vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
И тогаш всушност првпат ја изговори првата од низа подготвени реченици: “Кога ќе кажам да излезете од морето, има да ве видам како трчате накај дома!”
Наместо во 16, дојдовте на плажа во 18 часот наоружани со сите плажни реквизити, храна и друга опрема, како да освојувате нова планета. Тогаш по втор пат изговоривте нешто како: “Жими се, ако треба да ве молкнам надвор од морето, ќе ве откажам преку весник!”
Помеѓу паштетите и портокалите, палачинките со нутела и праските, уште два -три пати ќе им се заканиш да се пакуваат точно во 8 и ни минута подоцна, но бидејќи се затрчаа и зануркаа во морето, ве слушна само нивната задница. И бидејќи задницата слабо слуша, немаше фајде од тоа.
Во 7:30 ги интензивирап предупредувањата и полека ги собираш реквизитите по плажа, се натегаш со другите родители за кофичињата и лопатчињата, бидејќи реално ниту знает кое е од вашето дете, ниту пак ве интересира. Го собираш остатокот од храната и останатото ѓубре и се проколнуваш сама себе што толку многу работи спакува за на плажа. И додека ги фрлаш отпадоците, децата ги размолкнаа сите реквизити на плажа. Им псуеш, но тие те уверуваат дека само ја бараа направата за пумпање.
Одново ги собираш реквизитите, им го спомнуваш татко им и сиот негов род четири колена наназад, бидејќи некој мора да биде крив, нема сигурно ти да бидеш.
Ги викаш по име да излезат надвор од вода, го спомнуваш името на кучето, мачето и папагалот по навика, се црвенееш во лицето, им се закануваш со однемање на мобилниот, телевизија, вечера, им кажуваш дека ќе останат без кров над глава и без родители. Се е залудно кога повторно му зборуваш на нивниот задник. Тие нуркаат и не те слушаат, ниту пак ги интересира. Со останатите родители заклучувате колку ви е тешко и како ги слушавте своите старци, а не како денешниве деца.
Во 20:30 се откажуваш. Се капиш во сопствената пот, па се одлучуваш да се искапиш конечно в море, да нарачаш пиво во кафулето на плажа и да го гледаш заоѓањето на сонцето, а дечиштата нека нуркаат ако им се нурка.
Во оној момент кога се искапа и нарача пиво, сите колективно се створија пред тебе бидејќи се уморни, гладни, им се кака и сакаат дома.
Псуеш се по список ко најлош кочијаш. Во 21 часот доаѓате дома и им кажуваш дека за ова што ти го приредија ќе ти разбудиш во 6 часот со лупање во тенџериња.
Во 6 часот тие те будат тебе.
Ма се у...
Ајде пак од почеток.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е време да побарате помош ако бременоста не доаѓа?
Обидите за зачнување понекогаш траат подолго отколку што очекуваме. То...
Каде се се крие кофеинот освен во кафето?
Кога ќе помислиме на кофеин, првата асоцијација обично е кафето. Но, к...
Како да воспоставите здрав сон кај бебето?
Здравиот сон кај бебето не значи дека мора да спие цела ноќ без будење...
Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)
Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодни...
Колку расте бебето во второто тромесечје?
Второто тромесечје кое е од 14тата до 27мата недела, е период на интен...