vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Покрај тоа што Ви се чини дека е најдобро решение, веројатно сметате дека песокта и камчињата се стерилни бидејќи сонцето ги убило сите бактерии? Но кога детето ќе добие осип или некакво воспаление, работите повеќе не се толку едноставни.
Плажата не е стерилна
Приказните за стерилноста на песокот или камчињата на плажа се лажни. Всушност топлината и влагата се идеални услови за развој на бактерии кои можат да допрат и до половите органи, да влезат во телото преку мочните патишта и да доведат до циститис, односно воспаление на мочниот меур. Спектарот на непожелни микроорганизми кои детето може да ги собере на плажа е голем, од глисти и гливички, па се до болести кои се пренесуваат по полов пат. Но ако детето носи гаќички, можноста да се зарази со нешто е рамна на нула.
Симптоми на циститис
Првите симптоми на воспаление се болка во долниот дел на стомакот, чувство на нелагодност и пецкање при мочкање. Ако забележите такви симптоми кај детето, веднаш посетете лекар. Веројатно ќе добиете антибиотик. За побрзо оздравување важно е да ја зголемите циркулацијата во тој дел на стомакот, па потребно е подрачјето околу стомакот да биде топло. За таа цел дозволете му на детето да ужива на сонце во доцните попладневни часови.
Испирање на мочниот меур со течности
Водата, сокот или чајот ќе ги исперат бактериите од мочниот меур и нема да им допуштат да се рашират по мочните патишта, па воспалението да се искомплицира. Најдобро е што почесто да го нудите детето со обична вода, свежо цедени сокови или чај од брусница.

Гаќичките штитат од повреда
Нема сомнеж дека ќе го пуштите детето да биде некое време голо на плажа. Можеби не е лошо да му ги соблечете гаќичките кога влегувате во вода, а потоа повторно да му ги облечете суви. Гаќичките ќе ги заштитат половите органи на детето од повреди со камчиња или гранчиња или можни изгореници од сонце.
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Безбедно разладување на просторија каде што спие бебето
Во топлите летни денови, високите температури можат да бидат непријатн...
Слатки или кисели јаболки, кое за што е најдобро?
Јаболката се едно од најздравите овошја и заслужено го носат епитетот ...
Вистинската паста за заби за вашето дете
Грижата за детските заби започнува уште со појавата на првото запче. ...
Бартолиновите жлезди се мали жлезди кои се наоѓаат во женскиот репроду...
Промената на улогите во семејството низ генерациите
Семејството отсекогаш било темел на општеството, но неговата структура...