|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мајки и ќерки - постои ли идеален однос?

Редакција Рингераја, 8.6.2015
Премногу љубов, недоразбирања, конфликти ... Односите меѓу мајки и ќерки ретко се смирени, а никогаш рамнодушни
Клучни зборови:

image
/11


 

Што треба да знаат мајките?

Вие секогаш ќе бидете модел за вашата ќерка, но за да го најде таа својот пат, има потреба порано или подоцна да ве "стави под прашање" - ова е нејзиниот начин да се оддели психички од вас. Бидете сигурни дека вие сте првата нејзината љубов и врската ќе постои, додека сте живи.

Тинејџерската криза е апсолутно неопходна за еманципирање на вашето девојче и треба да ја поднесете мирно. Таа не е насочена против вас. Продолжете да ја сакате и не мислете за себе.

Што треба за да ја разберете ќерката?

Мајките секогаш се загрижени за своите ќерки. Тоа е вознемирувачки, но и нормално. Вашата мајка не е поинаква - и таа се стреми да го направи најдобро за вас. Таа сака вие да го постигнете она што го таа немала, мечтае да имате исклучителна среќа.

Мајка ви страда кога ја "отфрлате". Таа има желба да постигнете самостојност, но сака се уште да имате потреба од неа.

 Ве сака, понекогаш претерано, но ако нејзиниот живот не е премногу исполнет со тешкотии, таа секогаш ви стои на располагање. А еден ден, кога и вие ќе имате дете, ќе разберете колку е тешко да бидеш "идеална" мајка.


7 совети за мајката за повеќе љубов

 Отстапете ако ќерка ви сака да се дистанцира од вас и се стреми кон самостојност. Прифатете ја оваа психолошка дистанца - тоа е од витално значење за девојката.

 

    Бидете до неа, ако тоа и'е потребно, но не се вметнувајте во нејзиниот живот. Ваша задача е да се приспособите кон начинот на комуникација, кој и се допаѓа.


    Не барајте премногу. Ако нејзиното однесување ве повредува, поставете си го прашање: "Што очекувам од неа?" Таа нема да може да ви даде она што не сте го добиле од мајка си.


    Не играјте си нејзина пријателка. Разликата меѓу генерациите е незапирлива. Се разбира, желбата да останете млада и атрактивна не може да и наштети. Но избегнувајте да влегувате во конкуренција со неа.


    Живејте го сопствениот живот. Не станувајте и легнувајте со нејзиното студирање, успеси, тешкотии, љубови, со нејзината среќа. Оставете ја да преземе одговорност за своите постапки и размислете за сопствениот живот. Потребни ви се други интереси, инаку може да личи дека ја задушувате.
    Имајте доверба во неа и не и ги пренесувајте вашите сопствени стравови и грижи. Таа ќе води живот, каков што смета дека е добар за неа.
    Не и ги наметнувајте вашите желби. Прифатете дека таа е различна од вас. Почитувајте ги сопствените аспирации.


7 совети кон ќерката за повеќе љубов

    Помислете што ви дала мајка ви и колку тоа ви помогна во животот. Дајте си сметка и за тоа што не можела да ви даде и што ви недостасува денес.


    Разликувајте ги добрите од лошите страни. Научете објективно да ги оценувате работите. Дознајте ја разликата помеѓу "добрата" и "лошата" ви мајка - кај неа има и од двете.
    Прифатете ги чувства кон неа. Не бидете жртва на чувството на вина, кога се лути за нешто. Сето ова е сосема нормално. Ако ја сфатите оваа реалност, ќе ви олесне на срцето.
    Не очекувајте од неа повеќе отколку што може да ви даде. Мајка ви го прави најдоброто за вас. Време е да станете трезвена и да не го барате невозможното.


    Разговарајте со неа. И таа има своја историја со својата мајка и можеби во вашите односи се повторува нешто од детството. Ако не ве сака онака како што сакате, тоа не значи дека не ја заслужувате нејзината љубов.
    Ослободете се од зависноста. Тешко и е да ви прости, бидејќи се плаши дека врската ќе биде прекината. Вие треба да ја покажете дека растојанието помеѓу вас не води до рамнодушност.
    Чувајте го својот внатрешен свет за вас. Ако таа се меша премногу и ви дава совети кои не ги сакате, или пак ви поставува прашања на кои не ви се одговара, не дозволувајте да ве обземе чувство на вина. Вие го живеете својот живот, а не нејзиниот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
8
Со Вас е лошо, а со другите добро?!
Сте забележале дека Вашето дете се однесува полошо со Вас отколку со другите лица? Во градинка може да биде мирно и да ...
4
Како да неутрализирате тантрум на јавно ме...
Вашето дете има тантрум на јавно место. Чувствувате дека сите гледаат директно во вас, а вие претпоставувате дека се пра...
4
Поддршката родител - дете е во взаемна корист
Секоја работа со својата тежина без разлика дали си во работен однос или си домаќинка обврските се тие - понекогаш погол...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?