|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Најслатко решение за смирување на кашлица

Редакција Рингераја, 21.11.2014
Уште една причина повеќе за почесто да јадете чоколадо е неодамнешното истражување на Британскиот национален здравствен сервис, кој потврдува дека чоколадото помага во смирување на хронична кашлица
Клучни зборови:

image
/11


 

Истражувања за влијанието на теоброминот на кашлицата

Во истражувањето за влијанието на теоброминот на сува кашлица 300 британци биле лекувани со горчливото соединение, во текот на 14 дена. Дневната доза на која биле изложени пациентите била 1000 мг. Раните резултати покажале олеснување и намалување на кашлицата кај 60% од пациентите. Во друга студија, спроведена од  страна на лондонскиот национален институт за срце и бели дробови, откриено е дека теоброминот го блокира делувањето на сензорите во мозокот кои поттикнуваат кашлање. Блокирањето на сензорните нерви го запира рефлексот на кашлање. Студијата покажала поголема ефикасност на теоброминот во однос на кодеинот, во лечењето на хронична кашлица.

 

Теобромин од какаото

Теоброминот е горчливо соединение, деривирано од какаото, исто така познат и како ксантеоза. Освен во чоколадото, теоброминот се наоѓа и во други прехранбени производи, кои содржат какао. Количината на теоброминот во какаото во прав варира од 2-10%. Поголеми концентрации има во темните чоколада, отколку во млечните.

Количината на теоброминот во 100 гр. темно, незасладено чоколадо изнесува околу 1600 мг. ,  во 100 гр. темно засладено чоколадо изнесува  500 мг., додека во млечното чоколадо има само 200 мг. теобромин.

Теоброминот се користи во модерната медицина од почетокот на 20 век. Заради диуретичните својства и својствата на вазодилатација или проширување на крвните садови, се користи за снижување на крвниот притисок.

Освен теоброминот, чоколадото е вреден извор на фитохемикалии, антиоксиданси и полифенол, кои имаат низа на поволни дејства на здравјето на човекот. Но сепак, чоколадото не е трајно решение, бидејќи голема е веројатноста кашлицата да продолжи по завршетокот на “чоколадната терапија”.

Ако ве мачи сува, надразнувачка кашлица, неколку редови чоколадо дневно може да ја ублажат. Доколку кашлањето не запира, ви пречи во спиење или извршување на дневните активности, не одложувајте посета на лекар.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мајчинството и стресот: како да најдеш вре...
Мајчинството е прекрасно, но и исцрпувачко патување.
3
Несовршено, но вистинско
Во денешно време се повеќе гледаме фотографии од „идеални“ фамилии секогаш насмеани, средени и хармонични. Така е лесно ...
3
Што кога носето е затнато?
Зимата е сезона на настинки, а инфекциите на горните дишни патишта кај децата се многу почести отколку кај возрасните. Д...
3
Се` уште користите еднократни пелени? До к...
Погодноста на пелените за еднократна употреба до тој степен им олеснува на родителите што тие имаат тенденција да ја кор...
3




Анкета

zenski iminja
bate

ke ime poveke vi se dopaga:

Mila (48%)

Lena (20%)

Lana (32%)


Број на сите гласови: 241

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!