|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Новороденче - од аспект на мама

Маргарита Каранфилов, 30.3.2021
@mamamegi за своето искуство по породувањето
Клучни зборови:

image
/11


 

Ако мислевте дека "маките" кои ги поминавте во бременоста завршуваат, сте се излажале. Слатките "маки" допрва почнуваат.
Најголемата и најслатка "мака" за мама и новороденчето е учењето како да го доите. 
Не знаете да се наместите во правилната положба, и Вие и бебето. Те боли грб, те болат брадавиците.
Па не знае или не сака бебе да цица. Па заспива на сред цицање.Страв ти е да не го засркнеш или задушиш.
Додека го доиш од едната града,од другата тече млеко. Блузата ја менуваш на пола саат бидејќи ти е мокра од млекото. Се редиш под бодито тетра пелени,некои си памуци кои се ставаат на гради,за да не ти претече млекото на блузата.
Качуваш температура и воедно и треска, градите ти се тврди. Не знаеш да се одмолзуваш. Пробуваш на разни начини, па се снабдуваш до три вида пумпи за одмолзување.
Или едноставно, немаш млеко и покрај сите обиди.
Купуваш едно вештачко млеко, па бебе не го пие. Купуваш второ, купуваш трето итн се додека не го најдеш "вистинското".
Стануваш ноќе неколку пати, или дремејќи да доиш или дремејќи да ја подготвиш ад формулата.
Бебе многу спие па си малку послободна за домашните обврски или за другите деца кои ги имаш, или бебе многу плаче. Пелената му е чиста, нахрането е, само што стана од спиење, и пак плаче. Не знаеш што му е, плачеш и ти со него. 
На крај краева и ќе го послушаш "советот" од свекрвата, да се носи на бајачка.
Не можеш да му најдеш асален памперс, некои пропуштаат, од некои се исфрла.
Пробуваш цуцла лажливка, велат таа е втората мајка.
Едвај го чекаш денот за контрола кај педијатар,да видиш колку напреднало и да прашаш се што не ти е јасно, иако претходно дома на нет си отворила 10000 статии или си пишала по форуми и групи.
Па те загрижува бојата на каката или дупчињата на главата. Појма немаш дека тоа се фонтанели и ги има секое бебе.
Не знаеш како или ти е страв да го искапиш тоа мало суштество ама сепак некако успеваш и уживаш во тоа.
И така трае запознавањето со бебето и се што е поврзано со него првите неколку месеци.
Истото важи и за бебето. И тоа допрва се запознава со новиот свет и можеби затоа толку спие или многу плаче.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Заушки, кои се симптомите и како се лекуваат?
Заушките се заразна вирусна болест која најчесто ги погодува слепоочните жлезди (париотидите). Иако денес се поретко сре...
6
Брачни правила кои треба да се прекршат – ...
Сопружниците би требало се' да прават заедно, да го надминат секое несогласување, а прита да не се скараат, да ја помина...
4
Дали е штетно децата да носат маска на учи...
Децата се вратија во училниците и многу родители имаат прашања за задолжителното носење маска за заштита од Covid-19. Да...
4
Криви заби кај децата
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може да доведе до разни проблеми со оралното здравје. ...
3




Анкета

Доење.
пеперутка16

Колку долго мислите дека треба да се дои едно дете?