијата опишана во медицинските учебници уште од 1840-тите 7. Партнерството помеѓу Medela и UWA придонесе и за напредување во технологијата преку 2-фазно измолзување 8, двојно испумпување 9 и за разбирање на цицањето на детето.10, 11

 

Покрај тоа, поддржуваме и најнови клинички истражувања што се од клучно значење за клиничките резултати за подобрување на започнување на лактацијата и понатаму нашето разбирање за составот на мајчиното млеко. Во моментов, поддржуваме испитувања низ целиот свет, вклучително и во САД, Кина и низ Европа.

 

Едукација на здравствени работници 

Се стремиме кон усовршување на здравствените работници преку едукација. Работиме со експерти од целиот свет да помогнеме во справување со и отстранување на пречките во доењето и употребата на мајчиното млеко. Една од тие пречки е недостатокот од стандардизирани информации кои мајките ќе ги добиваат пред породувањето. Нашата програма за едукација на здравствени работници од целиот свет обезбедува високо квалитетни, научно докажани информации и едукација за основна анатомија и физиологија при лактација, доење и за вредноста на мајчиното млеко.

 

Medela е идеен предводник и поборник за исхрана со мајчино млеко, за што организира регионални симпозиуми низ целиот свет. Водејќи ги научните заложби, Medela е домаќин на годишниот Меѓународен симпозиум за доење и лактација во последните 15 години. Во 2019 година го организиравме нашиот меѓународен симпозиум во Лондон, со повеќе од 400 делегати од целиот свет, а традицијата за обезбедување платформа за напредни истражувања ќе продолжи на следниот меѓународен симпозиум.

 

Подобрување и стандардизација на клиничка пракса 

Обезбедуваме уникатни решенија и производи за Одделенијата за неонатална интензивна нега (NICU) за најранливите бебиња кои имаат најголеми придобивки од високи дози мајчино млеко. Иницијативите за подобрување на квалитетот (QI), кои се фокусирани на конкретни индикатори врз основа на докази, им помагаат навработените во NICU подобро да ги поддржат ранливите мајки и бебиња.

Во 2018 год., таква QI-иницијатива поддржана од Medela во едно јапонско NICU резултираше со зголемување на стапката на доење од 15 % на 43 %.

QI-иницијативите сега ги има и во Индија, Канада, Австралија и Мексико.

 

Поддршка за мајките-доилки

Само во 2019 година, помогнавме на милиони мајки и бебиња. Ги поддржавме да ги постигнат нивните цели во доењето и им помогнавме во текот на целиот процес благодарение на нашата технологија во болниците и дома, со нашата услуга за изнајмување пумпа и други производи.

На глобално ниво, ги собравме најновите научни истражувања, под водство на водечките светски експерти за лактација, за да им дадеме на мајките најнови информации за неверојатната наука за мајчиното млеко. Нашата интерактивна наградувана е-Книга, која е достапна на 13 јазици, ги води мајките низ секоја клучна фаза од нивното доење и дава практични совети за помош во доењето.

 

Широко портфолио - вклучително и понуда за специјални потреби

Нашите производи одговараат на секојдневните потреби и предизвици на мајките и можат да и помогнат на секоја мајка која има за цел да му пружи мајчино млеко на своето бебе.

Ние им нудиме на мајките најширок спектар на производи за да им помогнеме да ги надминат тие предизвици. Нашето портфолио на производи е засновано врз потреби и со тоа нашата посветеност станува реалност преку секој производ што го продаваме.

