|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Освежувачите за просторија-опасни во здравјето!

Редакција Рингераја, 29.8.2013
Пред да ставите некој освежувач во штекерот, пред да испрскате во просторијата или да запалите миризлива свеќа, добро размислете! Освежувачите содржат фталати кои наводно создаваат аномалии, а можат да предизвикаат трајни дефекти кај новороденчиња!

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Изложеноста на овој отров наводно го намалува нивото на тестостерон и го намалува производството на сперма. Фталатите се чести предизвикувачи на астма и алергија.

Советот за одбрана на природните ресурси (NRDC) спроведе студија со назив “Чистење на воздухот”, во која се наведува дека 85% од тестираните освежувачи содржат фталати.

Во студијата се вклучени сите познати мириси кои најмногу се користат во домаќинството, бидејќи најмногу се рекламираат како “потполно природни и непарфимирани”.

Ниту еден од производителите на освежувачи не го класифицирал фталатот како опасна состојка, ниту пак на етикетите стои било какво предупредување.

Фталатите се естери на фталатната киселина и алифатските алкохоли. Се користат како омекнувачи за пластика, а можат да се најдат и во пластичните играчки, автомобилите, боите, пестицидите и во козметичките производи и парфемите.

Според истражувањето на NRDC, фталатите го попречуваат производствто на тестостерон, а се доведуваат во врска и со репродуктивни аномалии. Децата и новородените бебиња се особено чувствителни на овие токсини.  Државата Калифорнија регистрираше пет видови на фталати, од кои една е  100% присутна во освежувачите. Покрај тоа  се наведува дека отровите од освежувачот на воздух се поврзуваат со алергии и астма, пишува Телеграф.

 

Ова се ознаките за фталати:

DBP: Di-butil ftalat (предизвикува промени во нивото на хормони, виновен е за лош квалитет на спермата)
DEP: Di-etil ftalat (Се поврзува со промени во гениталниот развој.Се нарекува “репродуктивен токсин”)
DIBP: Di- izibutil ftalat (Има слични ефекти како DBP. Поврзан е со намалување на тестисите,  и ниско ниво на тестостерон.)

DIHP: Di-izoheksil ftalat (Токсин кој влијае на репродуктивниот систем кај мажите и се поврзува со дефекти при раѓањето и развојот).

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Запомни ги бебешките достигнувања лесно
Првата насмевка, првото превртување во креветче, првите зборови. Сите овие моменти се непроценливи за секој родител.
4
Зошто некои деца се разболуваат поретко?
Веројатно во вашето соседство или меѓу вашите пријатели постои дете кое скоро никогаш не е болно, додека сите околу него...
4
Работи кои не треба да ги загрижуваат роди...
Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи колку мајките се сензитивни во периодот по породувањ...
3
Како да не ги пренесеме нашите трауми на д...
Сите ние носиме дел од нашето минато, убави моменти, но и болни искуства.
3




Анкета

izberi planina
daniel



golak (20%)

pelister (66%)

sara (14%)


Број на сите гласови: 35

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!