|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

me_mother_of_three: Мојата приказна за доење

Марина Кљајиќ Петковски, 4.8.2021
Во чест на Неделата за подигање на свеста за доењето, сакам да ја споделам со вас нашата приказна за доењето. Велам нашата, а не мојата, зошто секоја мајка знае и секоја идна ќе открие дека доењето е двонасочна врска, единствената, посебна и уникатна

image
/11


Најпосебната, најубавата, најдлабоката врска, за која нема збор со кој вистински би се опишала. 

Ова е приказна која е многу повеќе од само приказна за исхрана. Тоа е приказна за многу длабоки емоции, за бројни неспани ноќи, за многу солзи и многу насмевки, за бројни обиди, за борба со бројни падови и дупло толку триумфи, за истрајноста и неоткажувањето, за себепреиспитување, за надеж, за вера, едноставно приказна за љубов, вистинска, чиста љубов! 
Ова е приказна за посебната врска што ја имам со секое мое дете преку доење. 
Имам три деца. Ги доев сите три. 
Одлуката да дојам не можам ни да ја наречам одлука, зошто никогаш не сум ја ставила под знак прашалник. Едноставно, знаев дека доењето е нешто природно, следното нешто кое доаѓа после породувањето. 
Подготовена бев за оваа улога уште од девојка. И после толку години, јасно ми одѕвонува гласот на мајка ми која ми вели - " најубавото нешто што како жена ќе го доживееш се моментите кога ќе го држиш своето бебе во прегратка и ќе го доиш". И после толку неописливо убави искуства кои како мајка ги доживеав, се согласувам со зборовите на мајка ми. Жал ми е што немам можност да и кажам дека била во право :( Но, затоа ви кажувам вам - идни мамички - нема ништо поубаво од тој момент, навистина.

Времето во кое го доев секое мое дете беше скапоцено, а врската која ја имав со секое едно беше уникатна. 
Доењето е една од најприродните нешта на овој свет, но, за жал, не доаѓа природно за сите мајки и бебиња. Понекогаш е лесно, а понекогаш е една од најпредизвикувачките нешта што ќе ги правите како мајка. 
Моето прво дете го добив во втора бременост, после еден спонтан абортус. 
Не можам да кажам дека имав совршена бременост, но едно нешто што верував дека ќе е совршено, беше доењето. Колкуу не сум била во право! 
Прв пат станав мајка. Имав 25 години, рана од царски рез, игли со инфузии во рацете, новороденче кое постојано спиеше и кое редовно го хранеа од шприц, кое не знаев ни да го држам со сите тие болки кои ми го жареа телото, болни гради од млекото кое надоаѓаше и еден тон прашања... 
Заминав дома со бебе старо 4 дена. Бев неспремна. Исплашена. Преплашена! Збунета. Ме болеше с? - раната, градите, брадавиците, фактот дека таа заспива по кратко време откако ќе ја ставам на града, измолзувањето. Беше толку многу различно од она што замислував и очекував.
- Јади повеќе за да имаш млеко, пиј повеќе за да имаш млеко. Чај за доилки, боза, не смееш ова и ова за да нема грчеви... Дој ја по распоред. Буди ја во одредено време. Не се буди заспано бебе. Следи како напредува во тежина. Следи колку пелени полни. Едно доење само од една града. Запишувај кога и колку време си доела. Дај вода. Не давај вода. Дај АД. Не давај АД... 
И правев се што ќе прочитав или ќе слушнев. И се сум правела погрешно.
Но едно нешто што било исправно е упорноста. Никогаш не се откажав од доењето. И кога брадавиците ми крвареа и болеше и плачевме двете. И кога мислев дека немам доволно млеко и се молзев за да запишам колку милилитри давам во шише. И кога сметав дека треба да и додадам АД. И кога воведов цврста храна. И кога болеше зошто ? израснаа првите запчиња. 
И гледано денес, с? уште до солзи се сеќавам на овој период, во кој уживањето го заменив за стрес и солзи. Што од страв дека бебето ми е гладно, понудив АД. Што се прекорував дека сум лоша мајка за истото. Но сега знам дека тоа е вистинското лице на мајчинството. 
Со второто дете, беше многу полесно. Вистина е тврдењето дека градите помнат. Уште во родилиште замолив да не му нудат храна од шприц и деноноќно го држев син ми во прегратка и го доев.  Иако и тој дојде на свет со царски рез, не беше поспан како ќерка ми. Од прв допир со градата беше лаком цицач. Го доев 18 месеци, кога бев принудена да го одбијам зошто забременив со третото. Мхм, потврдувам и јас - доењето не е контрацепција.

И со најмалиот син имаме 18 месечна доенечка приказна. 
Доев секогаш кога ќе посакаа и секаде каде сме се нашле во тој момент. Доење во јавност? - О, да, дефинитивно! 
Освен што нема ништо поубаво за мајка од тоа да дои дете, нема ништо поприродно од тоа мајка да дои дете! 
Колку и да беше тешко, сепак, најтешкиот дел, посебно за мене, беше моментот на прекин на доењето. 
Но и тоа е дел од мајчинството. Бебињата растат и оние драгоцени моменти, кои иако не беа ни малку лесни, остануваат засекогаш како едни од најубавите сеќавања од мајчинството. 
До секоја една мајка, доилка, идна мајка - што и да одлучиш, ти го правиш најдоброто за своето дете!
Тешко ти оди со доењето? - само биди упорна и не откажувај се!
Мораше да се откажеш од доење? - важно е дека си се обидела и знаеш и сама дека даде с? од себе!
Реши да не доиш? - сигурно тоа е одлука која си ја донела со причина и дефинитивно мајчинството е мноогуууу повеќе од доење!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кортикостероиди за дерматолошка примена
Кога ќе се спомне кортикостероид, кај родителите веднаш се појавува страв, недоумица и се поставуваат безброј прашања - ...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Се за новите Evy baby пелени
Единствени пелени кои се потврдени од страна на мајките дека остануваат суви, со крем кој е одобрен од страна на Здруже...
3
Нахранете го бебето со задоволство
Воведувањето на нова храна кај бебињата од шест месеци може да биде вистинска мака. Се' што е погусто од млекото е висти...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?