Најгенијалниот човек на ХХ век Алберт Ајнштајн бил познат како лош ученик. Во писмото кое му го напишал на својот син, Алберт го советува дека училиштето не е најважна работа
За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Алберт Ајншајн сакал да сонува и да одлута со мислите во тек на наставата, многу заборавал и често ги игнорирал своите школски обврски. Заради тоа многумина го нарекуваат лош ученик. Некои предмети му се допаѓале повеќе од останатите и нив им посветувал повеќе внимание, додека другите ги занемарувал.
Кога пораснал и станал родител, го застапувал ставот дека на децата треба да им се даде слобода да откријат што ги интересира. Своите синови Ханс Алберт и Едуардо, кој го викал Тете, ги поттикнувал да развиваат интереси кои не се поврзани со училиштето. По разводот со сопругата Милева, Ајнштајн останал да живее во Берлин, а неговите синови и мајка му живееле на релација Беч-Цирих.
Во писмото кое во 1915 година му го испратил на 11-годишниот Ханс Алберт, му советува да се држи до свирењето клавир и дрводелството, бидејќи тоа за него е и подобро од училиштето.
Мој Драг Алберт,
Вчера го примив твоето писмо и многу сум среќен заради тоа. Мислев дека повеќе нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих ми рече дека ти е чудно кога ќе дојдам таму. Заради тоа мислам дека е подобро да се наоѓаме на некое друго место каде што никој нема да ни пречи.
Без оглед на се, те молам секоја година да поминуваме цел месец заедно за да видиш дека имаш татко кој те сака. Од мене можеш да научиш многу работи. Она што го постигнав со напорна работа не е за странци, туку за вас, моите синови.
Драго ми е да слушнам дека уживаш во свирење на клавир. Според моето мислење, клавирот и дрводелството се најдобри работи за тебе, дури и подобри од училиштето.
Свири го тоа што ти се допаѓа, дури и ако професорите не ти даваат да вежбаш. Така најмногу ќе научиш, уживајќи во тоа што го правиш до таа мера што не забележуваш дека поминало времето. Јас понекогаш сум толку преокупиран со работата што заборавам да јадам.
Ве бакнувам тебе и Тете.
Тато.
Поздрав за мајка ти.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
МЕНСА препорачува: пуштете ги децата да ск...
Др. Ранко Рајовиќ, член на Управниот одбор на MENSA International препорачува: пуштете ги децата да се вртат додека им е...
4
Албумите со сликички – радост за сите гене...
Голем број детства низ повеќе генерации се обележани со собирање сликички и пополнување албуми. Единствено нешто кое е п...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 12.05.2013 во 10.20 ...
4
Како спортот влијае на здравјето на децата?
Спортот и редовната физичка активност се важен дел од здравото детство.
4