Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Се' беше во ред со бременоста на Кели, па воопшто не помислија дека нивното бебе Грејс Маркес, ќе пристигне неколку дена подоцна и тоа баш на 13 Февруари. “Јас секогаш велев дека нема да задоцни 9 дена”, вели Кели. Очигледно, никој не го кажал тоа доволно гласно, за да ја пренесе пораката до Грејс Маркес.
“Беше прекрасно да се слави нашиот заеднички роденден”, вели Даниел Маркес. “Потоа кога излезе и кога ја слушнавме како плаче, тоа беше најдобриот подарок што некој може да го добие”, вели тој.
“И токму за денот на вљубените Св. Валентин, имавме толку многу љубов”, вели Даниел.
Случајот на Маркес е еден во милион случаи. Прочитајте за најчудните совпаѓања во светот:
Мајка која родила деца на 10/10/2010, 09/09/2009 и 08/08/2008
Барби Сопер од Рокфорд, Мичиген, го родила своето прво дете на 8. Август, 2008, - точно на предвидениот датум.
Вториот пат, предвиделе дека ќе се породи до 20. септември 2009 – а се породила на 9. септември 2009 година. Следната година, нејзиното трето дете требаше да се роди на 4. ноември, но тоа се случи порано, на 10. октомври 2010година. Ова чудо се случува еднаш во 50 милиони случаи.
Бебе родено во 11:11 часот на 11/11/11, од ветеранка, на денот на ветераните
Џејкоб Ентони Сејде е роден во 11:11 предпладне, во петок 11. ноемрви 2001, на денот на ветераните. Мајката на момчето е ветеран во воздухопловните сили, а таткото моментално е вработен во воздухопловните сили.
Три деца родени во три престапни години
Кетрин Кенриксенод Норвешка е забележана во книгата на Гинисови рекорди како единствена во светот која ги родила своите 3 деца во три последователни престапни години: 1960,1964 и 1968 година.
Мајка која по првото бебе, родила близнаци, па потоа тројка
Наташа Вилсон од Бафало, Њујорк најпрво го родила Никола. Потоа, на свет дојдоа близнаците Џејмс Јуниор и Исаија. Потоа дојде тројката, Тајлер, Габриел и Лукас во јуни 2010 година. Докторот на Наташа вели дека тројка се случува еднаш на 7000 случаи, но никогаш не видел ваков случај.
Пет членови на едно семејство имаат роденден на ист ден
Анита Маршал е родена на 29. март 1940 година. Таа ја родила својата ќерка Алиша Бамс исто така на 29. март. Потоа внукот на Анита, Еди, е роден на истиот датум. Потоа вниката на Анита, Сидни и на крај Мила која е родена на 29. март 2010 година.
Три деца родени на ист датум, со разлика од 14 години
Мартин и Ким Меккиел од Глочестер, Велика Британија го имаа својот прв син, Робин, на 29. јануари 1994 година. Точно по две години се роди нивната ќерка Ребека. И потоа, 12 години подоцна, се роди Руби на 29. јануари 2008 година. Професорот Бил Нотз, од униветзитетот во Охајо вели дека шансите да се има три деца родени на ист датум, се 7.5 на 1 милион.
Три пара близнаци родени во различна години
Три мајки кои се породиле на новогодишната ноќ, родиле близнаци од кои едното е родено во 2011, а другото во 2012 година. Едни од близнците, Џена и Леа од Флорида биле родени, едната во 11:59 пред полнок, а другата точно на полноќ.
Бекет и Фреја, биле родени со ралика од 6 часа во Минеаполис, едното на 31. декември, а другото на 1. јануари
Близначки кои своите деца ги родиле со неколку минути разлика
Близначките Еми Гилберт и Алисон Оливерио ги родија своите деца на разлика од 14 минути, во истата болница во Мичиген во јануари 2011.
Баба, мајка и ќерка... и доктор родени на ист ден
Мајката на Идахо, Никол Барнс, која е родена на 1. ноември и чија мајка е родена на 1. ноември, го родила своето дете на 1. ноември 2011 година. Др. Трвор Робинсон, кој го донесе на свет бебето, исто така е роден на истиот датум.
Дедо, татко и син родени на ист датум
Бенџамин Фокс од Родфорд, Есекс е роден на 8. мај 2010 – истиот датум како неговиот татко Ли и дедо му Хери. Ваков случај може да има еден на 272 910 случаи.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Кога да имате уште едно дете?
Admin
Идеалната разлика помеѓу браќата и сестрите.