Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во текот на животот градиме многу односи и секој од нив е посебен на некој начин, но еден од оние кои најмногу не одредуваат во животот е односот кој го градиме со родителите. Секако дека и двајцата родители се важни за здраво и урамнотежено растење, но сепак често, само со едниот од нив создаваме посебен однос. Мајките често се поврзуваат со синовите, а ќерките со татковците. Односот на татковците со нивните миленички е посебен и во многу случаи го трасира животниот пат на ќерката.
Таа е неговата малечка принцеза и секогаш ќе ја доживува така, колку и да е голема. Таа пак ќе појде кај него во моментите кога ќе и биде потребно посебно разбирање и заштита. Таткото ќе биде мера за проценување и вреднување на личностите од спротивниот пол, но и повеќе од тоа, таткото ќе биде пример за тоа што треба ќерката да очекува од својот партнер. Затоа е исклучително важно татковците да бидат свесни за тоа и со мала помош на мајката на девојчето да му всадат важни параметри и позитивни примери.

Психологот Др. Џенифер Кромберг посветила доста време на таа тема и заклучила дека татковците ги обликуваат свесните и потсветсните очекувања на ќерката од партнерот. Тоа почнува од изгледот: на девојчињата често им се случува да им се допаѓаат мажи кои се физички слични на нивниот татко.
Стручњаците сметаат дека таквите ситуации не се само резултат на површна сличност туку и знак на нешто подлабоко. Децата во најраниот период од животот се што ќе научат учат од родителите и од нивното однесување обликуваат слика за светот и очекувањата од него. Односот со таткото, покажале истражувањата, е поврзан со општествената стабилност и со достигнувањата во училиште, но според истражувањето објавено неодамна во Journal of Genetic Psychology, ги обликува и љубовните врски на ќерката.
Татковците често ќе се согласат на се што мама нема да сака, бидејќи не можат да му одолеат на шармот на своите девојчиња. Колку вашата ќерка да била слатка и неодолива, имајте на ум дека во одгледувањето најважна е доследноста. Што ќе одлучи едниот родител, другиот мора да го почитува тоа. Ако таткото е посебно внимателен кон својата миленичка, но покажал и друг однос кон жените во текот на својот живот, ќерката ќе го регистрира моделот на однос кој го остварил и со другите жени. Освен тоа и мажите можат да променат нешто во односот кон жените, учејќи од односот кон својата ќерка.

Интересно е и тоа што влијанието на таткото на детето остава голем впечаток, независно дали таткото е биолошки или не.
Имено, често новиот сопруг на мајката на детето ќе оствари подобар однос со децата од нивниот биолошки татко.
Значи тоа е најважно, истакнува Кромберг, да се воспостави почитување и разбирање, односот да се базира на искрен разговор, на постојано емотивно поврзување и едукативно делување. Дури и тогаш кога младите жени, заради некоја причина не го следат примерот на таткото, поточно не бараат физички или психички сличен партнер и тие кои одат спротивно од татковиот пример, го користат токму него како ориентир.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за следна бременост?
Одлуката за следна бременост е многу лична и зависи од физичката подго...
Водич за зајакнување на детскиот имунитет
Имунитетот кај децата е систем кој постојано се развива, особено во пр...
Кога да се грижите ако детето користи агресивен говор?
Агресивниот говор кај децата како викање, навредување или користење гр...
Како да се подготвите за спермограм?
Спермограмот е едноставен тест, но подготовката за него прави огромна ...
Кукањето, плачењето и викањето се нормален дел од детскиот развој, осо...
„Намаз“.
пеперутка16
Дали верувате во „намаз“ и дали се заштитувате себеси и вашето дете од него? Се прашувам колку ние во Македонија сме оптоварени со намаз, додека во некои делови од светот дури и не знаат што е намаз?