|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Малку за дебелеењето …

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Пред да останете бремени, можеби само сте ги броеле калориите, но сега мора добро да внимавате што јадете.
Клучни зборови:

image
/11


Пред бременоста можеби (само) сте ги броеле калориите, а сега морате и добро да внимавате што јадете. Диети за време на бременоста не се препорачуваат, бидејќи не се безбедни. Мора да се здебелите, затоа што мора своето тело да го подготвите на исхрана и раст на бебето. Новороденчето е тешко само 3 или 4 килограми, а вие ќе се здебелите многу повеќе. Количеството на крв во телото се зголемува за околу 50%; во телото има многу течности и ткива, кои го потпомагаат правилниот раст и развој на Вашето дете. Ако не се здебелите доволно, Вашето дете може да има прениска тежина. Бебињата кои не се потешки од 2,5 кг се изложени на различни болести и проблеми во развојот.

Моментално се препорачува идната мајка да се здебели во бременоста околу 11-16 кг. Многу млади, а и многу слаби жени најверојатно ќе се здебелат околу 14-20 кг. На жените со преголема тежина им препорачуваме да не се здебелуваат повеќе од 14 кг.

Во бременоста телесната тежина не се зголемува рамномерно. Во првото тромесечје расте многу полека, килограм или два месечно. Во следните шест месеци ќе добивате приближно околу пола килограм неделно. Многу е важно тежината да ја добивате полека и рамномерно. За секоја неочекувана промена на тежината морате да се јавите на својот гинеколог.

Кога ќе ослабете?

Првата недела после породувањето ќе изгубите околу 6 кг. Потоа за брзо губење на тежината ќе помогне поголема активност, доење и ноќно станување. Со нормална исхрана не мора да се плашите дека нема да ги изгубите вишокот на килограми. Ако го доите своето бебе, килограмите ќе исчезнуваат без диета.

Дел од добиената тежина во бременоста се чува како резерва за доење. Дневно Вашето тело од таа резерва ќе потроши околу 100 до 150 кило калории за производство на млеко.

Не заборавајте:
- плацента: 1,2 кг,
- плод: 5,1 кг,
- крв, дополнителна течност: 3 кг,
- матка, гради, задник, нозе: 2,7 кг,
- течност: 1,5 кг.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

НОВА ГЕНЕРАЦИЈА на препарати за здравје на...
Уникатна колекција на протеини и аминокиселини, кои се градежни блокови неопходни за здравјето на зглобовите. Формулата ...
3
Хуморот на Сашко Коцев на Златна Буба Мара
Епизода БАРОК. Смеа до солзи
3
Која е новата љубов на Тони Цетински?
По пријателскиот развод од Ивана Нобило, хрватскиот крал на поп музиката има нова љубов
3
Фотографии од венчавката на Ламбе
Венчавка како од бајките! Погледнете ги фотографиите
3




Анкета

da izbereme ime za naset_o since
anete

MOZE I NEKOJ VAS PREDLOG ZA MASKI IMINJA.

aleksej (39%)

maksim (44%)

alen (16%)


Број на сите гласови: 160

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!