|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Во светот има голем број самохрани родители кои се соочуваат со предизвиците секојдневно самостојно да растат и воспитуваат дете/деца. Некои од овие родители добиваат делумна помош од поранешниот партнер, член на семејство или помош од државата

image
/11


 

Сите знаеме колку е тешко и скапо да се расте и воспитува дете. Знаеме за времето и енергијата што се вложуваат, жртвите кои се прават, скратувањето од од нашите лични потреби и самопожртвуваноста за да му се даде на своето дете. Повеќето од нас познаваат барем еден самохран родител и познато им е со какви предизвици треба да се соочуваат сами секојдневно. 
Секоја една мајка која родила дете и му го посветува животот на тоа дете, е своевиден херој, но кога таа жена го прави истото сама, има улога и на мајка и на татко, и на жена и маж во домот, тогаш со право може да се каже дека таа жена е жена херој. 
Една од нив е Теодора, мајката која отворено зборува за предизвиците со кои секојдневно се соочува како самохрана мајка во нашата земја преку својот инстаграм профил @dorss_single_mami. 


Рингераја:  Која е Теодора? Како би се опишала себе?

Теодора: Хмм... За себе имам да кажам дека сум борец, без да постигнам цел нема откажување! 

Рингераја: Колку е тешко или лесно денес во нашата земја да одгледуваш дете сама?

Теодора: Во нашата земја е многу тешко, без поддршка и помош од државата, се со сопствени раце, со полни очи осуди од луѓето околу нас.... е толку е тешко... 

Рингераја: Да зборуваш отворено за оваа тема верувам потребна е храброст. Колку време го водиш инстаграм профилот? Која беше твојата замисла за истиот? Дали ја остварува истата?  

Теодора: Воопшто и не ми е тешко, јас сум личност која што мисли кажува и поради тоа и не ми претставува проблем отворено да зборувам за себе и за својот живот, инста веќе две години го водам не за тоа да "солам" памет како е да си самохран родител или пак поради следбеници, го водам поради тоа што тука им давам слобода на говор на самохрани мајки, кои многу многу ми е мило што се советуваат до мене секојдневно.

kristijana

Рингераја: Кристијана, твојата ќеркичка е често на твоите постови преку кои се добива слика за една среќна, прекрасно воспитана млада дама, што значи дека ти одлично се снаоѓаш во твоите улоги кон неа. Сепак,позади сликата на инстаграм, во вашиот интимен семеен живот, во вашиот личен свет, со кои предизвици се соочувате и двете? Како Кристијана го доживува вашето двочлено семејство? Како влијае сето тоа врз неа?

Теодора: Со Кристијана зборувам од првиот момент отворено за целата ситуација, сеуште има и ќе има прашања потпрашања, нејаснотии во нејзината глава свесна сум, но јас градам цврста личност од неа, бидејќи кога ќе е свесна за ситуацијата да не се скрши едноставно да ја прифати реалност, зошто светот е сурово место, а јас сум мајка која ја подготвува за тоа иако е малечка, некогаш за некои работи поради другите треба да пораснеме побрзо....

Рингераја: Ти си вработена мајка. Имаш ли помош од некого? Сите оние моменти кога пример Кристијана била болна, носење на доктор, потребата да одиш до аптека додека истовремено мора да си тука до неа, како ги менаџираш тие моменти, кои верувам ги имало? Од кого имаш емоционална поддршка?Дали таткото е дел од сликата, од животот на Кристијана? 

Теодора: Имам родители кои вредат и вредат, кои сум горда што се мои родители, самото тоа ја покажува мојата емотивна, финансиска, физичка и психичка поддршка... таткото на Кристи е само фигура, доволно е да и дава љубов која секое дете ја заслужува, а за жал некогаш и не ја добиваат.... да бидам искрена имам и доволно поддршка од бабата (од татко и) и крајно сум и благодарам што во таква ситуација сеуште сме си во добар контакт, јас ја ценам и таа мене..... јас сум тука за Кристи, мојата рака секогаш ќе и биде пружена, моето рамо секогаш достапно, јас секогаш ќе сум и потпора во животот, нас две и не ни ни треба помош ние сме си добар "тим"
90% се во моја рака работите, секако јас сум личност која ги држи конците во животот... 

Рингераја: Дали нашата држава им излегува во пресрет на потребите на самохраните родители?

Теодора: Нашата држава можам да кажам дека е најмизерна кога се однесува за ранливите категории.... за жал има мајки кои ја немаат мојата среќа да имаат поддршка.... 

diorss

Рингераја: Како изгледа еден твој, еден ваш стандарден  ден?

Теодора: Неделен ден е ритуален ден, училиште, работа, обврски кои си ги делиме како мајка и ќерки, вечерните часови ги посветуваме за нас двете, разговараме се припремам за наредниот ден, стандар... Викендите ни се порелаксирани и сме си попосветени една на друга, исполнети денови, заедно шетате, готвиме, едноставно заедно уживаме во се.... ретко викенди да не сме заедно, каде јас таму и Кристи... 

Рингераја: Кој е најголемиот предизвик, најтешкиот дел од тоа да си самохрана мајка?

Теодора: Најтешко е делот кога следуваат прашања, зошто како и поради која причина мами?.....Кога се навикнуваме на нови ситуации, доаѓаме до нови предизвици, сепак живееме во примитивен град со "ниски" размислувања, но се тоа го поминуваме, си кажав добар тим сме си хаха.... 

Рингераја: Кој е твојот најомилен дел од тоа да си самохрана мајка?

Теодора: Тоа што сама си ја воспитувам, градам и растам во личност мојата Кристијана...

Рингераја: Што би им препорачала на жените кои немаат храброст да го превземат вистинскиот чекор, а се во лош брак со деца?

Теодора: Мое прво правило за да се одлучам на овој живот беше - Прво биди жена за да бидеш добра мајка... Децата сакаат да растат во љубов и хармонија, не се бориш ако живееш поради нив во дупка без светлина, тие чувствуваат кога во домот нема љубов...гради дом со љубов и разбирање, а не поради тоа и тоа, не за џабе си стојам до моето мото: Во животот добивате тоа што имате храброст да го побарате!

Мој совет барајте живот и среќно семејство, прво вие заслужувате насмевки и среќа за да им подарите на вашите најмили.... 

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Внимавајте што посакувате, може да Ви се и...
Еден ден, еден човек влезе во еден ресторан, во придружба на огромен ној...
5
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Што би променила во воспитувањето на децата?
Да можам да го вратам времето назад, сигурно како мајка би ги променила овие 9 работи!
4
Интервју: Елена Ристеска
Елена Ристеска, млада, убава, успешна, а толку скромна и мила девојка ни открива детали од нејзиното детство, односите в...
4




Анкета

Kolku?
Jana9

Kolku milenicinja imate vdomeno?

1 (38%)

2 (0%)

3 (0%)

4 (0%)

5 (0%)

Mnogu (62%)


Број на сите гласови: 8

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!