|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Нестандардни начини на смирување на бебето

Редакција Рингераја, 28.11.2014
Понекогаш е многу тешко да ги смириме бебето кое плаче. Ако сте се обиделе со секакви методи, но безуспешно, пробајте некој од следниве. Можеби ќе помогнат

image
/11


 

Новородените бебиња плачат многу често и плачот не е испровоциран задолжително од нешто лошо. Тоа е начин бебето да изрази желба или потреба од нешто. Но сепак, кога бебето плаче, мајката сака да стори сé за да го смири. Нема ништо потажно за една мајка од неутешниот плач на нејзиното бебе

Понекогаш е многу тешко да ги смириме бебето кое плаче. Ако сте се обиделе со  секакви методи, но безуспешно, пробајте некој од следниве. Можеби ќе помогнат


Масирање на зоната на челото меѓу очите

Сосема нежно со прстот можете да направите масажа  во зоната на челото на бебето, токму меѓу очите. Правете ја оваа нежна масажа додека бебето не престане да плаче. Не е познато зошто, но овој метод е многу ефикасен.


Преместување во темна соба

Обидете се да го лулате бебето во раце сосема малку, пеејќи му или зборувајќи му, како и обично, но постепено преминете во просторија со слабо светло. Намалувањето на светлината автоматски го тера детето да се смири и да заспие.


Ритмичко тапкање

Галењето по грпчето и ритмичкото тапкање делуваат смирувачки на нервниот систем.

 

Разладена преварена  вода

Ако бебето плаче заради колики, држете до неговиот кревет шишенце со разладена преварена вода. Давајте му да пие по малку и ќе се смири. Преварената вода делува многу релаксирачки на стомачето на бебето.



Мирисот на мама

Бебињата многу се потпираат на познати мириси, бидејќи останатите сетила не им се доволно развиени. Бебето инстиктивно учи да го препознава мирисот на сопствената мајка, па затоа и често се смирува во нејзино присуство.

Оставете парче ткаенина или ваша облека во креветчето на бебето, за да може полесно да се смирува кога ве нема. Така ќе бидете со него во текот на целата ноќ и тоа ќе спие мирно.



Тупкање со топка

Чуден метод, но кај некои бебиња делува. Додека бебето плаче од грчеви  во стомачето или заради некоја друга причина, земете го во едната рака, а со другата тупкајте топка.

Рамномерното и постојано тропање од топката му помага на бебето да го одвлече вниманието од она што го мачи. Истовремено со оваа вежба изговарајте го приспивниот  звук "шшш ...".

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Храна која е опасна за бебињата
Воведувањето на цврста храна е важен чекор во развојот на бебињата. Постојат производи кои можат потенцијално да предизв...
4
Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Каков е имунитетот во првата година од жив...
Докторите направиле тест кој открива колку е силен имунолошкиот систем кај бебињата при раѓањето и колкава е веројатност...
4
Прекин на доењето - I дел
Одбивањето е дел од природниот тек на доењето и една од многуте стапки во растењето на детето и одделувањето од Вас. Сла...
4