|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Облеката и додатоците за бебињата се толку атрактивни и Вашето бебе може да изгледа толку убаво во нив, што едвај се воздржувате да не ја купите целата продавница.

image
/11


 

 

Родителите обожаваат да ги гледаат своите бебенца во убава облека и додатоци, но многу често тие можат да бидат опасни за нив.

Неколку препораки:

- Многу често мајките на бебињата им ставаат ленти за коса од траенина, или диадеми. Да, многу се убави, но постои опасност тие да го притискаат черепот и фонтанелата на бебето, а тоа е опасно. Да не зборуваме дека ако ставате такво нешто на бебето (тоа правете го само кога има повод – празник или роденденска забава), не треба да го испуштите од вид ниту секунда, бидејќи лентата може да падне да очите и носето и да му го отежни дишењето.

- Според истата логика, на бебето не треба да му ставате ѓердани и прстени. Првите – затоа што може да го притискаат вратчето и да го отежнат дишењето, а вторите затоа што бебето може да ги стави рацете во уста и да се задави.

- Воопшто не се препорачува бебето да има пристап до било какви ситни предмети кои би можело да ги голтне.

- После капење намачкајте го бебето со хидратантен лосион од вратчето надолу, а не на лицето. Пудрите и другите гранулирани производи исто така не се погодни за бебето, затоа што од нив остануваат честички кои бебето може да ги вдише.

- Што се однесува до облеката, треба да избегнувате облека која има украси – на пример ленти што се врзуваат околу вратот или половината, или пак отвори во кои детето може да го заглави прстето. Дрихерите се најпогодни за облеката на бебето, бидејќи другите може лесно да ги отцепи од облеката и да ги стави во уста.

- Облеката треба да биде широка и слободна за да не го стега бебето и да ја попречи нормалната циркулација на крвта.

- Се препорачуваат алишта од чист памук и т.н. органски памук. Волната не се препорачува за бебињата бидејќи лесно може да му ја раздразни кожата и да предизвика алергија на дишните патишта.

- Внимавајте на украсите и играчките кои ги ставате во креветчето на бебето. Тие треба да бидат безбедни, без копчиња и други ситниделови кои бебето може да ги откине и да ги стави во уста.

 

Неколку грешки кои е добро да ги избегнете:

1.      Не му ставајте постојано ракавички  на рацете, за да не се гребе. Бебето ќе се гребе само во првите неколку дена, но откако ќе му ги исечете ноктите, тоа нема да се случува. Постојаното  ставање на ракавици пречи на соодветниот развој на моториката кај бебето.

2.      Не го облекувајте бебето со премногу облека. Така може да го претоплите,а тоа ќе и штети на неговата кожа. Не му ставајте двојно повеќе облека, облекувајте го според себе и плус ставете му уште едно парче облека. Додека спие не го завиткувајте во кебе затоа што не само што ќе му биде топло, туку и ќе му го попречи слободното движење.

3.      Не го покривајте папчето на бебето со разни фластери, или памук затоа што кожата треба да дише и да зарасне за кратко време.

4.      Не го држете постојано во хоризонтална положба, бидејќи тоа само го зајакнува гастроезофагијалниот рефлукс (рефлекс кој прави дел од содржината во гастроинтестиналниот тракт да се враќа во хранопроводот, при што бебето повраќа). Најдобро е да го држите бебето во полуседната положба, или во Вашите раце во вертикална положба.

5.      Не престанувајте да го изложувате на сонце и да го изнесувате надвор на воздух, за да не настине. Бебето има потреба од секојдневна прошетка на отворено. Оставете го цел ден дома, ако надвор има силна снежна бура, или воопшто, ако временските услови не дозволуваат да се стои надвор.

6.      Не пушете во собата кај бебето. Тоа не треба да го правите не само додека е новороденче, туку и додека расте и се развива како дете. Кај детето, секојдневното изложување на цигари и чад има ризик од развој на алергии и инфекции.

7.      Не ставајте го да спие на стомак. Тоа е апсолутно забранета положна, ако бебето е само во собата.  Ставајте го на стомак само за време на секојдневната гимнастика, при тренирање на главата да стои исправена.

8.      Не ставајте му постојано да носи капче. Кога малото бебе го изнесувате надвор постојано треба да носи капа, независно какво е времето. Но тоа не важи и за дома. Покрај тоа внимавајте на изборот на капата, таа мора да биде од памучни материјали и да не го стега на вратот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Како да најдете педијатар за вашето бебе?
Изборот на педијатар е една од најважните одлуки што ќе ја донесете како нов родител.
4
Телесна тежина на новороденото бебе
Телесната тежина на бебето делумно зависи од тоа колкав е вашиот прираст на тежина во бременоста, а нормалната телесна т...
4
Знаеш дека си вистинска мајка кога...
Дали сте и Вие ваква мајка? :)
4
Како до мирен сон за бебињата и мајките?
Кај младото доенче најчестата причина за вознемиреност и плач се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првио...
3




Анкета

Koe e poubavo
HAPPY S

Za bebeto na moja drugarka,seuste nema ime :) bidejki nemozat da se odlucat seuste,pomegu nekolku,ve molam glasajte da go vidime mislenjeto na drugite,iminjata se moderni,a mene favorit mi e prvoto,no da go vidam i vaset_o mislenje

Ilaria (12%)

Klara (38%)

Fiona (9%)

Ilariona (2%)

Lorena (39%)


Број на сите гласови: 358

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!