|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Пореметување на сонот кај аутистичните деца

Редакција Рингераја, 14.1.2021
Децата со аутистичен спектар меѓу многуте симтоми имаат и проблеми со заспивањето. Тоа ги исцрпува и родителите и децата. Во прилог се совети како да им се помогне на децата со аутизам и нивните родители да го решат проблемот со спиењето
Клучни зборови:

image
/11


Децата со аутистичен спектар  меѓу многуте симтоми имаат и проблеми со заспивањето. Тоа ги исцрпува и родителите и децата. Поради недоволен сон како и сите ние тие се раздразливи, несконцентрирани. Проблем е што во исто време перципираат голем број на перцепции и немаат селектирање кои се приоритетни. Сето ова ги изморува и ги деконцентрира.  Многу специфичен симптом е и слушањето на звуци и тоа во исто време од различни извори на звук. И највобичаениот мал и за нас безначаен звук на нив може да предизвика раздразливост. Тие ги затвараат ушите со рацете. Децата со аутизам чувствуваат болка при слушањето на различни звуци.

Опишувајќи ги  овие симптоми кои се само еден дел од симтомите по кои се диференцира и аутизмот од другите специфични нарушувања сакам да дадам осврт на значењето и потребата од здрав мирен  осумчасовен сон кој децата со аутизам го немаат. Препораките за мирен сон и подобрување на спиењето на децата со аутизам се и препораки од Американската асоцијација на невролози. Тие препораки се објавени во многу списанија за неврологија. Кај децата тинејџери во времето на пубертетот проблемите со спиењето се чести но и од траен карактер, исто како што е сосотојбата со аутизмот - една доживотна состојба. Сето ова ќе резултира со една лоша здравствена состојба и квалитет на животот. Ова го тврдат и многу доктори  кои работат во Америка вработени во националните институции за ментално здравје. Некои проблеми со спиењето се поврзани со аутизмот, но некои и не. Симтомите на аутизмот можат да ја влошат состојбата со спиењето. Од  студии спороведени во 2017 година за проблемите со спиењето, а поврзани со аутизмот, кај децата тинејџери се констатираат четири различни проблеми.

1. Немање на желба за одење во кревет

2. Отежнато доаѓање на организмот во поспана состојба

3. Премалку и недоволен сон.

4. И како резултат  на недоволно спиење проблеми во  однесувањето во текот на денот, а кои се предизвикани од недоволниот сон и одмор на организмот.

 

Кога станува збор за проблемите со спиењето кај аутистичните деца и тинејџерите, лекарите даваат до знаење дека треба прво да се преиспита да не е таква состојбата поради употреба на лекарства или други медицински состојби. Останува да се потврди да не се проблемите со спиењето и од бихејвиорална природа.

Американската академија за неурологија препорачува  третмани  со следење на доследна рутина  на спиење. Времето за спиење да се поклопува со тоа кога детето е поспано и строга забрана на компјутери и телефони пред спиење. Ако сето ова не помага, тогаш под лекарска контрола се препорачува користење на фармаколошки мелатонин кој помага на мозокот и дава до знаење дека треба да заспиеме. Употребата на мелатонинот не се препорачува повеќе од три месеци. Докторите препорачуват дополнителни прегледи како би можел подолго време да се користи. Американската академија за неурологија истакнува дека користењето на посебни тешки покривачи и душеци нема да помогнат во заспивањето и во решавањето  на проблемите со заспивање. Негователите и родителите треба да се во тесна соработка со лекарите и да се пронајде начин кој ќе го подобри детскиот сон. Многу болести се поврзани со несоницата од неуролошки, оторониларинголошки и од апнеите - краткотрајното престанување на дишењето.

На Балканските простори каде се третираат проблемите со спиењето, е клиничкиот центар во Сплит. Во склоп на клиниката за детски болести е отворен –Центар за спиење или Медицина за спиење за деца до 18 години. Тука има посебна опрема  со кревети и специјална едукација на лекари специјалисти. Специфично во овој центар е дека децата кои имаат пореметување на сонот наутро се будат уморни и не им се знае точната дијагноза на многу од нив во почетокот на лекувањето. На ваквите уморни деца навечер во овој центар им се врши мониторинг во текот на ноќта. На овој начин се откриваат и дијагностицираат некои видови на епилепсија кои се случуваат додека детето спие. Како помошно средство за подобрување на сонот се прават и тампони по мерка  и на тај начин детално се врши прекинување на звукот. Овие тампони по мерка се околу 100 евра за двете уши.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

ВАКЦИНИ: Од што се прават и колку се безбе...
Вакцините содржат отрови, Вакцините предизвикуваат аутизам,Прават поголема штета од корист, се само некои од насловите ...
5
Бебе ја имитира бремената мајка!
На прашањето - Можеш ли да одиш како мама? - ова бебе започнува да оди како бремена жена. Погледнете
5
Совети за поздрав почеток на Новата година
Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо ва...
4
Црвено газе
Многу бебиња страдаат од пеленски осип. Со помош на овие совети црвенилото на газето брзо ќе го надминете.
3




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?