Во преден план на работата на Medela е технологијата за испумпување. Првата пумпа со вентил ја претставивме во 1961 година, а 2-фазното измолзување во 1998 год. Воведувањето на првата и единствена технологија за иницирање лактација во 2006 година, им овозможи на мајките кои се со висок ризик да иницираат и изградат сопствен систем на снабдување и да обезбедат млеко за своите ранливи бебиња.13

 

Нашата работа не е насочена само кон пумпи. Ние обезбедуваме комплетен систем за поддршка за да им овозможиме на мајките да ги постигнат своите цели во доењето, преку измолување и хранење на бебето со сопственото млеко. Ова вклучува дополнителен систем за доење кој им помага на бебињата да се хранат директно од дојката, додека го потпомагаат доводот на млеко; хранилка за посебни потреби што поддржува новороденчиња со посебни услови за хранење кога не можат директно да се дојат; како и нашиот систем за ентерална исхрана што им помага на ранливите и болните доенчиња да добијат мајчино млеко.

 

Програми за општествена одговорност

Овие програми се автентичен, интегриран израз на мисијата на Medela, поддржана преку општествената одговорност на компанијата, заедно со нашите партнери со кои имаме иста мисија.

Доењето е голема иницијатива во областа на јавното здравје; ова е причината зошто Medela вети поддршка на движењето „Секоја жена, секое дете“ за да ја надополни работата на СЗО и УНИЦЕФ за намалување на глобалната неонатална смртност и морбидитет. Medela обучува специјалисти во Индија за да ја подигне свеста за вредноста на мајчиното млеко преку едукација.

 

Резиме

Во Medela сме горди што имаме можност да поддржиме милиони мајки и бебиња низ целиот свет во текот на доењето. Тоа е нашата страст и тоа нe прави она што сме денес.

 

Ќе ја продолжиме нашата мисија за поддршка на мајките и бебињата и ќе ја задржиме водечката позиција во светот како поборници за исхрана со мајчино млеко. Ние ќе продолжиме со нашите заложби и поддршка на производи засновани врз докази и истражувања со цел да и помогнеме на секоја мајка да го храни своето бебе со мајчино млеко што е можно подолго.

 

Вчера, денес и утре, ние сме истата компанија која останува целосно посветена на заштита на храбриот потфат на мајките да ги дојат своите деца и да ја обезбедуваат најдобрата исхрана за нив.

 

 

Март 2020 година

 

 

Референци

 

1 Victora CG et al. Lancet. 2016; 387(10017):475–490. 2 Rollins NC et al. Lancet. 2016;

 

387:491–504. 3 Hansen K. Lancet. 2016; 387(10017):416. 4 Cregan MD et al. Cell Tissue Res. 2007; 329:129–136. 5 Hassiotou F et al. Stem Cells. 2012; 30(10):2164–2174. 6 Ramsay DT et al. J Anat. 2005; 206(6):525–534. 7 Cooper AP. London, UK: Harrison and Co.; 1840. 193 p.

 

8 Mitoulas L et al. J Hum Lact. 2002; 18(4):353–360. 9 Prime DK et al. Breastfeed Med. 2012;7(6):442–447. 10 Sakalidis VS et al. Int J Pediatr. 2012; 2012:ID 130769. 11 Simmer K et al. J Perinatol. 2016; 36(3):210–215. 12 Hara T. et al. Proc JNA. 2019; 49(30):67–70. 13 Meier PP et al. J Perinatol. 2012; 32(2):103–110.

 

medelabimek

 

bimeklogo

Ул. Јуриј Гагарин 31б, 1000 Скопје

info@bimek.com.mk

www.bimek.com.mk

Телефон за поддршка и совети 

за Медела производите 075 464 060 

Online 

www.kiwi.mk/medela

www.mitra.mk/medela

Производите на Медела ги има во сите подобро снабдени аптеки

низ Македонија (Еурофарм, Зегин, Виола, Донафарм Систина,

Данеафарм Ремедика, Бебе Хоме во City Mall, Андреј Компани, 

АнниФарм во Capitol Mall, Мери Фарм во Охрид и во други аптеки)

Web bimek.com.mk/medela

fbmedela

igmedela

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

МЕДЕЛА наградува инспиративни приказни од ...
По повод Светската недела на доењето Рингераја и Медела - организираат конкурс - ИЗБИРАМЕ ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА ОД ДОЕЊ...
2




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?